header image header image

GOOGLE PAY - Вашиот мобилен телефон, ваш нов паричник

Што е Google Pay?

Плаќајте со Google Pay™ слободно и лесно, насекаде!

ОТСЕГА можете бесплатно да ги додадете своите VISA и Mastercard платежни картички во Google Wallet™ и да плаќате брзо, лесно и безбедно во трговија или онлајн.

Google Pay™ е едноставен и безбеден начин за плаќање со помош на Android паметен телефон или часовник со Wear OS.

За користење на придобивките од Google Pay преземете ја апликација Google Wallet и бесплатно дигитализирајте ги Visa и Mastercard картичките од Стопанска банка.

Со Google Pay плаќајте на продажни места каде што има POS терминали оспособени за бесконтактно плаќање (contactless payment), но и за плаќања на интернет-страници со оспособена опција за плаќање со Google Pay, а дополнително можете да подигнувате и готовина од банкоматите со бесконтактен читач.

Симболот прикажан подолу се користи за означување на локации кај што може да се користи Google Pay:

Плаќање на POS терминал

Постапката на плаќање на POS терминал е многу едноставна и прикажана е подолу на едукативните видеа:

 

Доколку имате предефинирана главна картичка, доволно е само да биде телефонскиот уред со активен екран и таков да го приближите до терминалот за плаќање.

Доколку сакате да одберете друга картичка отворете го Google Wallet и одберете ја картичката па повторете ја постапката. На тој начин плаќањето е реализирано за што добивате порака и на екранот на терминалот.

Како и кај другите бесконтактни трансакции, така и при плаќање со Google Pay не е потребно да внесувате PIN за секое плаќање. Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно ќе биде да го допрете екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.

Предности и придобивки

Сите Visa и Mastercard картички од Стопанска банка АД - Скопје можете едноставно и бесплатно да ги дигитализирате, односно додадете во Google Wallet и безбедно да се чуваат во мобилниот уред. Со тоа се овозможува брзо и безбедно плаќање со паметен телефон или часовник, наместо со картичка.

Во Google Wallet можете да додадете неограничен број картички, а потоа да избереш со која картичка да го извршите плаќањето.

Google Pay овозможува да:

  • плаќате со Android телефон или паметен часовник наместо со картичка, секаде каде што има ПОС терминал со бесконтактен начин на плаќање;
  • подигнувате готовина од банкомати со бесконтактен читач без да ја носиш физичката картичка;
  • ја користите секоја картичка од Стопанска банка;
  • плаќате брзо, едноставно и безбедно во огромен број продавници, ресторани, веб-страници и апликации.


Преземете ја апликацијата Google Wallet од Google Play и дигитализирајте ги во неа платежните картички од Стопанска банка АД - Скопје. Можностите за користење картичка во Google Wallet се согласно расположивите средства на сметката на дебитната или на кредитната картичка.

Користење

За користење на Google Pay, потребно е да:

  • имате активна Visa или Mastercard картичка од Стопанска банка;
  • имате мобилен уред со оперативен систем Android или паметен часовник со оперативен систем WearOS;
  • имате ажуриран мобилен македонски телефонски број во Банката. Доколку личните податоци на клиентите не се ажурирани, ажурирањето може да се спроведе преку e-banking сервисот на Банката или во најблиската експозитура или филијала.

Активирањето на Google Pay се прави во само неколку едноставни чекори:

  • Преземање и инсталација на апликацијата Google Wallet преку Google Play.
  • Следете ги инструкциите, а потоа притиснете на знакот + и дигитализирајте ги сите платежни картички кои сакате да ги додадете
  • Верифицирајте ја картичката преку внес на кодот што ќе го добиете преку СМС порака од Банката. За да го завршите овој чекор, претходно осигурајте се дека во Банката имате доставено валиден мобилен македонски телефонски број.

Најчесто поставувани прашања

Google Pay е еден од најкористените дигитални паричници во Светот (заедно со Apple Pay). Од Јуни 2023 година Google Pay ја стави и нашата земја во листата на држави каде се овозможува користење на Google Pay, а Стопанска банка АД – Скопје уште истиот месец ја прави достапна за користење од страна на корисниците на Visa/MasterCard дебитни и кредитни картички издадени од Банката.

