Потрошувачки Обезбеден кредит
Карактеристики
ПРОМОТИВНО:
За сите примени апликации во периодот 01.10.2024 - 31.12.2024:
- 100% попуст на административните трошоци
- 100% попуст на трошоци за процена
- 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности, за кредити со нова изложеност во СБ во износ над 15.000 ЕУР
Износ на кредит:
-
- до 80.000 ЕУР за кредити обезбедени со хипотека (во денарска противвредност)
- до 200.000 ЕУР за кредити обезбедени со депозит (во денарска противвредност)
- Одобрување на кредит без административни забрани, меници или жиранти
- Денарски кредит со девизна клаузула
- Еднакви месечни ануитети
- За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, достапна е опцијата за отплата со траен налог или преку i-bank каналите на банката
- Рок на отплата до 20 години
При рефинансирање од друга банка:
- 0% административен трошок при рефинансирање кредит од друга банка
- 0 МКД трошок за проценка при рефинансирање кредит од друга банка
- 0 МКД трошок за нотар при рефинансирање обезбеден кредит од друга банка
Ценовни услови
Каматни стапки за кредити со вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ
- Фиксна каматна стапка од 4,50% за 3 години
- Променлива каматна стапка од 8,41% во наредните години
За останати клиенти
- Фиксна каматна стапка од 5,00% за 3 години
- Променлива каматна стапка од 9,34% во наредните години
Обезбедени со депозит:
- 1.90 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
Каматни стапки за кредити БЕЗ вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ ЕУР
- Фиксна каматна стапка од 4,70% за 3 години
- Променлива каматна стапка од 8.41%
За останати клиенти ЕУР
- Фиксна каматна стапка од 5,20% за 3 години
- Променлива каматна стапка од 9,34% во наредните години
Обезбедени со депозит:
- 2.00 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
Дополнителни редовни трошоци поврзани со кредитното барање:
- Апликативен трошок 600 МКД
- 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
- административен трошок за кредити обезбедени со хипотека 1,25% - само во случај на одобрено барање
- административен трошок за кредити обезбедени со депозит 0,50% - само во случај на одобрено барање
- трошок за проценка 2.500 МКД – само во случај на одобрено барање
- Нотарски трошоци – само во случај на одобрено барање (или ослободување согласно промотивна понуда)
- Трошок за делумна или целосна предвремена отплата:
- 0% доколку истата се врши по истек на првите 20% од иницијално одобрениот рок
- 3% од износот на остаток на долг доколку отплатата се врши во првите 20% од иницијално одобрениот рок
- Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-154% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
Кредитни критериуми
- Физички лица, резиденти
- Минимален месечен приход
- 9.100 МКД за секој учесник поединечно
- За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
- За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
- Услов за ко-кредитобаратели:
- член на потесното семејство
- или друго лице да е клиент со плата/пензија во СБ;
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
- Услов за физички лица вработени во странство, кои се државјани на РСМ
- Mоже да се прифатат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во РСМ се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно треба да достават Договор за вработување и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде се вработени (истите треба да се преведени од овластен преведувач).
Документација
- Потпишано барање за потрошувачки кредит и согласност за проверка во Македонско кредитно биро
- Копија од лична карта
- За клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ:
- извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
- потпишана и заверена потврда за редовно вработување која не е постара од 30 дена
- Извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарател и ко-кредитобарател/(при нотарска постапка)
- Доколку обезбедувањето е куќа, земјиштето треба да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
- Дополнителна документација на барање на банката
Пример пресметки
Пример пресметки
Забелешка: Денарска валута - отплата се врши во денари Девизна валута - отплатата е во денарска противвредност на EUR по среден курс на НБРМ на денот на плаќањето