header image header image

VISA Gold Debit

За производот

  • Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со 2 сметки- една во денари и една во евра
  • Без провизија за плаќање во трговската мрежа
  • 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
  • Корисниците на Visa Gold дебитната картичката добиваат посебен третман во услугата на шалтерот за опслужување на премиум клиенти достапен во филијалите Алуминка, Веро, ГТЦ, Јане Сандански, Кисела Вода, Мајка Тереза и Младина
  • Без провизија за подигнување на готовина од банкомати во мрежата на Стопанска банка
  • Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
  • Visa Gold е дел од Golden Club, што претставува пакет на поволности, попусти и бенефиции за корисниците на Visa Gold дебитната картичка. Повеќе инфо на stb.com.mk/goldenclub
  • Visa Gold картичката е исто дел од семејството на премиум корисници за кои што Visa International обезбедува посебен пакет на меѓународни попусти и поволности. Повеќе информации на Visa
  • Можност за бесплатно додавање на картичката во Google Wallet и Garmin Pay
  • Visa Fast Track сервис на аеродромот во Скопје, кој овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.

Употреба

  • Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
  • Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
  • Овозможена за користење во државата и во странство
  • Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
  • Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа

Лимити

  • Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари од денарската сметка и 4.000 евра од евровата сметка
  • Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари од денарската сметка и 9.750 евра од евровата сметка
  • Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странство
  • Дневен кумулативен износ на бесконтактни трансакции без внес на пин до 9.000 МКД (150 ЕУР) (доколку бесконтактните трансакции се извршуваат со физичка картичка). По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. Исклучок од правилото се трансакциите на патарини каде што посочените лимити не важат.
  • Дневен кумулативен износ на трансакции со Google Pay до 20.000 МКД (350 ЕУР) и важи само за трансакциите направени во странство. По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. За трансакциите направени во Македонија не се поставени дневни трансакциски лимити за плаќања со Google Pay. 
  • Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
  • За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109

Членство и провизии

Членство

  • 1.500 денари годишна членарина која се наплатува при издавањето на картичката
  • 0 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 200.000 денари во текот на една година
  • 600 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 100.000 денари во текот на една година
  • 0 денари членарина за СБ Ексклузив клиенти
  • 0 денари членарина за корисници на Visa Gold кредитна картичка од СБ
  • 0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
  • Без трошок за изработка на дополнителна картичка.

Провизии и други надоместоци

  • БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
  • За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија сметката поврзана со картичката се задолжува со провизија од 100МКД+2% од подигнатиот износ.
  • За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во странство сметката поврзана со картичката се задолжува со провизија од 150МКД+2% од подигнатиот износ.
  • Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
  • Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД
  • Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150 МКД

Критериуми и Документи

Критериуми

  • Физички лица државјани на Република Северна Македонија
  • Лица над 18 години
  • Доволно средства на денарската сметка за наплата на трошокот за годишна членарина

Документи

  • Лично пополнета и потпишано барање за Visa Gold Debit дебитна картичка
  • Важечка лична карта

Апликација

Општи правила и услови

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.