Google Pay е дигитален паричник кој овозможува едноставен и безбеден начин за плаќање со Android паметен телефон или часовник. Со дигитализирањето на картичките од Стопанска банка во Google Pay апликацијата, вашиот мобилен телефон станува дигитален паричник кој може да го користите за плаќање на сите продажни места во државата каде се подржани Visa/MasterCard картичките.

За користење на Google Pay треба да се преземе бесплатната апликација Google Wallet и бесплатно да се додадат во неа Visa и Mastercard картичките од Стопанска банка.

Со Google Pay може да се вршат плаќања на сите продажни места каде што има ПОС терминал за бесконтактно плаќање (contactless payment) како и , да се плаќа на интернет-страници каде што има опција за плаќање преку Google Pay., како и да се подигнува готовина од банкомати кои имаат бесконтактен читач.

Постапката на плаќање на ПОС терминал е многу едноставна: се доближува (отклучен или разбуден) мобилниот телефон до ПОС терминал – на ист начин како со бесконтактна картичка. Плаќањето/трансакцијата се извршува со картичката која е поставена како default-на во Google Wallet. За да се изврши плаќање, не е потребно да се отвори (повика) Google Pay апликацијата во телефонот. Ако плаќањето е до 2000 денари доволно е само да се разбуди телефонот, а ако плаќањето е над 2000 денари, потребно е да се отклучи (unlock) мобилниот уред. Доколку сакате да платите со кратичка која не е поставена како ваша default картичка – само тогаш е потребно пред плаќањето да ја отворите Google Pay апликацијата и да ја одберете (со листање) картичката со која сакате да платите.

 

Сите Visa и Mastercard картички од Стопанска банка може едноставно и бесплатно да се додадат во Google Wallet и безбедно да се чуваат во мобилен телефон. Со тоа се овозможува брзо и безбедно плаќање со паметен телефон или часовник наместо со картичка.

Во Google Wallet може да се додадат неограничен број картички, а потоа да се избере со која картичка да се изврши плаќањето.
Google Pay овозможува:

  • плаќање со Android телефон или паметен часовник наместо со картичка, секаде каде што има ПОС терминал со бесконтактен начин на плаќање;
  • подигнување готовина од банкомати со бесконтактен читач без физичката картичка;
  • брзо, едноставно и безбедно плаќање во безброј продавници, ресторани, веб-страници и апликации.

Апликацијата Google Wallet се презема од Google Play и каде што може да се додадат сите платежни картички од Стопанска банка (со исклучок на Visa Internet, но дополнително ќе биде додадена наскоро). Можностите за користење картичка во Google Wallet се согласно расположивите средства на сметката на дебитната или на кредитната картичка.

  • да има активна Visa или Mastercard картичка од Стопанска банка.
  • Да има мобилен уред со оперативен систем Android или паметен часовник со оперативен систем WearOS.
  • да има ажуриран мобилен телефонски број во СБ. Телефонскиот број и другите лични податоци клиентот може да ги ажурира преку е-banking и m-banking на СБ доколку имаат активен токен (софтверски или хардверски) или во најблиската филијала на СБ.
  1. Да се преземе апликацијата Google Wallet преку Google Play. Апикацијата е бесплатна за преземање.
  2. Додавањето на картичка во Google Wallet е едноставно со притискање на копчето “Add to Wallet” и следење на инструкциите. Додавањето може да се изврши со сликање на картичката или со мануелно внесување на 16-цифрениот број, датумот на важност и CVV кодот на картичката. По внес на податоците потребно е да се прифатат “Oпштите правила и услови за користење на картички во дигитална форма преку СБ”.
  3. Дигитализацијата на картичката се завршува со внес на шестцифрен активациски код кој клиентот го добива преку СМС или мејл од Стопананска банка (привремено испраќачот на СМС порака е “SMSInfo”, но наскоро ќе биде променет во “Stopanska”). Клиентот самиот одбира дали сака активацискиот код да го добие преку СМС или мејл. Пораките се испраќаат на телефонскиот број и мејлот кои што се наведени во ИД-то на клиентот во Т24. Доколку клиентот нема валидни податоци во системот на СБ нема да може да ја заврши дигитализацијата на картичката.

Да, Google Pay e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошок за симнување на апликацијата Google Wallet, нема трошок за додавање картички и нема провизии при плаќања.

