76 години од основањето на Стопанска банка АД - Скопје
29.12.2020
76 години од основањето на Стопанска банка АД - Скопје
Почитувани,
Годините со себе носат искуства, премрежја и предизвици, некои големи некои мали, индивидуални или колективни. Сепак, со себе годините носат и остварени успеси, гордост и традиција која се пренесува на генерации. Пред 76 години формирана беше Банката која денес е Стопанска банка АД – Скопје, Банка со која соработува секое наше семејство и најголемиот број компании од нашата земја. Секоја година, роденденот на Банката го користиме како повод да ја изразиме нашата благодарност за заедницата од која потекнуваме и да ја зајакнеме нашата поврзаност со граѓаните и компаниите.
Оваа година, во знакот на борбата со covid-19 покрај претходните донации дадени во екот на пандемијата, деновиве повторно дониравме и опрема за ЈЗУ Здравствен дом – Скопје за видео надзор и геолокација на возилата на Брзата помош што знаеме дека ќе биде од големо значење за стручниот кадар, но и за пациентите кои имаат потреба од нивните услуги.
Дополнително, сакаме да ја поздравиме и солидарноста која нашите вработени ја покажуваат посебно оваа година со своите сограѓани. Имено Синдикатот на вработени во Стопанска банка АД – Скопје деновиве подели 320 новогодишни пакетчиња во повеќе градови, разубавувајќи ги празниците на децата кои најмногу заслужуваат да се радуваат со почетокот на Новата година.
Бидејќи поговорката вели дека секој сон запишан на хартија со датум за остварување станува цел, ве повикуваме да ја почнете годината планирајќи како да ги остварите вашите соништа во Новата година. Посетете ја нашата виртуелна честитка и испратете си порака самите себеси во иднината како поттик и потсетување за остварување на целите. https://nasa2021stb.mk/
Ја испраќаме годината 2020та која ќе остане запаметена по пандемијата со позитивни мисли и надеж за подобра иднина за сите. Среќни празници, многу здравје и семејна среќа.
Стопанска банка АД – Скопје
76 години на Ваша страна
Фотографии од посетата на нашите колеги на:
- Искра, Штип
- Некус, Штип
- Детска болница, Штип
- ЈУ Центар за социјална работа, Кратово
- ЈУ Центар за социјална работа, Пробиштип
- ООУ Браќа Миладиновци, Пробиштип
- Црвен Крст, Пробиштип
- Завод за рехабилитација, Скопје
- Детска Клиника Скопје, оддел. Имонологија
- ЈУ Дом за доенчиња во Битола
- Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост- Гостивар
- ОЈУДГ 7 Септември, Пехчево
- Мал Групен Дом, Берово
- Дневен Центар, Берово