header image header image

Главни карактеристики

Карактеристики

ПРОМОТИВНО

Сите апликации примени од 01.10.2024 до 31.12.2024  добиваат:

  • 100% ослободување од административни трошоци
  • 100% ослободување од трошоци за процена
  • 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности

 

  • Гарантирана каматна стапка за првите 5 или првите 10 години
  • Отплата до 30 години
    • За купување, градба, доградба и надградба: до 30 години
  • БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
  • БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
  • Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
  • Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
  • Денарски кредит со девизна клаузула, валута ЕУР

Намена 

  • Купување на нов / стар стан или куќа од физичко или правно лице
  • Купување на куќа со земјиште
  • Градба на куќа
  • Доградба / надградба на стан /куќа
  • Можност за рефинасирање на станбен кредит од друга банка

Ценовни услови

за кредити со 5 или 10 години гарантирана каматна стапка

 

  • Износ до 200.000 ЕУР за сите намени 

За кредити со животно осигурување:

  • 3,30% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
  • 3,70% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
  • 4,30% фиксна за 3 год, за останати клиенти.

За кредити БЕЗ животно осигурување:

  • 3,50% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
  • 3,90% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
  • 4,50% фиксна за 3 год, за останати клиенти.

Променлива каматна стапка за останатиот период 

  • 7,66% со плата/пензија во СБ
  • 8,51% останати клиенти

Отплата и трошоци

  • Еднакви месечни ануитети
  • Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија.
  • За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други Банки 3% провизија од рефинансираниот износ (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот)
  • Апликативни трошоци: 600 МКД за сите клиенти
  • 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
  • Административни трошоци: 0% на износот на одобрениот кредит, еднократно
  • Трошоци за проценка 0 МКД за имотот понуден како обезбедување
  • Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека ,
  • Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар (или
  • Хипотека на недвижен имот во вредност од 125%-250% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување

 

Критериуми и Документација

Критериуми

  • Државјани на Р. Северна Македонија
  • Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
  • Минимални месечни примања од 9.100,оо ден за секој учесник во кредитот поединечно.
  • За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата. 
  • За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
  • Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),во спротивно треба да ги задоволуваат следните услови:
    • Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ или
    • Ко-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или друга банка со добра кредитна историја
  • За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките на задолженоста.
  • Физички лица, резиденти, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно важат следниве услови:
    • Договорот за вработување како и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде е вработен кредитобарателот/ко-кредитобарателот треба да се преведени од овластен преведувач.

Документација

  1. Барање за станбен кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
  2. Фотокопија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
  3. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
  4. За клиенти што не земаат плата /пензија во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина 6 на месечни примања.
  5. Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/венчани издаден од Р.С.М (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите).
  6. За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп.
  7. Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (МКБ) (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
  8. Друга документација по барање на банката

  1. За купување
    1. Пред договор /договор за обезбеден стан / куќа / деловен простор заверен на нотар
    2. Извод од ДУП или Потврда од општина дека земјиштето се наоѓа во градежен реон (само за купување градежно земјиште)
  2. За сите видови градба (во случај кога како обезбедување се нуди друг објект)
    1. Извод од детален урбанистички план (ДУП)
    2. Правосилно Одобрение за градење
    3. Основен проект завeрен во општина и проектантско биро
    4. Предмер пресметка за позициите за кои се бара кредит
  3. За рефинансирање на кредит од друга банка
    1. Копија од Нотарскиот акт со Договор

Апликација за станбен

Пример пресметки

Пример пресметки

години
Каматна стапка се внесува само со броеви и точка!
 
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.