header image header image

Со залог на возило

Карактеристики

Наменет за купување на автомобили

  • Износ до 30.000 ЕУР
  • Денарски кредит со девизна калаузула
  • Рок на отплата од 1 до 7 години
  • Обезбедување со воспоставување заложно право во корист на Банката, се до целосна отплата на кредитот.
  • Полиса за КАСКО осигурување на возилото, винкулирана во полза на Банката
  • Еднакви месечни ануитети
  • За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
    • Со траен налог или
    • Преку i-bank услугите на СБ
  • Без трошоци за предвремена отплата

Ценовни услови

Каматни стапки: 

  • Клиенти со плата/пензија во СБ 9,00% ЕУР
  • Останати клиенти 10,00% ЕУР
  • Административни трошоци 1% еднократно од износот на одобрениот кредит
  • Нотарски трошок за воспоставување на залог на возилото и упис на залогот во Центарален Регистер
  • Трошоци за КАСКО осигурување на возилото за целиот период на отплата на кредитот
  • Задолжително учество при купување на возилото од:
    • мин. 20% од вредноста на возилото во износ до 16000 ЕУР
    • мин. 25% од вредноста на возилото во износ над 16000 ЕУР

Критериуми

  • Физички лица, резиденти
  • Минимални месечни примања од 9.100,оо ден. за сите учесници во кредитот поединечно.
  • Возраст на учесниците во кредитот:
  • За клиенти со плата во СБ/ клиенти без плата во СБ и клиенти без пензија во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот. 
  • За клиенти со пензија во СБ – до 67 години на денот на отплата ( во случај кога се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање за кредитот се пензионери, возраста на еден од учесниците мора да биде до 67 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 70 години на денот на отплата на кредитот).
  • Доколку се вклучи ко-кредито барател, за клиенти со плата/пензија во СБ, возраста на клиентот може да достигне до 70 години на денот на отплата на кредитот.
  • Kо-кредитобарател може да бидe лицe коe е член на потесното семејство (родител, дете, сопруг/а) во спротивно треба  да се задоволат следните услови:
    • да е клиент со плата во СБ најмалку 1 месец, или
    • да е клиент на постоен кредитен производ во СБ или во друга банка, со добра кредитна историја;
  • 100% од примањата и задолжувањата на ко-кредитобарателот влегуваат во пресметките за кредит.

Документација

  1. Барање за автомобилски кредит
  2. Копија од лична карта или пасош
  3. За клиенти кои земаат плата/пензија во СБ, извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци;
  4. За клиенти што не земаат плата /пензија во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на 6 месечни примања. Вработените во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 6 месеци;
  5. Про-фактура од Авто Дилерот за продажба на возилото;
  6. Во зависност од брачниот статус кредитобарателот треба да достави:
    1. За лица кои не се во брак, копија од извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) или заверка со печат од МВР дека нема промени на постојниот извод;
    2. За лица кои се во брак, копија од извод од матична книга на венчани (без оганичување за староста на изводот).
  7. За ко-кредитобарател кој е член на потесното семејство потребен е валиден извод од матична книга на венчани или родени
  8. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје
  9. Друга документација по барање на банката

Апликација

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.