header image

VISA Direct

Visa Direct е сервис за брз трансфер на средства кон Visa картички во земјата.

 

Преку овој сервис се овозможува 24/7 префрлање на средства од сметка во СБ кон Visa картичка издадена од било која банка во земјата (кон СБ картички и кон картички од други банки). Наскоро функционалноста ќе биде овозможена и преку мобилната апликација на СБ.

По извршениот пренос на средства преку Visa Direct, средствата се веднаш на располагање на Visa картичката на примачот, а книжењето на средствата на сметката на испраќачот и примачот се врши наредниот ден.


Во моментов е возможно префрлање на средства кон Visa картички само во земјата, а дополнително во скоро време очекуваме да биде овозможено и кон странски Visa картички.

 

Visa Direct сервисот овозможува едноставен трансфер на средства помеѓу физички лица, без потреба од банкарски податоци, и тоа на два начини:

  • Кон број на Visa картичка доколку го знаете 16-цифрениот број на картичката или
  • Кон алиас преку Visa+, односно се користи мобилен број на корисникот како алиас, наместо бројот на Visa картичката (доколку овој сервис е овозможен од банката на примачот).

Процесирањето на трансакции преку Visa Direct сервисот во моментов е БЕЗ ТРОШОК, а дополнително ќе бидете известени за воведување на надомест.

Преку електронското банкарство сервисот е достапен под називот Visa Direct плаќање во листата на налози во вашата платежна сметка која е поврзана со платежна картичка во СБ.

 

Откако ќе го изберете менито Visa Direct плаќање, ќе се отворат 2 поткатегории:

  • Плаќање кон Visa+ - Можете да испратите пари кон Visa+ корисник кој има креирано алиас, односно својот мобилен број го поврзал со Visa платежна картичка.
  • Плаќање кон Visa картичка – Можете да испратите пари кон Visa картичка доколку го знаете 16-цифрениот број на картичката на примачот. Можете да вршите плаќања кон дебитни и кредитни картички.

VISA DIRECT

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.