До 1.500.000 денари / 25.000 евра
Карактеристики
ПРОМОТИВНО
Сите примени апликации од 15.11.2024 до 31.12.2024 година добиваат:
- 5.00% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со животно осигурување
- 5.20% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со осигурување од незгода
- 100% покривање на административни трошоци
Предности
- Одобрување за само 30 минути
- Можност за вклучување на животно осигурување или осигурување од незгода и обезбедување на поволни ценовни услови
- Ко-кредитобаратели може да бидат и членови на потесното семејство
- Одобрување на кредит без дополнително вклучување на меница, жиранти или депозит
- Подарок ваучер за купување на друго осигурување, за сите кредити со вклучено осигурување од незгода
Износ на кредит
- минимум од 15.000 МКД/250 ЕУР
- максимум до 1.500.000 МКД/25.000 ЕУР
Валута
- денарски кредит; денарски кредит со девизна клаузула
Рок на отплата
- Минимум 6 месеци
- Максимум: 60 месеци за кредит до 91.500 МКД/1.500 ЕУР, 84 месеци за кредит до 300.000 МКД/5.000ЕУР, 120 месеци за кредит до 1.500.000 МКД/25.000 ЕУР
Начин на отплата
- Еднакви месечни ануитети
- За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, достапна е опцијата за отплата со траен налог или преку i-bank каналите на банката
За кредити со осигурување
Во пакет со барањето за потрошувачкиот кредит поврзано е осигурување од незгода или кредитно животно осигурување (по избор на клиентот). За осисгурувањето од незгода, Банката издава полиса од Кроација Осигурување/Неживот, како нејзин овластен застапник во класите на неживотно осигурување. Доколку клиентот се одлучи за кредитно животно осигурување, Банката издава полиса од Уника Лајф, како нејзин овластен застапник во делот на животното осигурување.
Ценовни услови
Каматни стапки
- За денарски кредити; денарски кредит со девизна клаузула
Фиксна каматна стапка кредити со вклучено осигурување
- 5,00% фиксна каматна стапка за првите 2 години од отплата на кредити со животно осигурување за кредити во износ од 300,001 – 1.500,000 МКД / 5.001 - 25.000 ЕУР
- 5,20% фиксна каматна стапка за првите 2 години, од отплата на кредити со осигурување од незгода МКД/ЕУР
Каматнa стапкa (Променлива годишна)
- 11,60% МКД- Клиент со плата/пензија во СБ (до 300.000 МКД)
- 12,89% МКД- Други клиенти (до 300.000 МКД)
- 10,70% МКД- Клиент со плата/пензија во СБ (до 1.500.000 МКД)
- 11,89% МКД - Други клиенти (до 1.500.000 МКД)
Каматнa стапкa (Променлива годишна)
- 10,24% ЕУР - Клиент со плата/пензија во СБ
- 11,38% ЕУР - Други клиенти
СБ согласно важечката регулатива, редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб-страница, на огласните табли на шалтерите на Банката и преку јавните медиуми
Дополнителни трошоци поврзани со кредитното барање
- Апликативен трошок 600 МКД
- 0% административен трошок, еднократно од одобрениот износ на кредит (во рамки на промоцијата)
- за кредити над 610.000 МКД трошок за нотарска солемнизација (или ослободување согласно активна промотивна понуда)
Кредитни критериуми
Физички лица, резиденти
- Минимален месечен приход:
- 8.100 МКД за кредит до 610.000 МКД
- 22.000 МКД за кредит од 610.000 МКД до 920.000 МКД
- 30.000 МКД за кредит од 920.001 МКД до 1.200.000 МКД
- 35.000 МКД за кредит од 1.200.001 МКД до 1.500.000 МКД
Услови за кредит над 610.000 мкд / над 10.000 ЕУР
- Задолжително вклучување на ко-кредитобарател доколку висината на платата е:
- до 35.000 МКД за кредит до 920.000 МКД
- до 40.000 МКД за кредит од 920.001 до 1.200.000 МКД (месечните примања на ко-кредитобарателот да се мин. 15.000 МКД)
- до 45.000 МКД за кредит од 1.200.001 до 1.500.000 МКД (месечните примања на ко-кредитобарателот да се мин. 15.000 МКД)
Возрaст на клиентот
- За клиенти со плата во СБ/ клиенти без плата во СБ и клиенти без пензија во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот.
- За клиенти со пензија во СБ – до 67 години на денот на отплата ( во случај кога се вклучува ко-кредитобарател/и и во моментот на аплицирање сите учесници во кредитот се пензионери, возраста на еден од учесниците мора да биде до 67 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 70 години на денот на отплата на кредитот).
Услов за ко-кредитобаратели:
член на потесното семејство
- друго лице кое ги задоволува следните услови:
- да е клиент со плата/пензија во СБ или,
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
Документација
За клиенти приматели на плата/пензија во СБ:
- Потпишано барање за потрошувачки кредит и согласност за проверка во Македонско кредитно биро
- Копија од лична карта
За клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ:
- извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
- потпишана и заверена потврда за редовно вработување која не е постара од 30 дена
- Извод од матична книга на родени/венчани
- Дополнителна документација на барање на банката