header image header image

Државни хартии од вредност

Примарен пазар

Стопанска банка АД - Скопје како директен овластен учесник на примарните аукции на државни хартии од вредност организирани од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија им овозможува на правните и на физичките лица индиректно учество на примарниот пазар на државни хартии од вредност. За исплатата на обврските по основа на државни хартии од вредност гарантира Република Северна Македонија.

Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на достасување до 12 месеци, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на достасување подолг од 1 година. Минималниот износ за поединечно барање изнесува 10.000 МКД. Секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање на заокружени износи од 10.000 МКД.

Заради заштита на инвеститорите од валутен ризик (ризик од намалување на вредноста на домашната валута), Министерството за финансии издава државни хартии од вредност со девизна клаузула. Министерството за финансии во Проспектот одредува дали за продажба ќе понуди државни хартии од вредност со или без девизна клаузула.

Барањата од клиентите на Стопанска банка АД - Скопје се прибираат на пропишани обрасци и се базираат на договор склучен меѓу Стопанска банка АД - Скопје и клиентот.

Обрасци за државни записи:

Обрасци за државни обврзници:

Стопанска банка АД - Скопје наплатува провизија во висина од 0,11% од номиналниот износ на државните хартии од вредност за сите рочности, но не помалку од 400,00 МКД. За одбиените понуди на индиректните учесници на аукциите на државни хартии од вредност се наплатува провизија од 250,00 МКД.
На денот на одржување на аукцијата на државните хартии од вредност, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на потребните средства за купување на ДХВ, зголемен за износот на провизијата.

За подетални информации ве молиме да се обратите се на следниве контакти во Дирекцијата за тргување:

Телефони: (02) 3295- 107, (02) 3295- 108 и (02) 3295- 109
е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk

 

Секундарен Пазар

Секундарниот пазар на државни хартии од вредност го опфаќа купувањето и продажбата на веќе издадените државни записи и обврзници од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Тргувањето се одвива во директен контакт меѓу купувачите и продавачите, популарно наречено - преку шалтер (over-the-counter).

Стопанска Банка АД - Скопје не наплатуваа трошоци за порамнување на трансакциите склучени на секундарен пазар, а порамнувањето се извршува Т+0, т.е на денот на склучување на договорот.

Тргувањето на секундарен пазар на ДХВ му овозможува на клиентот активно и поефикасно управување на портфолиото. Банката е подготвена во секој момент да ги откупи ДХВ на клиентот како и да понуди на продажба на клиенти, ДХВ кои ги поседува во своето портфолио.

По договарањето на цената на купопродажба на ДХВ со дилерите од Дирекцијата за тргување потребно е да се пополни и достави следниов образец:

Инструкции за порамнување со хартии од вредност на пазари преку шалтер доставени од продавачот (купувачот) до Банката

За подетални информации ве молиме да се обратите се на следниве контакти во Дирекцијата за тргување:

Телефони: (02) 3295- 107, (02) 3295- 108 и (02) 3295- 109

е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk 

Граѓански обврзници

ГРАЃАНСКИ ОБВРЗНИЦИ

 

Стопанска банка АД - Скопје во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија ги застапува физичките лица (државјани на РСМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници.

Граѓанските обврзници се долгорочни хартии од вредност кои во име на Владата на Република Северна Македонија ги издава Министерството за финансии со рок на достасување од 2 години.
Номиналниот износ на една граѓанска обврзница изнесува 10.000 денари. На имателите на граѓанска обврзница им се исплатува фиксна камата еднаш годишно, а обврзницата достасува по истек на периодот на кој е издадена.

Граѓанските обврзници можат да бидат со или без девизна клаузула, за што Министерството за финансии одлучува пред секоја емисија и тоа е наведено во Проспектот.

Минималниот износ со кој може да учествува секој поединечен клиент на аукцијата изнесува 10.000 МКД. Секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање на заокружени износи од 10.000 МКД.

Стопанска банка АД - Скопје наплатува провизија во висина од 0,11% од номиналниот износ на граѓанската обврзница за сите рочности, но не помалку од 400,00 МКД.

Краен рок за уплата на средствата за купување на граѓанска обврзница е најдоцна 1 ден пред денот на одржување на аукцијата.
Клиентите на Стопанска банка АД - Скопје доставуваат Барање – пропишан Образец и потпишуваат Договор за купување на граѓанска обврзница на шалтерите на СБ и истовремено поднесуваат доказ за уплатени средства за обврзницата и провизијата за Банката.


Барање и Договор за купување на граѓански обврзници
Проспект за граѓанска обврзница
Калкулатор


За подетални информации може да се обратите на следниве контакт телефони:
Дирекцијата за тргување:
Телефони: (02) 3295- 107, (02) 3295- 109, (02) 3295- 102 и (02) 3295- 103
Дирекција за брокерско работење:
Телефони: (02) 3295- 405 и (02) 3295- 407
е-mail: gragjanska.obvrznica@stb.com.mk

 

 

Најчесто поставувани прашања

Граѓанска обврзница е долгорочна должничка хартија од вредност со рок на достасување подолг од една календарска година од денот на издавање, која ја издава Република Северна Македонија со цел прибирање на парични средства.

Граѓанската обврзница може да ја купуваат физички лица – државјани/граѓани на Република Северна Македонија

Општи карактеристики за секоја граѓанска обврзница се следниве:

  • Рочност – подолго од 1 година
  • Валута – со или без девизна клаузула
  • Номинален износ на една обврзница - 10.000 денари
  • Камата – фиксна за целиот период, а се исплатува еднаш годишно
  • Исплата на главницата – по истек на периодот на кој е издадена обврзницата
  • Минимален износ за купување – 10.000 денари

За секоја новoиздадена граѓанска обврзница Министерството за финансии издава Проспект за граѓански обврзници (пред почетокна аукцијата) во кој се дефинирани елементите за секоја обврзница: денови на достасување, каматна стапка, вкупен износ на обврзницата, време на прием на понуди, со или без девизна клаузула, ознака на аукцијата и сл.

Секој заинтересиран граѓанин кој сака да купи граѓанска обврзница, треба да достави барање до деловните банки кои се овластени директни учесници на аукциите на граѓански обврзници. За купување на обврзници преку Стопанска банка АД - Скопје Барањето за купување на граѓанска обврзница се доставува до која било нејзина филијала. Иницијалната продажба на граѓански обврзници се врши преку спроведување на аукции, а дополнително постои можност и за секундарно тргување односно продажба/купување пред датумот на достасување на обврзницата.

Задолжително треба да се достави образецот – Барање и Договор за купување на граѓанска обврзница како и да се уплатат средствата, најдоцна 1 (еден) работен ден пред денот на одржување на аукцијата

Да, граѓанската обврзница може да се понуди на продажба пред датумот на достасување на други физички и правни лица како и на банки. Продажбата може да биде преку Македонска берза на хартии од вредност или на пазарот преку шалтер (ОТЦ пазар).

Клиентот задолжително треба да биде регистриран и ажуриран во Стопанска банка АД - Скопје и да има платежна сметка во СБ.

Клиентите кои поднеле Барање за купување на граѓанска обврзница, средствата за купување на обврзницата заедно со износот за провизија треба од својата платежна сметка во Стопанска Банка АД Скопје да ги уплатат на платежната сметка на Банката со бр. 200000000099029 со повикување на бројот MKD120580100.

Не, гарант на обврските од издадената граѓанска обврзница е Република Северна Македонија. Банката е само посредник помеѓу граѓаните и Република Северна Македонија.

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.