header image header image

Платежни сметки

Платежни сметки

 

Платежна сметка е сметката којашто ја одржува Банката како давател на платежни услуги на име на корисникот на платежни услуги којашто се користи за извршување на платежни трансакции.
Платежната сметка има единствена идентификациона ознака т.е. единствен број на платежната сметка доделен од страна на Банката и се користи при издавање на платни налози заради недвосмислена идентификација на Корисникот и платежната сметка.
Банката може да му отвори една или повеќе платежни сметки на Корисникот во иста или во различни валути, без разлика на нивните карактеристики или намена, по поднесено и одобрено барање за отворање на платежна сметка.
За секоја од отворените сметки, Банката издава поединечен Договор/Барање за отворање на платежна сметка под ИД број на Корисникот наведен во преамбулата на Рамковниот договор, а секој поединечен Договор/Барање за секоја отворена платежна сметка е составен дел на Рамковниот договор за платежни услуги.
Со  Рамковниот договор за платежни услуги се уредуваат:

  • извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции и
  • правата, обврските и условите за отворање, одржување и затворање на платежна сметка.

Корисник на платежната сметка е физичко лице со статус резидент или нерезидент, во согласност со важечките законски прописи и подзаконските акти.

ОТВОРАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА

Банката ја отвора платежната сметките, на писмено барање на Корисникот и со презентирање на:

  • за резидент - важечка лична карта или патна исправа од која се утврдува постојаното место на живеење во Република Северна Македонија  
  • за нерезидент – важечка патна исправа или важечка лична карта ако лицето доаѓа од држава членка на Европската Унија или од држава со која Република Северна Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете земји, од кои се утврдува постојаното место на живеење во странство. Доколку во патната исправа или во личната карта не е наведено постојаното место на живеење во странство, Банката ќе го обезбеди овој податок со изјава потпишана од нерезидентот во која е наведено постојаното место на живеење во странство или преку сигурни и независни извори. Писмената изјава не се прифаќа за нерезиденти од соседните земји на Република Северна Македонија, кои се должни да достават и копија од последна сметка за комуналии со адреса на место на живеење во странство.

Покрај наведените документи во претходниот став, Банката во согласност со важечките законски прописи и подзаконски акти како и интерните акти на Банката за целите на воспоставување на деловниот однос може да побара и дополнителни документи / податоци од Корисникот.
Постапките на отворање на платежна сметка и потребните документи за отворање на сметката се детално утврдени во Општите правила и услови за отворање и водење на платежна сметка и вршење на платежни трансакции.

ОВЛАСТУВАЊЕ

Корисникот може во моментот на отворање на платежната сметката или дополнително да овласти друго лице/лица за работење со платежната сметка со сите или дел од платежните сметките за различни валути и за различни производи.
Овластените лица за работење со платежната сметката се идентификуваат врз основа на документ за лична идентификација и писмено овластување потпишано од Клиентот или од неговиот законски застапник потврдено/заверено од овластено лице (нотар) ако овластеното лице се појавува во банката во отсуство на имателот на сметката или неговиот законски застапник.

МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ

Доколку Корисникот е малолетно лице, Рамковниот договор во име и за сметка на малолетното лице го склучуваат законските застапници на малолетното лице. Законските застапници се идентификуваат со важечки документ за лична идентификација и важечки документ-доказ дека лицето е законски застапник на малолетното лице.
Во име и за сметка на малолетното лице, уплатата на средствата и располагањето со средствата на/од платежната сметка, ја вршат законските застапници определени со рамковниот договор.
По стекнување на полнолетство Корисникот има право самостојно да располага со средствата на платежната сметка, како и самостојно да ги презема сите дејствија во платниот промет со странство согласно рамковниот договор.

ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ И ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ

Банката како давател на платежни услуги ги овозможува следниве платежни услуги:

  1. внесување и повлекување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка;
  2. извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај Банката на Корисникот или кај друг давател на платежни услуги:
    • извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди и
    • извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
  3. извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот:
    • извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди и
    • извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
  4. издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
  5. парични дознаки;
  6. услуги за иницирање на плаќања и
  7. услуги за давање информации за платежните сметки.

Банката ги извршува платежните трансакции под услови предвидени во Општите правила и услови за отворање и водење на платежна сметка и вршење на платежни трансакции и во применливите законски и подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.  
Со средствата од платежна сметка, Корисникот може да располага на следниве начини:

  • преку шалтерите на Банката,
  • со платежните инструменти,
  • со користење на платформата на дигиталните канали (i-bank),
  • со дебитна картичка поврзана со платежната сметка.

Користењето на поврзаните производи кон платежната сметка се детално регулирани со:

Корисникот може да отвори и користи платежна сметка во пакет или одвоено од другите поврзани услуги од претходниот став. Доколку Корисникот користи само платежна сметка без поврзаните производи од претходниот став, ќе се применуваат само одредбите од Општи услови применливи на услугата отворање, одржување и затворање на платежна сметка.

ИЗВРШУВАЊЕ НА НАЛОЗИ ОД КОРИСНИКОТ

Банката ги извршува налозите за плаќања врз основа на налог потпишан од Корисникот / овластеното лице и приложена соодветна документација. Плаќањето се врши од средствата на платежната сметката, на начин и под услови утврдени со важечките законски прописи кои се однесуваат на работење и платниот промет во земјата и странство.
Банката ги извршува налозите за плаќање од сметките истиот ден кога е доставен налогот со потребната документација, а најдоцна наредниот работен ден, согласно важечките законски прописи во согласност со Терминскиот план на Банката. Банката ги спроведува налозите за уплата односно наплата на денот на уплатата односно приливот.    
Налог за плаќање издаден од Корисникот се спроведува во рамките на расположливите средства на платежна сметка, доколку на неа има расположливи средства и доколку нема блокада на располагањето со средствата.
Клиентот е должен при располагање со средствата од платежната сметка да води сметка да не го пречекори износот на расположливите средства на сметката. Под расположливи средства се сметаат салдото од уплатите и исплатите/плаќањата од сметката и салдото од одобреното и искористено дозволено пречекорување одобрено од Банката на износ утврден во договорот склучен со Банката за одобрено пречекорување.
При евентуално располагање со износ над расположливите средства согласно важечките законски прописи се пресметува законска казнена камата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВРШЕНИ ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ

Податоците за  прометот  и  состојбата  на  платежната сметка, на барање на Корисникот,  се презентираат во извод за промените, на шалтерите и преку останатите дигитални канали на Банката доколку Корисникот е регистриран за користење на истите.


НАДОМЕСТОЦИ

Банката пресметува и наплатува од Корисникот надоместоци за платежни услуги кои му ги пружа согласно Рамковниот договор за платежни услуги и Општите правила и услови за отворање и водење на платежна сметка и вршење на платежни трансакции (линк).
Банката пресметува и наплатува надоместоци и провизии од Корисникот по основ на работење со платежна сметка, во висина, рокови и на начин утврдени во Тарифата на Банката, важечка на денот на извршување на услугата.

КАМАТНИ СТАПКИ

На денарските и девизните средства на платежните сметки, Банката пресметува и плаќа камата во полза на Корисникот согласно наведеното во поединечното барање за отворање на платежна сметка и Општите правила и услови за отворање и водење на платежна сметка и вршење на платежни трансакции.


ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ

За платежна трансакција кој опфаќа купопродажба на девизи и ефективни странски пари се применуваат курсеви од курсната листа на Банката, важечка на денот на реализација на платежната трансакција. Курсната листа од претходниот став е достапна во сите филијали и на интернет страницата на Банката.

ТАЈНОСТ
  • Податоците на платежната сметка се деловна тајна на Банката
СООПШТУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
  • Податоците, документите и информациите за комитенти, сметки и за трансакции на сметки можат да се соопштат во следниве случаи:
    • ако со закон е пропишано објавување на податоците и на информациите
    • ако комитентот ѝ дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
    • на писмено барање на надлежен суд за водење на постапки што се во рамките на неговите надлежности
    • за потребите на Народната банка на Република Северна Македонија или на друг супервизорски орган овластен со закон
    • по писмено барање на Управата за јавни пригоди за водење постапки што се во рамките на нејзините надлежности
    • ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување перење пари и финансирање тероризам, во согласност со закон
    • ако податоците се соопштуваат на Бирото за финансиска полиција, во согласност со закон
    • на писмено барање на Државниот девизен инспекторат за контрола на девизното работење
    • на писмено барање на Фондот за осигурување депозити, во согласност со закон
    • ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирањето на Кредитниот регистар на НБРСМ
    • ако податоците се соопштуваат на овластен извршител, по претходно доставено писмено барање во СБ на соодветен образец (образец 6) пропишан со правилникот за формата, содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти што ги изработува извршителот при преземањето на извршните дејства.

 

Нерезидентни сметки

ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА НЕРЕЗИДЕНТ

Идентификација на комитент- нерезидент се врши со оригинален документ за идентификација или фотокопија заверена од овластено лице- нотар од која се задржува фотокопија од еден од следните документи:

QUESTIONNAIRE FOR EXPRESSING INTENT FOR ESTABLISHING BUSINESS RELATION WITH STOPANSKA BANKA AD - SKOPJE

1. Пасош издаден од друга земја или важечка лична карта ако лицето доаѓа од држава членка на Европска Унија, земја потписничка на Шенгенскиот договор* или држава со која Република Северна Македонија (РСМ) има склучено билатерална спогодба** за прекугранично патување на државјани во двете земји, од кои се утврдува постојаното место на живеење во странска држава. Доколку во патната исправа или во личната карта не е наведено постојаното место на живеење во странство, банката е должна да го обезбеди овој податок преку сигурни и независни извори*** или преку изјава потпишана од нерезидентот во која е наведено постојаното место на живеење во странство. Писмената изјава не се прифаќа за нерезиденти од соседните земји на Република Северна Македонија.