Google Pay е безбеден начин за плаќање во продавници, преку апликации и преку Интернет.
Google Wallet е местото каде што корисниците ги зачувуваат своите дебитни и кредитни картички кои сакаат да ги користат за плаќање преку Google Pay, а во неа може да се чуваат и картички за лојалност, билети и друго.

Со Google Pay можеш да се плаќа на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач, како и на интернет-сајтови и апликации кои ја поддржуваат платформата.
“Кога купувате, само разбудете/активирајте го вашиот паметен телефон и допрете го до терминалот за бесконтактно плаќање. За трансакции над 2.000 мкд, како дополнителна безбедносна мерка, потребно е да го отклучите мобилниот уред. Услугата Google Pay е интегрирана во сите производи на Google и го олеснува купувањето на филмови, книги и плаќања во апликации од трети страни. Исто така, услугата ви овозможува да зачувате ваучери, картички за лојалност, за транспорт и картички за подарок и да ги користите при плаќање”.

Не е неопходно уредот да е секогаш поврзан на интернет при плаќање, туку може да се плаќа и без интернет пристап, а системот ќе го ажурира салдото по поврзување на интернет.

Да, Google Wallet ти овозможува да се додадат неограничен број платежни картички.

При плаќање со Google Pay на ПОС терминал најчесто нема потреба од внес на ПИН, без оглед на износот. По исклучок, само во ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминалот) може да се побара ПИН, при што треба да се внесе ПИН-от од физичката картичка.
Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно ќе биде да го допрете екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.

Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка во Google Wallet кореспондира со лимитот на твојата физичка картичка. Промена на лимитите за секоја од картичките од Стопанска банка може да се направи преку електронското банкарство, мобилната апликација, или со јавување во контакт центарот на СБ на телефонкиот број 02/3100-109.
Дополнително, напоменуваме дека за Google Pay се применува дневниот лимит за максимален број безконтактни трансакции за кои не е потребен ПИН код или отклучување (unlock) на мобилниот телефон. Максимален број на бесконтактни трансакции без внес на пин код во текот на денот е 10 трансакции. По надминување на овој лимит трансакцијата да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката.

Google Pay користи повеќеслојни најнапредни безбедносни структури преку кои обезбедува сигурност на исклучително високо ниво, препознаено насекаде во светот.од највисок степен. За секоја трансакција Google Pay креира уникатна виртуелна картичка (токен за плаќање), кој се менува со секоја нова трансакција, а не постои ни можност за двојна наплата, дури и ако мобилниот телефон два пати се доближи до ПОС терминалот.
Посебно внимание се посветува за безбедноста на картичките и сметките на корисниците така што, броевите на картичките не се зачувуваат на самиот уред, туку на серверот, па се намалува ризикот некој да ги украде броевите на картичката со кражба на мобилниот уред. Google Wallet користи токенизација, односно при подготовка на трансакција создава виртуелен број на сметка така што дури и трговецот не може да го дознае бројот на сметката. Повеќе информации за сигурноста на Google Pay може да прочитате на линкот: https://safety.google/

При онлајн купување, кога ќе бидеш подготвен да платиш едноставно избери Google Pay како начин на плаќање или кликни на „Плати со Google Pay“.
Средствата ќе бидат наплатени од сметката поврзана со картичката која е поставена како основна во Google Wallet.

Google Wallet е достапна за сите корисници на уреди со оперативен систем Android 5.2 и понов кои поддржуваат технологија NFC.

Кога се користи Google Wallet, картичките и информациите за трансакциите се зачувуваат во корисничкиот профил на Google (Google Account) кои не се наоѓаат локално на мобилниот уред. Во секој момент можеш да менуваат, зачувуваат и менуваат поставките. Повеќе детали се достапни на https://safety.google/.


Google ја нуди опцијата Пронајди го мојот уред (Find my device) преку кој може да се заклучи телефонот или да се избришат податоци.
Да се блокираат картичките преку е-банкинг/м-банкинг или дисректно да се јавите во 24/7 контакт центарот на СБ (02/3100109) со можност повторно да се деблокираат доколку се пронајде телефонот.
Да се блокираат токените со јавување во контакт центарот на СБ без да се блокираат картичките.

Да, Google Wallet апликацијата е достапна за паметни часовници со оперативен систем WearOS.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.