header image header image

Наградна игра Mastercard - 80 х 50.000 денари

Правила за наградната игра

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

„80 среќни картички“
Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Сл. Весник на РСМ бр. 24/2011...168/24), се утврдуваат следните правила на наградната игра:
Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „80 среќни картички“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД - Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).
Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата за Мастеркард кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД – Скопје.
Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „80 среќни картички“.
Наградната игра ќе започне од 01.12.2024 и ќе трае до 28.02.2025 година.
Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 - годишна возраст), кои имаат дадено согласност за контактирање во маркетинг цели и се корисници на производот наведен во член 2,  Мастеркард кредитна или дебитна картичка од ОРГАНИЗАТОРОТ како и имаат најмалку една најава на дигиталните канали на ОРГАНИЗАТОРОТ (e-banking или m-banking) со секоја направена трансакција во периодот од 01.12.2024 до 28.02.2025 година, а кои на денот на извлекувањата на наградите немаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи или други кредитни производи на Банката. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 30 дена неподмирени достасани обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД - Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).
Лицата од ставот 1 од овој Член, за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка во трговија или на интернет во периодот од 01.12.2024 до 28.02.2025 година, добиваат: Една референца / учество во извлекувањата додека за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка користејќи GPay во периодот од 01.12.2024 до 28.02.2025 година добиваат: две референци / учества во извлекувањата.
Едно лице може да биде добитник на една од паричните награди само еднаш. Доколку повторно биде извлечено истото лице како добитник, истото ќе биде заменето со резервен добитник. 
Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на МАСТЕРКАРД кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД - Скопје, на територијата на Република Северна Македонија.
Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ
Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:
80 Парични награди во износ од 50.000,00 денари
Вкупно 4.000.000,00 денари
Вкупниот награден фонд со вклучен персонален данок од 15% изнесува 4.600.000,00 денари.
Наградите ќе бидат исплатени во готовина на денарска сметка на добитниците во Стопанска банка АД – Скопје најдоцна 60 дена од објавата на добитниците и откако истите ќе потпишат изјава дека не се во роднинска врска со вработени на ОРГАНИЗАТОРОТ. 
Член 7
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка во трговија или на интернет во периодот од 01.12.2024 до 28.02.2025 година, добиваат: Една референца / учество во извлекувањата додека за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка користејќи GPay во периодот од 01.12.2024 до 28.02.2025 година добиваат: две референци / учества во извлекувањата.
Едно лице може да биде добитник на една од паричните награди само еднаш.
Доколку повторно биде извлечено истото лице како добитник, ќе биде заменет со резервен добитник. 
Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.
Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.
Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата. 
Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци (име, презиме, ID број, број на трансакција) на добитниците на награди од наградната игра ќе бидат обработувани за целите на реализацијата на наградната игра од страна на Банката, и тоа: за избор на добитниците, за нивна објава во медиуми, на веб страницата на Банката www.stb.com.mk, како и на социјалните мрежи по извлекувањето на наградите, врз основа на претходно слободно дадена изречна согласност, со која добитникот изразува волја за обработка на неговите/нејзините лични податоци за конкретно наведената цел. 
За заштита на идентитетот на добитниците Банката ги објавува добитниците без обработка на лични податоци (објава на иницијали и град и ID број) од кои не може да се идентификува ниту директно ниту индиректно добитникот на наградата. 
Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на Банката. Обработката на податоците од страна на Банката е со цел полесно да се реализира и обработи секој добитник индивидуално во наградната игра. Банката гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување.
Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата www.stb.com.mk и фан профилот на Facebook https://www.facebook.com/stopanskabankaSK а ќе бидат отстранети од истите, во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон. Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку е-маил на privacy@stb.com.mk.
Учесникот во наградната игра е известен за сите информации согласно Законот за заштита на личните податоци во моментот на собирањето на личните податоци и е запознаен со Политиката за приватност на Стопанска банка АД - Скопје, објавени на веб страната на Организаторот.
ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.
 
Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Наградната игра ќе има две извлекувања, првото на 24.01.2025 година, второто на 14.03.2025 година. Двете извлекувања ќе бидат со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.
Ке се извршат две извлекувања и тоа:
-Првото извлекување ќе биде на 24.01.2025 година, во кое ќе учествуваа трансакциите направени во периодот од 01.12.2024 година до 15.01.2024 година. Во првото извлекување ќе бидат излечени 40 добитници, како и три резервни добитници за секое извлекување.
-Второто извлекување ќе биде на 14.03.2025 година, во кое ќе учествуваат трансакциите направени во периодот од 16.01.2025 година до 28.02.2025 година. Во второто излекување ќе бидат излечени 40 добитници, како и три резервни добитници за секое извлекување.
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
1. Двајца претставници од Стопанска банка АД - Скопје.
2. Нотар од Република Северна Македонија
Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето на наградите во дневен медиум како и на веб страницата www.stb.com.mk и профилите на социјалните мрежи Facebook https://www.facebook.com/stopanskabankaSK на ОРГАНИЗАТОРОТ со објавување на иницијали, град и ID број. 
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ на Банката, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.
Наградите ќе бидат исплатени на денарска сметка на добитниците во Стопанска банка АД – Скопје најдоцна до 60 дена од објавување на добитниците. 
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.
Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ  www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.
Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар). Исто така, право на учество немаат лица кои не и дозволиле на Банката да ги контактира во промотивни/маркетинг цели ниту клиенти кои во период од 3 месеци од денот на извлекување не се имаат најавено на дигиталните канали на Банката (e-banking или m-banking). Едно физичко лице може да биде добитник само на 1 од наградите. Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка АД – Скопје.
Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:
1. Видео материјали 
2. Рекламни пораки на веб страната на Стопанска банка АД - Скопје(www.stb.com.mk)
3. Рекламни пораки на радио,
4. Веб банери,
5. Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје,
6. E-mail и смс маркетинг,
7. Социјални медиуми.
Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерсвото за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
УПРАВЕН ОДБОР 
ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА БАНКАРСТВО НА МАЛО
Милица Чапаровска

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.