VISA Gold
За производот
Предности на картичката
- Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка
- Можност за трансакции до 36 рати без камата
- Можност за подигнување на готовина без провизија секој последен викенд во месецот за време на промо КЕШ викендот
- Месечна отплата на 3% од вкупниот долг
- Бескаматен грејс период од 50 дена при целосно подмирување на долгот (за трансакциите направени во трговската мрежа)
- Максимален кредитен лимит од 600.000 денари, во зависност од примањата на клиентот
- Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена
- Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
- Дел од Golden Club- пакет поволности и попусти за корисниците на Visa Gold картичката кај трговците на СБ
- Меѓународни попусти и поволности на Visa
- Можност за бесплатно додавање на картичката во Google Wallet и Garmin Pay
- Visa Fast Track сервис на аеродромот во Скопје, кој овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Користење на картичката
- Плаќање во трговската мрежа без провизија
- Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
- Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
- Овозможена за користење во државата и во странство
- Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита со 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања
- Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
- Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
Лимити
- Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари
- Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на ПОС терминали во износ од 600.000 денари
- Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на интернет во износ од 600.000 денари
- Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство
- Дневен кумулативен износ на бесконтактни трансакции без внес на пин до 9.000 МКД (150 ЕУР) (доколку бесконтактните трансакции се извршуваат со физичка картичка). По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. Исклучок од правилото се трансакциите на патарини каде што посочените лимити не важат.
- Дневен кумулативен износ на трансакции со Google Pay до 20.000 МКД (350 ЕУР) и важи само за трансакциите направени во странство. По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. За трансакциите направени во Македонија не се поставени дневни трансакциски лимити за плаќања со Google Pay.
- Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
- За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Ценовни услови
Каматни стапки
- 11,60% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
- 12,89% променлива за други клиенти.
- 0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
- Каматата се пресметува само на искористениот износ
- Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот
Членарина
- Бесплатна за првата година
- Бесплатна за сите СБ Ексклузив клиенти
- 0 денари членарина
- со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
- Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
- Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
- 395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
- 595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
- 695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
- 895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
- Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од 1500 денари годишна членарина
- Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
- За подигање на готовина од банкоматите на СБ се задолжува денарската сметка за 2% но не помалку од 100 МКД од износот на трансакцијата
- За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 5% но не помалку од 100 МКД од износот на трансакцијата
- За подигање на готовина од банкоматите и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и во странство денарската сметка се задолжува со провизија од 100 МКД + 3% од подигнатиот износ.
- Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
- Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 300 МКД
Критериуми и документи
Кредитни критериуми
- Физички лица државјани на Република Северна Македонија
- Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
- Минимални примања од 40.000 денари
Потребни документи
- Лично пополнета и потпишано барање за Visa Gold кредитна картичка
- Важечка лична карта
- За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
- извод од трансакциска сметка од последните 6 месеци
- За клиенти што не примаат плата/пензија
- Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
- По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на