Обезбеден потрошувачки кредит за клиенти со станбен кредит во СБ
Карактеристики
ПРОМОТИВНО
Сите апликации примени од 01.10.2024 до 31.12.2024 добиваат:
- 100% ослободување од административните трошоци
- 100% ослободување од трошоци за процена
- 100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности доколку износот на кредит е над 15.000 ЕУР
Предности на производот
Рок на отплата од 3 до 20 години
- Износ до 80.000 ЕУР (во денарска противвредност)
- Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на трансакциска сметка на физичкото лице во СБ
- ЕУР: денарски кредит со девизна клаузула
- Гарантирана каматна стапка за првите 5 години
- Можна отплата со траен налог или преку i-банк системот на СB
- Дополнителен износ над износот на станбен кредит во СБ
- БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
- Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
- Брза и едноставна процедура ( првично пред-одобрување за 24 часа)
- Без трошоци за аплицирање доколку истовремено се аплицира и за станбен кредит
Ценовни услови
- За кредити со животно осигурување ЕУР:
- 3,30% фиксна за 5 години со плата/пензија во СБ
- 4,30% фиксна за 3 години, за клиенти без плата/пензија во СБ
- За кредити БЕЗ животно осигурување ЕУР:
- 3,50% фиксна за 5 години за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,50% фиксна за 3 години, за клиенти без плата/пензија во СБ
- Променливи каматни стапки за кредити кредити со/без животно осигурување
- 7,66% променлива за останатиот период за клиенти со плата/пензија во СБ
- 8,51% променлива за останатиот период за клиенти без плата/пензија во СБ
- За целосна или делумна предвремена отплата, 0% провизија доколку истата се врши во период по првите 20% од иницијално договорениот рок на отплата, во спротивно провизијата изнесува 3% (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот).
- Доколку со станбениот кредит за кој се аплицира истовремено со Потрошувачкиот обезбеден, се рефинансира станбен кредит од други банки во Стопанска банка:
- 0 ден. трошок за воспоставување на нотарски акт и упис на хипотеката во катастар (доколку двата кредити се на ист нотарски акт)
- 0 ден. трошок за проценка на имотот кој се остава под хипотека
- 0% администартивни трошоци
- Апликативен трошок од 0 МКД за сите клиенти само доколку истовремено се аплицира за станбен и потрошувачки обезбеден кредит. Во спротивно трошокот изнесува 600 МКД
- Административни трошоци: 1.25% еднократно од износот на одбрениот кредит:
- Tрошоци за проценка: 2.500 МКД еднократно, на имотот кој се остава под хипотека
- Трошоци за осигурување и регистрација на хипотека
- Трошоци за воспоставување нотарски акт.
- 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
- Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-154% од износот на кредитот, во зависност од локацијата на недвижноста
Критериуми
- Физички лица, резидент
- Минимален месечен приход од 9.100,оо денари за секој учесник во кредитот поединечно.
- Возраст на клиентот при аплицирање е мин. 20, а максимум 70 год на денот на достасување на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
- Ко-кредитобарател покрај лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/a) може да биде и лице кое ги исполнува следните услови:
- да е клиент со плата во СБ, или
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка, со добра кредитна историја.
- Физички лица кои се државјани на Р. Северна Македонија, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитибаратели/ко-кредитобаратели.
Документација
- Барање за потрошувачки кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Копија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
- За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
- сите останати –Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висина на 6 месечни примања.
- Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) / венчани издаден од РМ (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
- Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Други документи по барање на банката
За дополнителни информации обратете се на