header image header image

Пчелка - Детско штедење

За производот

Карактеристики

  • Детски орочен депозит на 36 месеци за малолетни лица
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Период на орочување 36 месеци
  • Валута МКД и ЕУР
  • Минимален износ на влог е 3.000 МКД, односно 50 ЕУР
    • за дополнителни вложување нема минимален износ
  • Начин на исплата на камата: на крај на период

Придобивки

  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
  • Можност за неограничено вложување на средства без разорочување на депозитот
  • Депозит со капитализација на пресметаната камата кон влогот
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку алтернативни канали

Дополнителни вложувања

  • Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот.
  • Дополнителни уплати можат да вршат и трети лица со соопштување на бројот на сметката на малолетното лице согласно законската регулатива.

Депозитот го отвораат, на име на детето

  • Законските застапници
  • Еден законски застапник - доколку детето живее само со едниот родител се презентира соодветен документ т.е. решение / одлука од надлежен орган
  • Уплатувач на средства - трето лице кое го отвора депозитот во присуство на двајцата законски застапници
  • Старателот на детето – за што се презентира документ т.е. решение од надлежен орган.

Политика на преорочување и разорочување

  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот 
  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот

Каматни стапки

Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот периодот на орочување.

Пресметка и исплата на камата

  • Каматата се пресметува на дневна основа и истата се капитализира кон влогот на фиксен датум, секогаш на 31ви декември.
  • Коминтентот располага со депозитот и со пресметаната камата на денот на достасаност на депозитот (календарскиот ден).

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

Документи

  • При отворање на депозитот се приложува:
    • Важечка лична карта за законските застапници, старателот или уплатувачот и
    • Извод од матична книга на родени (копија), со цел да се идентификува малолетното лице
  • По отворање на депозитот клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Штедна книшка на барање на клиентот

Пчелка Игра и Боенка

ИГРА И БОЕНКА СО НАШАТА ПЧЕЛКА

 

Користете ги нашите Пчелка игра и боенка заедно со вашите деца.


Зборувајте со нив додека играте и боите зошто е значајно да се штеди и што се може да се штеди, но зборувајте и за животната средина и големата улога која Пчелите ја имаат во одржување на нашиот еко систем.

 

Светскиот ден на пчелите се одбележува на 20.05 од страна на Обединетите нации во обид да се подигне јавната свест за клучната улога која пчелите и другите поленатори ја имаат во одржување на луѓето и на планетата здрави. 

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.