header image

Кредитно животно осигурување

Дали здравјето и благосостојбата на вашите најблиски ви е секогаш на прво место? Дали сакате да го заштитите семејството од неизвесностите во периодот на отплата на кредитот? Кредитите на Стопанска банка со вклучено кредитното животно осигурување ви овозможуваат поголемо спокојство во годините на отплата на кредитните обврски, обезбедувајќи секогаш заштита на вашето семејство од кредитните обврски во случај на немил настан (смрт или трајна работна неспособност). Затоа, искористете ја можноста и аплицирајте за кредит со вклучено кредитно животно осигурување, а Банката ќе ве награди со пониска каматна стапка којa единствено може да ја добиете за кредитите со вклучено кредитно животно осигурување.

Аплицирањето за кредит во пакет со кредитното животно осигурување (познато како „Ризико Кредит“) овозможува осигурително покритие во случај на непосакуван настан (смрт) на кредитокорисникот во кој случај осигурителната полиса овозможува целосно измирување на преостанатиот долг од кредитот, со цел неговото подмирување да не падне на терет на фамилијата на кредитокорисникот. Ова осигурување овозможува подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на:

  • Смрт како последица од болест или несреќен случај и
  • Трајна и целосна загуба на работоспособност на осигуреникот како резултат на болест или несреќа

Предности на кредитот во пакет со кредитно животно осигурување:

  • Поголема сигурност и извесност во ситуација на неочекуван немил настан во периодот на користење на кредитот
  • Заштита на семејството и блиските од потенцијално оптоварување со кредитни обврски во случај на неочекуван немил настан
  • Намалена каматна стапка на кредитот, која Банката ја дава за стимулирање на кредитното животно осигурување
  • Преференцијални (намалени) цени на осигурувањето кои Банката ги има договорено со осигурителната компанија за своите клиенти, со цел да го направи кредитното животно осигурување достапно за сите клиенти.
  • Едноставен начин на плаќање, со две можности за плаќање:
    • Преку траен налог, на месечни рати
    • Преку еднократно плаќање на животното осигурување од самиот кредит, при што се  добива дополнителен попуст на премијата на животното осигурување
  • Полисата за животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан:
    • Смрт како последица од болест или несреќен случаj;
    • Трајна целосна работна неспособност како резултат на несреќен случај
  • Со ова осигурување се добива кредитна заштита која значи дека во случај на немил настан (смрт или траен инвалидитет) на осигуреното лице – фамилијата не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот
  • Полисата за животно осигурување ја издава осигурителната компанија УНИКА Лајф која е дел од УНИКА групацијата со седиште во Виена. УНИКА е најголема осигурителна компанија во Австрија и една од најголемите осигурителни групации во југоисточна Европа, со повеќе од 200 години искуство во осигурувањето и е присутна со свои осигурителни компании во 18 држави во Европа.

Посетете ја најблиската филијала на Стопанска Банка или едноставно јавете се на телефонот 15 110, или во било кое време од денот на 02/3100 109 и информирајте се за износот на премија која зависи од одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување.

Најчести прашања поврзани со Кредитното Животното Осигурување

Како да аплицирате за кредит со вклучено животно осигурување?

  • Посетете ја најблиската филијала на Стопанска Банка, јавете се на телефонот 15110 достапен 24/7 или едноставно аплицирајте онлајн преку alokredit.mk или м-банкинг апликацијата на Стопанска банка.

Што е кредитното животно осигурување и што добивам со него?

  • Со ова осигурување се добива кредитна заштита со која во случај на непосакуван настан (смрт) на осигуреното лице, фамилијата не ги наследува кредитните обврски по основ на овој кредит. Осигурувањето може да биде проширено и со покритие за трајна и целосна загуба на работоспособноста на осигуреникот.

Со кои кредити од Стопанска банка можам да добијам кредитно животно осигурување?

  • Кредитно животно осигурување може да се побара и добие со сите потрошувачки кредити на банката над 5.000 ЕУР износ, како и со станбените и хипотекарните кредити.

Дали кредитното осигурување претставува штедење?

  • Не, кредитното осигурување нема штедна компонента и затоа е многу подостапно за сите клиенти. Тоа обезбедува само заштита на фамилијалата од преостанатите кредитни обврски во случај на немил настан (смрт) на осигуреникот.

Кога и кој може да ја активира полисата за кредитно осигурување?

  • Во случај на непосакуван настан (смрт) на осигуреникот, полисата за кредитно осигурување може да ја активира било кој член на семејството со достава на соодветна документација дека се случил осигурениот настан.

Дали е потребно да одам на лекарски преглед за да добијам кредитно осигурување?

  • Најчесто не, но во зависност од износот на кредитот и одговорите во краткиот здравствен прашалник кој се пополнува со барањето за кредитно осигурување, осигурителната компанија може да побара да се изврши бесплатен лекарски преглед.

Како се утврдува износот на кредитно животно осигурување и како се плаќа?

  • Врз основа на одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување и во зависност од возраста на клиентот, висината на кредитот и должината на осигурувањето (години на отплата на кредитот).

Кој ја издава полисата за кредитното животно осигурување (Ризико)?

  • Полисата ја издава осигурителната компанија УНИКА Лајф која е дел од УНИКА групацијата со седиште во Виена. УНИКА е најголема осигурителна компанија во Австрија и една од најголемите осигурителни групации во југоисточна Европа, со повеќе од 200 години искуство во осигурувањето и е присутна со свои осигурителни компании во 18 држави во Европа.
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.