Безбедност при плаќање
Безбедност при купување на интернет
Лесниот дизајн на веб-страниците, зголемениот сообраќај на социјалните мрежи и практичноста направија купувањето и продавањето на производи преку интернет да биде столб на модерното шопинг искуство. Пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување. За бизнисите, овој тренд истовремено претставува предизвици и значајни можности. Поголемата продажба и поголемиот сообраќај значат и поголем приход. Но исто така значат и позачестени измами бидејќи криминалците имаат уште повеќе можности да украдат како од потрошувачите, така и од трговците. Па, како треба да се подготват трговците на мало?
Како да го заштитите вашиот е-бизнис?
Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:
- Знајте го вашиот производ: некои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предмети.
- Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
- Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
- Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.
Повеќе совети како да се заштите себеси и вашиот бизнис од е-измамници може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce/emerchants
Поопшти совети за како да купувате безбедно на интернет може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce
Материјали за безбедни интернет купувања
Безбедност при бесконтактни плаќања
За поголема сигурност на вашите платежни картички и согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, при извршување на бесконтактни платежни трансакции со дебитни и кредитни картички издадени од СБ задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
- Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.
- Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.
-
Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 2.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена (овој лимит по бесконтактна трансакција на одредени ПОС терминали во државата може да изнесува 2.500 денари, а во други земји пак може да надминува 2.500 денари).
По направена трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.
ВАЖНО: Доколку имате одбиена трансакција при бесконтактно плаќање, за која се исклучени останати причини за одбивање (на пр. статус на картичка, салдо на сметка, дневни лимити и др.), Ве молиме побарајте од трговецот да биде извршена контактна трансакција со процесирање на чип и ПИН. По направена контактна трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.
При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата. По исклучок, само во многу ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминалот) може да се побара ПИН, при што треба да се внесе ПИН-от од физичката картичка.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на