header image header image

Флекси депозит

За производот

Карактеристики

  • Сметка по видување, при што директно се вршат сите уплати и исплати на и од сметката и е производ со можност за слободно и неограничено вложување и подигање на средства по избор, без ограничување.
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Валута МКД и ЕУР
  • Минимален почетен влог 30.000 МКД, односно 500 ЕУР
    • За дополнителните вложувања не е дефиниран минимален износ

Придобивки

  • Атрактивни каматни стапки како за орочен депозит
  • Можност за дополнителни уплати преку траен налог или i-bank канали
  • Увид во состојбата преку алтернативни канали
  • Можни се неограничени дополнителни вложувања на сметката на која се наоѓа основниот влог при што дополнително вложените средства се припишуваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата.
  • Можни се неограничени дополнителни подигања од средствата на сметката. При првото подигање во месецот (календарски месец) не се наплаќа провизија, а за секое наредно подигање после првото се наплаќа фиксен трошок од 5 ЕУР/300 МКД кој се задолжуваат од сметката за Флекси депозит.
  • Бројот и износот на дополнителните вложувања и повлекувања на сметката на Флекси депозитот не се ограничени

Овластување

  • Сопственикот на флекси сметка може да овласти друго полнолетно лице за располагање со сметката. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на сметката или дополнително во било кој период.

Каматни стапки

Каматните стапки се годишни, променливи.

Пресметка и исплата на камата

  • Каматата се пресметува последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви), на целата состојба на средства на сметката, односно се аплицира иста каматна стапка на целиот износ на средства.
  • Каматата се капитализира месечно на истата сметка на која е основниот влог при што на вкупниот износ СБ пресметува камата.
  • Клиентот располага со каматата првиот календарски ден во месецот со валута од последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви)

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Картичка за идентификација
  • Промените на сметката за Флекси депозитот се следат преку месечен извод на барање на клиентот на било кој шалтер на Банката
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.