header image header image

Western Union

За Western Union

Western Union е водечка светска компанија за брз трансфер на пари. Сервисот е достапен во повеќе од 200 држави и е една од услугите кои ги нуди Стопанска банка. Глобалната мрежа на Western Union најчесто ја користат иселеници, туристи, патници, деловни луѓе...

СИГУРНОСТ
Со секоја трансакција за испраќање на брз трансфер на пари се доделува единствен контролен број, со кој се гарантира дека Вашите пари се спремни за исплата и тоа единствено на примачот.

БРЗИНА
Парите се спремни да се подигнат само неколку минути откако се пратени. Western Union користи напредна технологија и уникатна мрежа насекаде во светот, што овозможува плаќањето да се изврши веднаш.

ДОСТАПНОСТ
Постојат повеќе од 300.000 локации насекаде во светот каде што испраќачите и примачите можат да ги испратат или подигнат своите пари. Не е неопходно да имате сметка в o банка. Повеќето агенти се достапни да Ве услужат преку целиот ден, преку целата недела и преку целата година.

*Подлежи на времето на работење и различните временски зони.
**Во некои земји услугата на праќање пари не е достапна, така што клиентите можат само да подигаат пари.

ТАРИФА

Надоместот за Western Union трансферот на пари го плаќа само испраќачот. Примателот не подлежи на никакви трошоци.

Работењето на Western Union подлежи на законските одредби за примање и испраќање на средства на резиденти и нерезиденти во Република Северна Македонија.

 

ОПШТА ПОНУДА

 

Праќање средства

  1. Пополнете го формуларот на WU за "Испраќање на пари"
  2. Дадете го пополнетиот формулар на вработениот во филијалата заедно со парите, провизијата и документот за лична идентификација.
  3. Вработениот ги внесува информациите за трансферот на пари во системот,
  4. Добивате сметка на која е напишан контролниот број на трансферот на пари (MTCN)
  5. Контактирајте го примачот да го информирате за испратената сума на пари и за контролниот број (MTCN)

Примање средства

  1. Пополнете го формуларот "Примање на пари" и наведете ја земјата од каде Ви ги испраќаат парите, името на испраќачот и сумата која ја очекувате
  2. Дадете го формуларот на вработениот во филијалата заедно со документот за лична идентификација,
  3. Вработениот е должен да Ви ги исплати парите и сметката за извршениот трансфер
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.