header image header image

Garmin Pay - Вашиот часовник, ваш нов паричник

Што е Garmin Pay?

Garmin Pay е дигитален паричник и платежна платформа за Garmin часовници со NFC технологија. Функционира преку претходно инсталирање на апликацијата Garmin Connect и додавање на картичките преку неа.

Додајте ги бесплатно своите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка во Garmin Connect и плаќајте брзо, лесно и безбедно во трговија или онлајн онаму каде што Garmin Pay и бесконтактните плаќања се прифаќаат.

Image (1)

Плаќање на POS терминал

По успешна верификација на картичката во Garmin Pay, твоето прво плаќање можеш да го направиш во кратки чекори:

  1. Притисни го главното странично копче на часовникот
  2. Избери ја иконата Garmin Pay Wallet
  3. Внеси го ПИН кодот
  4. Доближи го часовникот до ПОС терминалот и уплатата е извршена.

Предности и придобивки

Предности

Garmin Pay ти овозможува да ги дигитализираш сите твои Visa, и Mastercard платежни картички, а потоа да избереш со која картичка сакаш да го извршиш плаќањето. Можностите за користење на дигитализираната банкарска картичка се согласно расположливите средства на сметката на физичката картичка.

Со Garmin Pay твојот смарт часовник станува безбеден дигитален паричник.

Garmin Pay ти овозможува: 

  • да плаќаш со твојот Garmin часовник наместо со картичка или телефон, секаде каде што има ПОС терминали со бесконтактен начин на плаќање;
  • да вадиш готовина од банкомат;
  • плаќањето е брзо, едноставно и безбедно, и овозможено на голем број продажни места секаде во светот;
  • бесплатно преземање, активирање и користење на апликацијата.

Користење

Користење

Активирај ја апликацијата Garmin Connect во само неколку едноставни чекори:

  1. Преземи ја бесплатно апликацијата Garmin Connect која е достапна на Play Store и App Store.
  2. Откако ќе ја инсталираш Garmin Connect на твојот мобилен телефон, избери ја опцијата Garmin Pay и поврзи ја со твојот Garmin часовник.
  3. Потоа избери земја и регион, прифати ги општите Правила и услови за користење и креирај ПИН код кој ќе го користиш при плаќање со Garmin Pay.
  4. Избери ја картичката која сакаш да ја дигитализираш, внеси ги нејзините и твоите лични податоци.
  5. Внеси ја еднократната ОТП лозинка која ќе ја добиеш преку СМС од Стопанска банка и со тоа ќе ја верификуваш твојата картичка.

Најчесто поставувани прашања

Да, Garmin Pay e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошок за симнување на апликацијата Garmin Connect, нема трошок за додавање картички и нема провизии при плаќања.

Не, оваа платежна платформа може да се користи исклучиво со Garmin часовници кои имаат функционалност со Garmin Pay.

Провери дали твојот Garmin часовник има функционалност со Garmin Pay на следниот линк

 

Со Garmin Pay можеш да плаќаш на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач.

Да, Garmin Pay ти овозможува да додадеш до десет платежни картички.

 

Пред плаќање со Garmin Pay на ПОС терминал потребно е да го внесеш безбедносниот ПИН за да пристапиш до платежната апликацијата, а потоа можеш да извршиш плаќање.

Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка во Garmin Pay кореспондира со лимитот на твојата физичка картичка. Промена на лимитите за секоја од твоите картички од Стопанска банка може да направиш преку мобилната апликација м-банкинг/е-банкинг, или во најблиската филијала.

Да, оваа платежна апликација користи најнапредни безбедносни структури преку кои обезбедува највисок степен на сигурност и заштита на информациите на корисникот. При извршување на трансакција, Garmin Pay наместо точниот број на кредитната или дебитната картичка, испраќа виртуелни шифри за трансакција на сметката, кои ги претставуваат податоците на плаќачот. Исто така, при додавање на картичките во Garmin Pay, бројот на картичката не се зачувува ниту на уредот ниту на серверите на Garmin. 

Garmin Connect е достапна на Android уреди со 7.0 Android оперативен систем (компатибилен и со мобилен и со таблет) и на iOS уреди со 15.0 оперативен систем (компатибилен и со мобилен и со таблет).

Историјатот на трансакциите не можеш да го видиш на твојот паметен часовник. Истите можеш да ги видиш на Garmin Connect мобилната апликација, во делот Garmin Pay Wallet, и се разбира, преку електронското банкарство на Стопанска банка.

На Garmin Connect мобилната апликација веднаш можеш да ги избришеш дигитализираните картички, а дополнително можеш да се јавиш на 24 часовна поддршка во контакт центарот на Банката на (02) 3100 109.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.