Платежни услуги
Платежни услуги во земјата
Платежни услуги во земјата
Информација за промени во домашниот платен промет во сила од 09.11.2026 година
Согласно најавените законски измени кои стапуваат на сила од 09.11.2026 Банката спроведе прилагодување на своето дигитално банкарство како и во системите кои се користат на шалтерите во филијалите.
Преку шалтерите и преку дигиталното банкарство тековните платни инструменти ќе бидат во примена заклучно со 06.11.2026, по што со следниот работен ден 09.11.2026 во примена ќе влезат новите платежни инструменти.
Претстојните измени кај налозите во филијалите и на дигиталното банкарство (електронско и мобилно) се направени согласно новите хартиени обрасци, и тоа во типот на инструментот (КТД/КТБ/ЗКТ), називите и позицијата на одделни полиња. Овие приспособувања не претставуваат суштинска промена на договорениот начин на доставување и авторизирање на платежните налози преку дигиталното банкарство.
Упатство за нови платни налози и шифри
Ги издвојуваме важните промени:
1) Во полињата „Платежна сметка на плаќачот“ и „Платежна сметка на примачот“ се дополнува фиксната ознака MK07, со која постојниот ББАН се прикажува како ИБАН во платниот налог и нема потреба да ја внесувате оваа ознака.
2) Податоците што досега се прикажуваа како „Цел на дознака“, „Повикува на број одобрува“ и „Повикува на број задолжува“ ќе се прикажуваат во полето „Опис на плаќањето“. Во упатството достапен е на сликовит начин стариот и новиот изглед на платежниот инструмент со цел понатамошно и уедначено користење на овие полиња кои поблиску го определуваат описот на плаќање за примателот, но и за ваша интерна евиденција (види упатство).
3) Шифра за целта на плаќањето
За денарските плаќања се воведуваат нови шифри од четири латинични знаци — букви согласно стандардот ISO20022
Листа на шифри за опис на плаќања нови согласно ISO20022 стандардот
Со цел полесно препознавање и премин кон новите шифри на плаќање, во продолжение листа со најчесто користени шифри мапирани со стари и нови вредности.
Листа на најчесто користени шифри мапирани со нови
Дополнително, ве информираме дека согласно регулативата, шифрата за целта на плаќањето не е задолжителен елемент за прием и извршување на налогот. Доколку таа не е внесена од страна на корисникот, Банката смее по сопствен избор да додели шифра согласно ИСО стандардот или да го проследи платниот налог кон платните системи без нејзино пополнување.
Општи информации
СБ преку шалтерите во филијалите им овозможува на физичките лица да вршат плаќање на редовните месечни расходи на семејствата што ги имаат по основ на:
- потрошена електрична енергија за сметка
- парно греење
- потрошена вода, ѓубретарина и други комунални услуги, за сметки издадени од надлежното правно лице за комунални услуги, на подрачјето на филијалата на СБ
- трошоци за користење на телевизија, телефон и интернет услуги
За спроведување на плаќањето не е потребно физичкото лице да има отворено сметка во СБ. Потребно е, покрај готовина, да достави и сметките кои ги издале соодветните правни лица на кои се врши плаќањето.
За плаќање на овие редовни расходи физичките лица, клиенти на СБ, со депозитни сметки отворени во СБ, можат да и дадат на СБ траен налог за плаќање на овие расходи од средствата на одредена депозитна сметка на физичкото лице, или од сметка на која физичкото лице има овластување за неограничено располагање со средствата на сметката.
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Плаќање во тековниот ден | Прием на платни налози преку филијали | Прием на платни налози преку дигиталните канали |
Клириншки интербанкарски | Секој работен ден до 14 часот | Најдоцна до 14:20 часот за |
Македонски интербанкарски | Секој работен ден до 16:15 часот | Најдоцна до 16:15 часот за |
Интерен систем на | Секој работен ден до 16 часот | До 19:00 часот за тековниот работен ден |
Уплата и исплата на готовина | Секој работен ден до 16 часот | Преку АТМ на СТБ 24/7 |
Исплата на буџетски | Секој работен ден до | нема |
Извршување на налози за бруто плата образец ПП53 | Секој работен ден: до 14 часот - КИБС Секој работен ден: до 16:15 часот - МИПС | Секој работен ден: До 14 часот - преку КИБС до 16:15 часот - преку МИПС |
Што се промени во платниот промет од 9 ноември 2026 година?
Од 9 ноември 2026 година започна примената на нови правила во националниот платен промет. Промените се однесуваат на:
Начинот на означување на денарските платежни сметки со IBAN формат.
Воведување нови, стандардизирани платни налози.
Воведување нови шифри за целта на плаќањето.
Промените се воведуваат заради усогласување со меѓународниот стандард ISO 20022 и подобрување на обработката на платежните трансакции.
Дали овие промени се однесуваат на сите клиенти?
Да. Промените се однесуваат на учесниците во платниот промет, односно на физичките и правните лица кои вршат или примаат денарски платежни трансакции.
Дали се менува бројот на мојата постојна денарска платежна сметка?
Не. Вашата постојна денарска платежна сметка останува непроменета. Единствената разлика е што во новиот формат пред постојниот број се додава ознаката „MK07“.
