Алатка за пребарување сметки
Соопштение
Соопштение за јавност: Промена на статус на сметки
Стопанска банка АД – Скопје врши јавно известување на потрошувачите, кои се корисници на платежни услуги, за можноста за промена на статусот на нивните платежни и депозитни сметки во неактивни сметки*.
Стопанска банка АД – Скопје на редовна месечна основа, во тековниот месец, врши вчитување на база на платежни и депозитни сметки кои може да го променат статусот во неактивни сметки во текот на следниот календарски месец.
- Стопанска банка АД – Скопје на 29.11.2024 изврши вчитување на нова база на платежни и депозитни сметки кои може да го променат статусот во неактивни сметки, во периодот од 1 декември до 31 декември 2024 година.
- Базата со сметки кои може да добијат статус на неактивни сметки од точка 1 ќе биде достапна за проверка заклучно со 31 декември 2024 година.
- Потрошувачите може да извршат проверка на сметките кои може да добијат статус на неактивни сметки од точка 1 од ова известување преку алатката за пребарување сметки со внес на еден од следните параметри: ЕМБГ, ID број во банката, број на сметка, број на орочен депозит.
- Доколку потрошувачите или лицата што се овластени за работење со сметките или нивните законски застапници, не извршат приливна или одливна платежна трансакција или остварат документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација во врска со сметките, сметките ќе го променат својот статус и ќе бидат евидентирани како неактивни, во периодот од точка 1 од oва известување.
- Промената на статусот на сметката нема да ја намали состојбата и нема да го оневозможи пристапот до средствата.
- Доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка во моментот на настанувањето на неактивниот статус е еднаква на нула, под услов платежната сметка да не е блокирана, ќе биде затворена.
- Доколку сметките, во меѓувреме не се активирале согласно наведеното во точка 4 од ова соопштение, Стопанска банка АД – Скопје еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите доколку во непрекинат период од 24 месеци сите нивни платежни сметки се со состојба 0.
- Стопанска банка АД – Скопје, по истекот на рокот од 2 месеца од објавата на ова соопштение и доколку сметките, во меѓувреме, не се активирале согласно наведеното во точка 3 од ова соопштение, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите кои имаат платежни сметки кои во моментот на настанување на статусот на неактивна сметка имаат состојба 0 и платежни сметки кои во непрекинат период од 24 месеци се со состојба 0.
Стопанска банка АД - Скопје
*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи (Службен весник на Република Северна Македонија- бр.90/2022), неактивна сметка е:
1) платежна сметка на потрошувач кај давател на платежни услуги на која непрекинато во период од најмалку 24 месеци не се извршени одливни платежни трансакции авторизирани од потрошувачот или приливни платежни трансакции, со исклучок на пресметката и плаќање/наплата на камата, и/или било кои други платежни трансакции коишто се извршени во корист на давателот на платежни услуги или во врска со која давателот на платежни услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со платежната сметка или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, или
2) депозитна сметка во врска со која давателот на платежните услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со сметката или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, во непрекинат период од најмалку 10 (десет) години;