e-banking
Предности и функционалности
Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката или да извршувате трансакции од вашите сметки. За да пристапите на сервисот користете го копчето Е-најава позиционирано десно на врвот на екранот, додека за негово користење потребно е да имате активиран м-токен кој е интегриран во мобилната апликација на Банката.
ПРЕДНОСТИ
- Удобност и флексибилност со користење на различен уред (таблет, компјутер или лаптоп со интернет)
- Директен пристап преку линк, без посебна апликација
- Пониски провизии од шалтерските
- Едно корисничко име за пристап до сите сметки на кој сте овластени
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
- Увид во состојбата на вашите сметки
- Листа со трансакции со напредно пребарување
- Детали за депозитни и кредитни производи (амортизациони планови, листи на уплати, каматни стапки и сл.)
- Плаќања
- Интерни плаќања кон сметки во СБ
- Интербанкарски плаќања кон сметки во друга банка
- Кон буџетски корисник
- Збирен налог (плата, плаќање на данко, кирија и сл.)
- Менувачница
- Девизни плаќања, дознаки во странство
- Режиски трошоци
- Дополнителна уплата на депозит во СБ
- Отплата на рата за кредити и кредитни картички во СБ
- 24/7 трансфери кон интерни сметки на физички лица
- Ажурирање на клиентски податоци
- Апликација за дебитна картичка (Mastercard Debit, TOPSI MasterCard, VISA Classic, VISA Internet, VISA GOLD) преку e-banking
- Подесување на I-bank лимити на сметка (по трансакција, месечен)
- Евидентирање на траен налог за орочени депозити од видот Штеден план или Пчелка
- Управување со трансакциски лимити за користење на платежната картичка во земјата и странство
- Блокирање/Деблокирање на картичка
- Распределба на девизни приливи
- Можност за отварање на орочен депозит 12/13 и 18/20
- Регистрација на налози со иден датум (одложени плаќања)
- Можност за повторна употреба на веќе реализиран налог за креирање ново плаќање
- Можност за креирање на шаблон
Регистрирање
Услугите во рамките на Е-Регистрација (Е-ПИН) се достапни за клиенти на СБ со активна платежна сметка, активна платежна картичка и ажурирани податоци! Регистрацијата на една од наведените услуги е брзо, безбедно и лесно потребно е само да ги следите чекорите согласно одбраната опција!
________________________________________
Биди i-bank корисник, регистрирај се веднаш и добиј корисничко име, иницијална лозинка и активациски код!
Имаш проблем со плаќање или нов мобилен уред, побарај нов активациски код за Реактивирање/замена на М-токен?
НАПОМЕНА: М-токенот е бесплатен доколку во текот на календарската година кога истиот е активиран клиентот не направи барем една трансакција. Во спротивно ќе биде наплатен еднократен трошок од 100 мкд. М-токен се користи за потпишување на налози и е поврзан со вашето корисничко име и лозинка за најава во i-bank сервисите.
Заборавена лозинка или корисничко име?
Доколку имате заборавено лозинка или корисничко име за најава за да ги дознаете односно ресетирате самостојно, користете ги копчињата подолу. Овие услуги се достапни онлајн во било кое време.
Дознај корисничко име Промена на лозинка
Насоки за користење
Користењето на е-banking услугата е едноставно - не ви се потребни инсталации и подесувања, можете да ја користите од сите оперативни системи и преку сите интернет пребарувачи со најава на сервисот.
Доколку сепак ви е потребна помош при користење на e-banking услугата, обратете се на нашиот Контакт Центар на 02/3100 109 или испратете испратете e-mail на адресата kontaktcentar@stb.com.mk во било кое време од денот,
- Упатство за девизни налози за плаќања во странство
- Упатство за купување и продажба на девизи на e-banking
- Упатство за распоред на приливи на e-banking
- Упатство за поставување на трансакциски лимити и блокирање или деблокирање на картичка преку е-банкинг
ЧПП Прашања за i-bank
Безбедносни препораки
Тарифник и термински план
|
од понеделник до петок |
сабота |
Провизија |
|
Интерни налози на клиенти со платежна сметка во СБ |
24/7 |
0 ден. |
||
Интерни налози |
од 07:45 до 18:00 часот |
од 07:45 до 13:00 часот |
Без провизија |
|
1 МИПС |
од 07:45 до 16:15 часот |
/ |
100,00 ден. |
|
2 КИБС |
од 07:45 до 14:20 часот |
/ |
14,00 ден. |
|
Надоместок за прво издавање на М-токен |
/ |
100,00 ден еднократно годишно доколку не се направи барем еден налог во тековната година. *Ослободени од трошок клиенти на возраст до 28 и над 64 години и корисници на ПСОФ и ПСОФ.СОЦ. |
||
Надоместок за користење на дигиталните услуги | / |
35,00 ден. месечно *Ослободени од трошок клиенти на возраст до 28 и над 64 години и корисници на ПСОФ и ПСОФ.СОЦ. |
Видео упатства
Нашиот YouTube канал постојано го збогатуваме со видео упатства за бројните функционалности на дигиталните услуги. Подолу е листа на најгледаните упатства:
- Како да станам корисник на i-bank дигиталните канали?
- Како да се регистрирате за OTP токен?
- Како да плаќате со M-токен на e-banking?
- Како да промените заборавена лозинка или да дознаете заборавено корисничко име?
- Како да добивате известувања за промена на состојба на сметка?
- Ажурурање лични податоци преку e-banking?
- Блокирање и деблокирање на картички преку дигиталните услуги?
- Менувачница - како да купувате и продавате девизи од сопствени сметки?
За дополнителни информации обратете се на