Пензиско осигурување
Пензиско осигурување во Стопанска банка
КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ
втор и трет столб на реформираниот пензиски систем
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во филијалите на Банката можете да ги добиете следните услуги:
- информации во врска со правата на осигурениците од задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
- проверка на статусот на членство во задолжителен пензиски фонд со насоки за достапните начини за самостоен увид и следење на состојбата на пензиските сметки;
- зачленување во задолжителниот и/или во доброволниот пензиски фонд со кои управува Триглав пензиско друштво АД Скопје;
- информации за остварените резултати, инвестиционото портфолио и надоместоците на пензиските фондови;
- ажурирање на личните и контакт податоците на членовите на пензиските фондови;
- други активности заради рекламирање и обезбедување на информации кои се поврзани со работењето на пензиските фондови.
Стопанска банка АД - Скопје е деловен соработник за маркетинг на Триглав пензиско друштво АД Скопје.
Посетете нѐ во една од филијалите кои се овластени продажни места или јавете се во контакт центарот на 02/3100-109 и договорете разговор или средба со овластен агент.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Триглав пензиско друштво
* Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229
ЗА ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО
Зошто ви предлагаме да ги изберете пензиските фондови со кои управува Триглав пензиско друштво?
Триглав пензиско друштво е дел од Групацијата Триглав, една од водечките осигурително-финансиски институции во Југоисточна Европа, која со своето знаење, искуство и финансиска моќ, повеќе од 120 години ја оправдува довербата на клиентите дека ќе се грижи одговорно за нивната безбедност и иднина.
Докажаното реноме го прави Триглав пензиско друштво доверлив партнер за важните решенија поврзани со вашата иднина.
Сигурност во управувањето со средствата
Примарната цел на поставената инвестициска стратегија е грижа за умерен и стабилен раст на вредноста на вашата пензиска заштеда. Во носењето на инвестициските одлуки учествува тим од искусни професионалци, носители на Chartered Financial Analyst (CFA) стручна квалификација, кои се лиценцирани за анализа, вреднување и тргување со финансиски инструменти. Структурата на фондовите овозможува флексибилност при инвестирањето и можност за брзо ребалансирање на портфолиото во насока на искористување на движењата на пазарите и максимизирање на придобивките од тековните трендови.
ДИГИТАЛИЗИРАН ПРОЦЕС
Самостоен внес на податоци за подготовка на договор
На специјално изработената дигитална платформа e-triglavpenzisko.mk можете да иницирате подготовка на Вашиот договор за членство во Триглав задолжителниот пензиски фонд (ВТОР СТОЛБ) или Триглав доброволниот пензиски фонд (ТРЕТ СТОЛБ), како и да го изберете агентот со кој сакате да склучите договор.
Дигитално завршување на постапката
На ваше барање, примерок од договорот за членство, како и еднократен код за верификација ќе бидат испратени до вашата електронска адреса, односно мобилен телефонски број. Еднократниот код е легална алтернатива за своерачен потпис, со што целата постапка околу склучувањето на договорот можете да ја завршите online, без потреба од физичка посета на филијала.
Втор столб – задолжителен пензиски фонд
ИНДИВИДУАЛНА ПЕНЗИСКА СМЕТКА
за вработени лица кои се родени по 1-ви јануари 1967 година и се опфатени со вториот пензиски столб, согласно одредбите на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
ПРЕДНОСТИ
- Постепено акумулирање на пензиска заштеда, која ќе се користи за исплата на дел од старосната пензија;
- Средствата на индивидуалната пензиска сметка се ваша лична сопственост и покрај тоа што обврзник за пресметка и уплата на придонесите е вашиот работодавач;
- Соработувате со доверливо пензиско друштво кое се грижи за рационално управување со вашата пензиска заштеда и располага со широко распространета деловна мрежа за ваша удобност и навремена поддршка.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Како функционираат задолжителните пензиски фондови?
