Карактеристики за станови во изградба
Карактеристики
ПРОМОТИВНО
Сите апликации примени од 01.10.2024 до 31.12.2024 добиваат:
- 100% ослободување од административни трошоци
- 100% ослободување од трошоци за процена
- 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности
Предности на производот
- Гарантирана каматна стапка за првите 5 или првите 10 години
- Отплата до 30 години
- За купување: до 30 години
- БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
- БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
- Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
- Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
- Денарски кредит со девизна клаузула, валута ЕУР
Намена
- Купување на нов стан од правно лице, од градежни компании прифатливи за Банката
Ценовни услови
Ценовни услови за кредити со 5 или со 10 години гарантирана каматна стапка
Обезбедување стан со Лист за предбележување на градба
За кредити со животно осигурување
- 3,10% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
- 3,50% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,30% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
За кредити БЕЗ животно осигурување
- 3,10% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
- 3,50% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,50% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
Променлива каматна стапка за останатиот период
- 7,66% со плата/пензија во СБ
- 8,51% останати клиенти
Отплата и трошоци
- Еднакви месечни ануитети
- Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија.
- За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други Банки 3% провизија од рефинансираниот износ (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот)
- Апликативни трошоци: 600 МКД за сите клиенти
- 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
- Административни трошоци: 0% на износот на одобрениот кредит, еднократно
- Трошоци за проценка 0 МКД за имотот понуден како обезбедување
- Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека ,
- Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар.
- Хипотека на недвижен имот во вредност од 117%-200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
Критериуми и Документација
Критериуми
- Државјани на Р. Северна Македонија
- Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
- Минимални месечни примања од 9.100,оо ден за секој учесник во кредитот поединечно.
- За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
- За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
- Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),во спротивно треба да ги задоволуваат следните услови:
- Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ или
- Ко-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или друга банка со добра кредитна историја
- За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките на задолженоста.
- Физички лица, резиденти, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно важат следниве услови:
- Договорот за вработување како и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде е вработен кредитобарателот/ко-кредитобарателот треба да се преведени од овластен преведувач.
Документација
- Барање за станбен кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Фотокопија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
- За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци
- За клиенти што не земаат плата /пензија во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на 6 месечни примања.
- Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/венчани издаден од Р.С.М (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите).
- За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп.
- Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (МКБ) (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Друга документација по барање на банката
- За купување
- Пред договор /договор за обезбеден стан / куќа / деловен простор заверен на нотар
- Извод од ДУП или Потврда од општина дека земјиштето се наоѓа во градежен реон (само за купување градежно земјиште)
- За сите видови градба (во случај кога како обезбедување се нуди друг објект)
- Извод од детален урбанистички план (ДУП)
- Правосилно Одобрение за градење
- Основен проект завeрен во општина и проектантско биро
- Предмер пресметка за позициите за кои се бара кредит
- За рефинансирање на кредит од друга банка
- Копија од Нотарскиот акт со Договор
- Листа на уплати
- Најнов амортизационен план
Градежни партнери
Градежни компании партнери на Стопанска банка
Стопанска банка соработува со повеќе градежни компании во процесот на градба и продажба на имотот.
Прегледајте ја целосната листа на градежни компании и одберете го вашиот нов дом заедно со Стопанска банка АД - Скопје.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на