header image header image

Безбедност при купување на интернет

Безбедност при купување на интернет

Лесниот дизајн на веб-страниците, зголемениот сообраќај на социјалните мрежи и практичноста направија купувањето и продавањето на производи преку интернет да биде столб на модерното шопинг искуство. Пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување. За бизнисите, овој тренд истовремено претставува предизвици и значајни можности. Поголемата продажба и поголемиот сообраќај значат и поголем приход. Но исто така значат и позачестени измами бидејќи криминалците имаат уште повеќе можности да украдат како од потрошувачите, така и од трговците. Па, како треба да се подготват трговците на мало?
 
Како да го заштитите вашиот е-бизнис?
Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:

  • Знајте го вашиот производ: некои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предмети.
  • Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
  • Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
  • Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.

Повеќе совети како да се заштите себеси и вашиот бизнис од е-измамници може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce/emerchants

Поопшти совети за како да купувате безбедно на интернет може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce

Материјали за безбедни интернет купувања

  • Леток 1 - добра или лоша зделка?
  • Леток 2 - совети за e-commerce бизниси
  • Леток 3 - што има во кутијата?
  • Леток 4 - безбедна продажба, сигурен приход
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.