Девизен пазар
Банката е позиционирана како банка-подржувач (маркет мејкер) на домашниот девизен пазар нудејќи мала маргина меѓу куповните и продажните курсеви. Дилерите на девизниот пазар котираат повластени курсеви за износи повисоки од 3.000 ЕУР за правни и износи повисоки од 10.000 ЕУР за физички лица со што клиентите на Банката добиваат многу поповолни цени од важечката курсна листа.
Трансакциите на девизен пазар се склучуваат секој работен ден од 8.30 до 16.00 часот. Предмет на купопродажба се валутите објавени на курсната листа на Банката. Намерите за купување / продавање на девизи може да се достават лично, по факс или по e-пошта во сите експозитури и филијали на Банката.
Клиентите имаат можност да ја овластат Банката за потпишување на заклучниците, како и за трансфер на девизи / денари во нивно име со што заштедуваат на време.
Правните и физичките лица може да купуваат и продаваат девизи и преку e-banking и m-banking сервисите на Стопанска Банка АД - Скопје.
За подетални информации контактирајте ја Дирекцијата за тргување:
Телефони: (02) 3295- 102, (02) 3295- 103, (02) 3295- 107 и (02) 3295- 109
е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на