25 години од основањето на Македонската берза
22. 4. 2021
25 години од основањето на Македонската берза
Деновиве се одбележува јубилеј кој има големо значење за развојот на финансискиот сектор во нашата земја – 25 години од основањето на Македонска берза.
Улогата на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.
Стопанска банка АД – Скопје е дел од овој јубилеј затоа што котира на Македонската берза од трансформацијата на Банката во акционерско друштво во 90тите години од минатиот век. Денес, Банката има издадено речиси 18 милиони хартии од вредност со што е една од најголемите акционерски друштва во Македонија. Со години наназад, Стопанска банка АД - Скопје е најпрофитабилната банка во земјата, која придонесува во одржување на јак банкарски ситем и стабилна берза. Истовремено, Стопанска банка АД - Скопје е и Банка со најголема пазарна капитализација на Берзата и една од десетте најбонитетни компании кои го креираат берзанскиот индекс МБИ-10. Успешната соработка помеѓу Македонска берза и Стопанска банка АД - Скопје, веќе 25 години ја оправдува довербата на инвеститорите и ќе продолжи да го потврдува нивниот интерес за вложување.
Успехот на Македонска берза во овие 25 години е резултат на посветеноста и ентузијазмот на цела плејада професионалци што во изминатите години биле дел од одборот на директори, извршниот менаџмент и вработените на Берзата. Затоа, Македонска берза денес е високопрофесионална и транспарентна институција, еден од столбовите на пазарот на капитал и еден од основните чинители на финансискиот сектор во земјата. Дополнително, во изминатите години направени се значајни чекори за меѓународнто и регионалното интегрирање на Берзата и пазарот на капитал што отвара нови можности и потенцијали за нашите компании и инвеститори. Па оттука, уверени сме дека и понатаму Берзата ќе продолжи успешно по патеката како и досега, и сите наредни јубилеи ќе може, да бидат славени од идните генерации со достоинствено и со гордост за постигнатото.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна