Заштита на лични податоци
Барање за остварување права на субјектот на лични податоци
Барање за остварување права на субјектот на лични податоци
Согласно Глава III (член 16 – член 27) од Законот за заштита на лични податоци, субјектот на личните податоци има одреден сет на законски права кои Банката целосно ги почитува. Конкретно, станува збор за следните права:
- Право на информации и пристап до лични податоци,
- Право на исправка и бришење, како и право на ограничување на обработката,
- Право на преносливост на податоците,
- Право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки.
Она што е важно да се напомене е дека овие права се контекстуални, односно не се апсолутни и содржат одредени ограничувања. На пример, правото на бришење на личните податоци може да се исполни само доколку се исполетни условите од член 21 од Законот за заштита на лични податоци. Или пак, правото на преносливост на податоците се однесува на оние лични податоци кои субјектот ги има дадено на Банката и е остварливо доколку истите се обработуваат врз основа на дадена согласност (што не е најчесто случај во финансискиот сектор) и остварувањето на ова право не смее да влијае негативно врз приватноста на други физички лица. Имајќи го сето ова предвид, пред било кое поднесување на Барање се препорачува претходно заинтересираните субјекти да се консултираат со Офицерот за заштита на личните податоци на Банката или пак да го консултираат Законот за заштита на лични податоци.
На секое целосно и соодветно поднесено Барање за остварување на некој од горенаведените законски утврдени права, Банката ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на Барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 30 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително Барателот ќе биде известен).
Барањето за остварување права на субјект на лични податоци можете да го поднесете на адреса „ул. 11 октомври, бр. 7, 1000 Скопје“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или да го пополните Барањето, да го скенирате и да го испратите електронски, на е-адресата privacy@stb.com.mk. Дополнително, Барањето може да го поднесете и телефонски преку пријава во Контакт центарот на СБ на 02/3100-109 при што ќе се верификува Вашиот идентитет и Барањето ќе биде препратено до Офицерот за заштита на лични податоци.
Барање за остварување права на субјектот на лични податоци
Брошура “Како Стопанска банка ги користи моите лични податоци“
Политика за приватност на Стопанска банка АД - Скопје
Известување (Privacy Notice) до акционерите за заштита на приватност и лични податоци
Видео надзор
ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР НА СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
ИЗЈАВА
ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Стопанска банка АД - Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
- Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
- да се контролира пристапот до објектите (Дирекцијата, централната филијала и филијалите во Градот Скопје и останатите општини) и да се обезбеди сигурност на објектите, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани и се чуваат во просториите;
- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура и оперативните информации; и
- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад)
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видео надзор се инсталираат на објектите кои се во сопственост и/или владение на Контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените простории или објекти, вклучително и имотот на Контролорот. Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на објектите и филијалите на Контролорот, надворешна површина на објектите, како и безбедносните зони на Kонтролорот. - Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. - Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. - Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?
Контролорот користи опрема за видео надзор заради:
- заштита на животот или здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста;
- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените простории заради безбедносни цели.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, на влезот на сите објекти на Контролорот има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор. - Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор одговорни за безбедноста на Контролорот, како и овластените лица од ангажирана Агенција за приватно обезбедување. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без соодветно писмено овластување од страна на Контролорот. - Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на е-пошта: kontaktcentar@stb.com.mk или по пошта на адреса: 11 Октомври бр.7, 1000 Скопје. - Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Контролорот. - Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзорот. - Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на kontaktcentar@stb.com.mk кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и Вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага. - Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на kontaktcentar@stb.com.mk кога обработката е незаконска. - Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ. - Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на kontaktcentar@stb.com.mk кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. - Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до kontaktcentar@stb.com.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирате со нашиот Офицер за заштита на личните податоци на privacy@stb.com.mk
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk којa ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки - Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот. - Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина. - Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци најмногу 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
- >> Депозити
- >> Кредити
- >> Kартички
- >> Сметки
- >> Дигитално банкарство
- >> Осигурување
- >> Платежни услуги
- >> ТОПСИ за млади
- >> Пензиско осигурување
- >> Траен налог
- >> Сефови
- >> Тарифи Население
- >> Апликација за ажурирање за население
- >> Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
- >> Катче за корисници
За дополнителни информации обратете се на