Купување на рати БЕЗ КАМАТА
Трговски локации за купување на рати без камата
Стопанска банка АД - Скопје на корисниците на кредитни картички им овозможува купување во трговската мрежа на рати БЕЗ КАМАТА. Банката постојано ја проширува мрежата на трговци со кои соработува овозможувајќи им на своите клиенти полесно да стигнат до посакуваното.
Листа на популарни трговски локации за купување на рати без камата
Можноста за купување на РАТИ БЕЗ КАМАТА претставува дополнителна и ексклузивна функционалност на кредитните картички која се повеќе се прифаќа од страна на трговците на општо задоволство на корисниците на кредитни картички за кои трансакциите на РАТИ БЕЗ КАМАТА стануваат најпосакуваниот избор за плаќање и од кои директно зависи нивната одлука за купување на производот кај одреден трговец.
Зошто “трансакции на РАТИ БЕЗ КАМАТА“ се посакувани од страна на купувачите, а во голем број на случаи имаат и одлучувачко влијание при донесувањето на одлуката или изборот за купување:
- Клиентот производот го добива на рати (од 2 до 36 зависно од одлуката на продавачот).
- За “трансакции на РАТИ БЕЗ КАМАТА“ за цело времетраење на ратите (од 2 до 36 зависно од одлуката на продавачот), клиентот нема камата за направената трансакција на рати.
- Клиентот лесно може временски да ја планира отплатата на производот на еднакви месечни рати (по сопствен избор до максимално дозволениот број на рати).
- Трансакции на рати без камата можат да се реализираат за било кој производ со цена од минимум 1000 денари (без ограничување на висината на поединечната рата).