***Под поимот сигурни и независни извори за идентификација на клиентот физичко лице - нерезидент, при отворање на трансакциска сметка или за потребите на ажурирање на податоците за идентификација на веќе регистрираните клиенти, покрај документите важечка патна исправа или важечка лична карта, можат да се сметаат и други документи издадени во матичната држава од кои, заедно со патната исправа или личната карта, може да се утврди местото на живеење на лицето како на пример, важечка возачка или сообраќајна дозвола, сметки за користење комунални услуги не постари од три месеци (струја, вода, испорачана топлинска енергија или гас, сметка за користење телефон).

2. Пасош издаден од Република Северна Македонија со виза за престој во странство или работна виза во странство во траење од најмалку 6 месеци.

3. Пасош издаден од Република Северна Македонија, во која е наведена адреса на постојано место на живеење во странство. Како место на постојано живеење во странство се смета ако во патната исправа е наведена и само кратенка од странската држава (пример: Срб. Ал. ЕУ и слично).

4. Документ издаден од Министерството за надворешни работи (дипломатски пасош).

5. Документ - легитимација издадена од Обединетите нации.

6. Странски физички лица кои поседуваат документ лична карта за признаен бегалец или друг документ издаден од МВР за идентитет на бегалец каде важноста на документот за престој во РСМ е издаден за период пократок од 6 месеци. Овие лица не поседуваат документ за постојан престој во Република Северна Македонија од најмалку 6 месеци (Во документите издадени од МВР има податок за постојано место за престој во Р. Северна Македонија и најчесто се издаваат на рок помал од 6 месеци). Доколку настанат услови за промена на статусот, односно овие лица го исполнат условот за привремен престој во Република Северна Македонија врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траeње од најмалку 6 месеци (се подразбира и кумулативен период), Банката, согласно со точка 7 од Одлуката за начинот и условите за отворање и водење сметки на нерезиденти, ќе изврши промена на нерезидентниот статус во резидентен.

*Земји-потписнички на Шенгенски договор:

  • 25 земји-членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Италија, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешката Република, Шведска, Шпанија
  • 3 земји што не се членки на ЕУ: Исланд, Норвешка и Швајцарија. 
Извор: Министерство за надворешни работи http://www.mfa.gov.mk/  
**Земји со кои имаме билатерални спогодби: Србија, Косово, Црна Гора и Албанија

 

УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКИТЕ НА НЕРЕЗИДЕНТИ

Нерезидентот сопственик на сметката е должен најмалку еднаш годишно или веднаш по истекот на рокот на важноста на патната исправа до Банката да достави важечка документацијата за идентификација. Банката е должна да ја блокира сметката на нерезидентот во случај кога нерезидентот нема да ја обезбеди потребната важечка документација за идентификација. На блокираните сметки дозволен е прилив на средства од други сметки, но уплата во готовина и трансфер од сметките не е дозволен.

Нерезидентот може да отвори повеќе денарски и девизни сметки.

На девизната сметка нерезидентот може да врши:

1. уплата на внесени ефективни странски пари од странство со налог од нерезидентот и тоа:

  • за износ помалку од 10.000 ЕВРА во текот на еден месец, без презентација на документи
  • за износ од 10.000 ЕВРА и повеќе писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Северна Македонија, на која не е изминат рокот од 5 работни дена од издавањето. Доколку се уплатува целиот износ наведен на Потврдата од Царина, се задрржува оригиналната потврда, а доколку истата потврда се употребува повеќе пати, на оригиналната потврда се наведува уплатениот износ, и се задржува  фотокопија од документот. При секоја наредна уплата се презентира оригиналната потврда. Уплатата е дозволена до целосно уплатување на износот наведен на потврдата.
  • уплати на ефективни странски пари кои потекнуваат од непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од неговите сметки во било која банка во Р. Северна Македонија, во период од три месеци од денот на повлекувањето. За уплата на овие средства, нерезидентот задолжително треба да достави писмено барање и копија од налогот со кој се повлечени ефективните странски пари (образец 1450).

2. подигање на ефективни странски пари, без  ограничување

3. трансфери во земјата и во странство, без  ограничување

На денарската сметка нерезидентот може да врши:

1. уплата на ефектива во денари на сметка на нерезидент врз основа на писмено барање, без презентација на дополнителни документи, дозволено е до мкд 120.000,00 месечно.

2. уплата на непотрошени ефективни денари претходно повлечени од неговите денарски сметки во период од три месеци од денот на повлекувањето со презентација на образец 1450 и писмено барање за уплата.

3. трансфери во земјата од/на денарска сметка, без ограничување

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.