Стапката на пензиски придонес за вториот столб изнесува 6% од вашата бруто плата. Пензиското друштво ги инвестира средствата кои се собираат на индивидуалната сметка, со цел остварување на принос, односно зголемување на износот на пензиската заштеда.
Избор на задолжителен пензиски фонд
Задолжителниот пензиски во кој сакате да членувате и да уплаќате придонеси е ВАШ ЛИЧЕН ИЗБОР.
Право на почетен избор – осигурениците кои по прв пат засноваат работен однос и на денот на вработувањето се помлади од 40 години, имаат рок од 3 месеци да изберат задолжителен пензиски фонд, односно да склучат договор за членство со пензиското друштво кое управува со тој фонд. Лицата кои не го искористиле своето право на почетен избор, се распределуваат по случаен избор во еден од постојните задолжителни пензиски фондови.
Право на премин во друг задолжителен пензиски фонд – промена на пензискиот фонд можете да извршите во секое време, со потпишување на договор за членство со друго пензиско друштво. Целата акумулирана пензиска заштеда, како и идните пензиски придонеси се пренесуваат кон новоизбраниот пензиски фонд.
Доброволен пензиски фонд
ДОБРОВОЛНА ИНДИВИДУАЛНА ПЕНЗИСКА СМЕТКА
за лица на возраст од 15 до 70 години, независно од статусот на вработување
ПРЕДНОСТИ
- Создавање на дополнителна пензиска заштеда на доброволна основа, која може да се користи за исплата на пензиски приход (надоместок), независно од задолжителното пензиско и инвалидско осигурување;
- Можност за рано пензионирање, односно започнување со исплата на пензискиот надоместок пред навршувањето на возраст за остварување на правото на старосна пензија;
- Наследување на акумулираните средства - во случај на смрт на осигуреникот, односно корисникот на пензиски надоместок, преостанатите средства од неговата доброволна индивидуална сметка се наследни во согласност со Законот за наследување.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Како функционираат доброволните пензиски фондови?
Стапката на пензиски придонес за третиот столб не е законски пропишана, што значи дека секој осигуреник самостојно одлучува за износот на секоја поединечна уплата. Како и кај задолжителните пензиски фондови, пензиското друштво ги инвестира средствата кои се собираат на доброволната индивидуална сметка, со цел остварување на принос, односно зголемување на износот на дополнителната пензиска заштеда.
Располагање со акумулираната пензиска заштеда
Право на исплата на пензискиот надоместок се остварува:
- најрано 10 години пред законски определената граница за исплата на старосна пензија, односно на 52-годишна возраст за жени и 54-годишна возраст за мажи
- најдоцна со навршувањето на 70-годишна возраст
Осигуреник кој остварил право на пензиски надоместок, самостојно одлучува кога да започне исплатата и на кој начин да се исплаќаат средствата од неговата доброволна индивидуална сметка. Овозможени се следните видови на исплата на пензискиот надоместок:
- Доживотна пензија во форма на програмирани повлекувања од пензискиот фонд
- Повеќекратни исплати по произволна динамика до исцрпување на сметката
- Еднократна исплата
- Комбинација од наведените видови
Вклучување во професионална пензиска шема
За работодавачите кои се организатори на професионални пензиски шеми, односно уплаќаат доброволни пензиски придонеси за своите вработени, пропишани се стимулативни ослободувања од данокот на личен доход и данокот на добивка.
Информирајте се кај одговорно лице во вашето претпријатие околу условите за вклучување во професионална пензиска шема.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
- >> Депозити
- >> Кредити
- >> Kартички
- >> Сметки
- >> Дигитално банкарство
- >> Осигурување
- >> Платежни услуги
- >> ТОПСИ за млади
- >> Траен налог
- >> Сефови
- >> Тарифи Население
- >> Апликација за ажурирање за население
- >> Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
- >> Катче за корисници
- >> Заштита на лични податоци
За дополнителни информации обратете се на