Траен налог
Услугата Траен Налог овозможува автоматски трансфер од вашата сметка кон други сметки во СБ со што ќе заштедите значително време при уплаќање на рати од вашиот кредит, кредитна картичка или одреден износ кон вашиот депозит, режиски трошоци или кон други сметки. За активирање на услугата Траен Налог потребно е да се обратите во најблиската филијала на СБ и да побарате воспоставување на Траен Налог на вашата сметка, согласно Вашата потреба. Со Трајниот Налог ја овластувате Банката автоматски да ги одземе средствата од вашата сметка на предвидениот датум.
Карактеристики
Сопственик на трансакциска сметка во Стопанска Банка или полномошно лице со неограничено право на располагање со средствата на трансакциската сметка, може да даде налог на Банката да во негово име врши плаќања за:
- Режиски трошоци
- Обврски по кредити и/или кредитни картички
- Уплата на Депозит
- Фиксен износ кон друга сметка
Услови
Трајниот налог ќе се реализира:
- Од моментот на воспоставување траен налог
- Кон интерни сметки на банката
- Само доколку на сметката има доволно средства за потребниот износ
- Во предвидениот термин или последниот работен ден пред терминот, доколку датумот на терминот е неработен ден
- До моментот на негово отповикување
Доколку сакате да ја прекинете услугата Траен Налог, потребно е да се обратите во најблиската филијала.
Трошоци
Регистрацијата и користењето на услугата траен налог е БЕСПЛАТНА.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
- >> Депозити
- >> Кредити
- >> Kартички
- >> Сметки
- >> Дигитално банкарство
- >> Осигурување
- >> Платежни услуги
- >> ТОПСИ за млади
- >> Пензиско осигурување
- >> Сефови
- >> Тарифи Население
- >> Апликација за ажурирање за население
- >> Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
- >> Катче за корисници
- >> Заштита на лични податоци
За дополнителни информации обратете се на