header image header image

Уплата готовина на АТМ

Чекори и важни напомени

УПЛАТЕТЕ ГОТОВИНА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ НА CASH-IN БАНКОМАТИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА!

 

Пронајдете го најблискиот банкомат означен со “CASH IN” и извршете уплата на готовина. Речиси сите банкомати во филијалите се оспособени со Cash-IN функционалност.

 

УПЛАТА ВО 3 ЧЕКОРИ:
  1. На првиот екран, во долниот лев агол одберете УПЛАТИ ГОТОВИНА по што се отвора преградата на банкоматот во која треба да ги внесете банкнотите.
  2. Внесете ги банкнотите во преградата и одберете ПОТВРДИ на следниот инфо-екран:
    - Со ова потврдувате дека ќе внесете ДЕНАРИ во рамки на препорачаните трансакциски лимити кои се наведени на екранот. Важно е банкнотите да се уредно наредени и ставени во отворот за банкноти – исправени, а не превиткани. Доколку внесената готовина е вон трансакциските лимити од екранот,трансакцијата ќе биде одбиена, а внесената готовина ќе биде вратена за да ја повторите трансакцијата во рамки на препорачаните трансакциски лимити.
  3. На екранот се прикажува спецификација со внесените банкноти, ја потврдувате и уплатата се евидентира на сметката поврзана со картичката со којашто сте ја извршиле уплатата. Банкоматот издава потврда/слип за успешна уплата на готовина.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
  • Уплатата се евидентира на сметката поврзана со картичката што се користи за иницирање на процесот на уплата на банкомат (дебитна или кредитна).
  • Овозможена е уплата само на денари.
  • Максималниот лимит за поединечна уплата е 100 книжни банкноти/денари.
  • Прием на сите денарски банкноти од апоенски состав 10, 50, 100, 200, 500, 1000, 2000.
  • Уплатата на готовина е без провизија.
  • За успешна уплата важно е банкнотите да се уредно наредени и ставени во отворот за банкноти.
  • Cash In трансакции не може да се реализираат преку Google Pay™ услугата.

 

За уплатите од физичките лица:

  • Уплатите на дебитните картички веднаш се ставаат на располагање на картичката.
  • Уплатите на кредитните картички се ставаат на располагање на картичката еден час по извршената уплата. Доколку уплатата на кредитна картичка е извршена надвор од работното време на платниот промет, уплатените средства ќе бидат прокнижени и ставени на располагање на картичката следниот работен ден.
  • Поставени се трансакциски лимити за уплата кои се комуницираат со уплаќачот преку инфо-екранот од чекор 2 (лимитите може да бидат променети согласно интерните акти на Банката). Уплатата ќе биде успешна само дококолку е во рамки на препорачаните трансакциски лимити.
  • Месечен кумулативен лимит од уплати на картички на физички лица е 500.000 денари.


За уплатата од правните лица (компании):

  • Правните лица за уплата на готовина на банкомат мора да поседуваат Business картичка (се издава во брза постапка).
  • Сите уплати на правните лица се евидентираат како уплата на ДНЕВЕН ПАЗАР на главната (платежна) сметка на правното лице (не на наменската сметка на Visa Business картичката). Уплатите се евидентират на сметката истиот ден доколку се направени во работното време на платниот промет.
  • Уплатите надвор од работното време на платниот промет се евидентираат следниот работен ден.
  • Уплатите на дневниот пазар на банкоматите се без провизија во кое било време на денот.
  • Може да се направат повеќекратни уплати во денот, без дневен или месечен трансакциски лимит за уплата, но во една трансакција може да се внесат најмногу до 100 книжни банкноти.

Bankomati Sk (1)

Видео упатство

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.