header image header image

Депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36 месеци

За производот

Карактеристики

  • Орочен депозит со месечна исплата на камата
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Период на орочување: 1, 2, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци
  • Валута: МКД, EUR, USD, GBP, CAD и AUD
  • Минимален износ на вложување: 
    • за орочени девизни депозити на 1, 2, 3 и 6 месеци
      МКД – 2.500; EUR – 500; USD – 500; AUD – 1.000; CAD – 1.000 и GBP – 300
    • за орочени девизни депозити на 12, 24, и на 36 месеци:
      МКД – 2.500; EUR – 250; USD – 250; AUD – 500; CAD – 500; GBP – 150;
  • Начин на исплата на камата: месечна

Придобивки

  • Можност за располагање со каматата на месечна основа
  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
  • Сигурна и стабилна банка, од доверба
  • Увид во состојбата преку i-bank каналите

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

  • Депозитот (главницата) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.
  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, при што за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.

Каматни стапки

Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот период на орочување на депозитот.

Пресметка и исплата на камата

  • Каматата се пресметува месечно од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекот на рокот за орочување.
  • Каматата се исплаќа месечно, на календарскиот ден на кој е орочен депозитот.
  • Каматата се пренесува на сметка по видување која ја одредил комитентот.

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на депозитот клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Штедна книшка на барање на клиентот
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.