Како изгледа новиот број на мојата денарска платежна сметка?
Новиот формат ја содржи ознаката „MK07“ пред постојниот број на денарската платежна сметка.
Дали промената на IBAN влијае врз приливите на мојата сметка?
Не. Промената на форматот не значи промена на платежната сметка. Приливите продолжуваат да се извршуваат на вашата постојна платежна сметка.
Дали и девизните платежни сметки добиваат нов IBAN?
Промените за новиот формат се однесуваат на денарските платежни сметки. Девизните платежни сметки продолжуваат да се користат со постојниот IBAN формат.
Дали има промена во изгледот на платните налози?
Да. Новите платни налози имаат изменет изглед, распоред и содржина на полињата, со цел стандардизирање на податоците и поедноставување на нивната обработка.
Дали ќе можам да ги користам старите ПП30, ПП50 и ПП53 налози?
Од 9 ноември 2026 година за домашниот платен промет се применуваат новите стандардизирани платни налози. Старите обрасци се заменуваат со новите.
Што се менува кај шифрите за целта на плаќањето?
Досегашните нумерички шифри се заменуваат со нови четиризнаковни алфанумерички шифри, согласно ISO 20022 стандардот.
Дали новите шифри се задолжителни при извршување на плаќањата?
Не. Внесувањето на шифрата за целта на плаќањето не е задолжителен податок за прием и извршување на платниот налог. Сепак, се препорачува внесување на соодветната шифра заради попрецизно означување на намената на плаќањето.
Каде можам да ја пронајдам соодветната нова шифра за моето плаќање?
Банката ќе обезбеди листа на новите шифри за целта на плаќањето, како и споредбен преглед на досегашните и новите шифри, достапни преку веб-страницата на Банката.
Дали ќе можам да ја користам старата шифра за плаќање?
За платежните трансакции од 9 ноември 2026 година се применуваат новите шифри. Доколку не сте сигурни која шифра треба да ја изберете, можете да ја проверите листата на шифри објавена од Банката или да побарате помош од вработените во Банката
Дали има промени во користењето на мобилното и електронското банкарство?
Банката ги приспособи своите дигитални канали за примена на новите правила во платниот промет. Клиентите можат да продолжат да ги користат услугите за плаќање преку мобилното и електронското банкарство
Дали треба повторно да ја инсталирам мобилната апликација?
Не. За примената на новите правила не е потребно повторно инсталирање на мобилната апликација. Банката објави нова верзија и потребно е само да направите ажурирање, без промена на податоците за најава ниту на кодот за автентикација/плаќање.
Дали треба да ги менувам моите податоци за најава, или код за плаќање / автентикација ?
Не. Промените во платниот промет не влијаат врз податоците за најава и автентикација при користење на дигиталните банкарски услуги.
Дали можам да ги користам зачуваните примачи и шаблони за плаќање?
Да. Зачуваните шаблони за плаќање можете и понатаму да ги користите. Банката направи приспособување со цел да нема потреба ништо да менувате, односно да продолжите со нивно процесирање. По процесирање на налогот согласно измените, препорачуваме повторно да го зачувате истиот во новиот формат на платен налог.
Дали можам да процесирам налози кои веќе претходно сум ги процесирал ?
Да. Можете повторно да процесирате налози кои претходно биле успешно процесирани. Од менито „Извршени налози“ имате можност да го отворите постоечкиот налог како нов, без потреба од дополнителни измени или повторен внес на податоците. Банката изврши целосно приспособување на функционалноста согласно предвидените измени, со што е овозможено едноставно и непречено повторно процесирање на веќе извршените налози.
Дали можам да извршувам плаќања како и досега преку мобилната апликација?
Да. Мобилното банкарство продолжува да овозможува извршување на платежни трансакции, со техничките и функционалните приспособувања што произлегуваат од новите правила.
Дали се променуваат надоместоците за извршување на платежните трансакции?
Промените во националниот платен промет се однесуваат на стандардизација на платежните податоци и налози. Тие сами по себе не претставуваат промена на тарифата за надоместоци на Банката.
Дали промените се однесуваат и на плаќањата кон буџетските корисници?
Да. За плаќањата кон буџетските корисници ќе се применува новиот стандардизиран платен налог КТБ, кој го заменува досегашниот ПП50.
Дали има промени во можноста за импорт на налози за правни лица?
Не. Банката ги има направено потребните приспособувања, така што и по 09.11.2026 година можете да продолжите со импортирање на налози на истиот начин како и досега, без потреба од какви било измени во фајловите што ги користите за импорт. За корисниците кои сакаат да се запознаат со новите барања и формати, на официјалната веб-страница на Банката е достапно и ажурирано упатство, односно спецификација за импорт на налози усогласена со измените што ќе стапат во примена.
Дали има промена во експортот на изводите за правни лица?
Да. Предвидени се измени во експортот на изводите за правни лица. Експортот е усогласен со планираните промени, при што Банката ќе обезбеди можност за преземање на изводите и со старите шифри во одреден период.
Каде можам да добијам дополнителни информации за новините?
Дополнителните информации, упатствата и листите на нови шифри за целта на плаќањето е достапно на официјалната веб-страница на Банката, како и преку Контакт центарот и во филијалите на Банката.