header image header image

Брокерски услуги

Услуги

Брокерските услуги достапни од СБ Брокер се:

• Тргување со хартии од вредност на Македонската берза
• Тргување на странски берзи со акции, обврзници и ETF
• Можност за доставување на електронски налози за тргување преку E-TRADER
• Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со и без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
• Дејствување како покровител при котација;
• Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
• Чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)

 

 

Потребни документи

Потребни документи за физички лица

 

  1. Копија од документ за идентификација (лична карта или пасош)
  2. Парична сметка во Стопанска банка* или трансакциска сметка во друга банка (единствено за продавачи на хартии од вредност кои немаат трансакциска сметка во СБ)


Потребни документи за правни лица

 

  1. Тековна состојба, не постара од 6 месеци
  2. Листа на овластени потписници / образец заверен потпис - ЗП
  3. Копија од документ за идентификација на овластените потписници
  4. Одлука од правното лице за купување/продавање на хартии од вредност (зависно од статутот на правното лице)
  5. Парична сметка на правното лице*


*средства за купување на хартии од вредност се уплатуваат на сметка на купувачот или директно на сметка бр.100000070020077 (со образец ПП10) во Народна Банка на РСМ

Контакт информации

Контакт со СБ Брокер

Оддел за тргување

Тел: (02) 3295-405; 3295-406; 3295-407
Факс: (02) 3295-551
e-mail: broker@stb.com.mk


Оддел за чување на хартии од вредност

Тел: (02) 3295-356; Факс: (02) 3295-551
e-mail: custodySB@stb.com.mk

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.