Платежни услуги со странство
Општи информации
Платежните услуги со странство се вршат согласно Законот за девизно работење, Законот за платежни услуги и платни системи, Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство, останатата законска и подзаконска регулатива и интерните акти на Банката.
Приливи од странство - Лоро дознака
- Потребно е примачот на средствата да има девизна платежна сметка во валута на приливот
- Испраќачот на средствата од странство треба да има информација за вашите податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- ИБАН (IBAN) број (број на платежната сметка во девизи)
- Име на Банката STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
- SWIFT код на Банката – STOBMK2X
- Ефикасно извршување на приливите истиот ден кога е датумот на валута
- Банката го известува клиентот – примачот на средствата на денот на валутата или најдоцна следниот работен ден
- Можност за распоред на приливите во било која филијала на СБ или преку Е-banking сервисот на Стопанска банка
- СБ е главен коресподент за обработка на странски пензии за корисници на СБ и корисници со сметки во другите домашни банки
Провизија
1% од денарската противвредност, минимум МКД 250
Кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство
- За плаќање во странство потребно е плаќачот да има девизна платежна сметка во валутата во која се врши плаќањето
- Клиентот поднесува на Банката уредни документи за плаќање согласно прописите за вршење на платежни услуги со странство
- Извршување на платежната трансакција со странство истиот ден кога е примен платниот налог со датум на валута следен работен ден, согласно терминскиот план на налози
- Брзо и ефикасно извршување на платежната трансакција со странство во сите филијали на СБ или преку Е-banking сервисот на Стопанска банка
- Поради воспоставената широка мрежа на SWIFT - врски со банки од цел свет, клиентот избегнува дополнителни трошоци
Провизија
• До ЕУР 50,000.00: 0.50%, мин. ЕУР 4 + SWIFT МКД 350
• Над ЕУР 50,000.01: 0.27% + SWIFT МКД 350
Чекови влечени на странски банки
Чекови влечени на странски банки
- Провизија од МКД 3.000 однапред платени при превземањето на чекот + 3.00% од износот на чекот минимум 1.000 МКД по чек по наплатата на чекот
Термински план
Термински план за извршување на платежни трансакции со странство во Стопанска банка АД - Скопје
|
Прием на платежни трансакции |
Извршување на платежни трансакции |
Хартиени платежни трансакции |
Секој работен ден од 8:30 до 14:00 часот |
во текот на работниот ден |
Online платежни трансакции |
Секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот |
во текот на работниот ден |
Хартиени платежни трансакции |
Секој работен ден по 14:00 часот |
во текот на следниот работен ден |
Online платежни трансакции |
Секој работен ден по 15:00 часот и неработни денови | во текот на следниот работен ден |
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на