„Нејасна… компликувана… застрашувачка…“ – дали и ти вака ја доживуваш твојата банка?
Сакаме нашите клиенти да не познаваат и разбираат, па затоа научи повеќе за значењето на одредени термини и користи ги попаметно услугите и производите што ги нудиме.
НПП TOPSI:
Што е TOPSI?
Банкарски услуги креирани од млади за млади. Посебен канал за комуникација и интеракција со Банката на начин соодветен и близок за клиентите на возраст од 18 до 28 години.
TOPSI MasterCard дебитна картичка
Платежна картичка со TOPSI дизајн од брендот Mastercard која може да се користи за бесконтактни плаќања и на Google Wallet.
Како до TOPSI
Се што е потребно е да се биде клиент на Стопанска банка со трансакциска сметка и обезбеден пристап до i-bank услугите. Клиент може да се регистрира во секоја филијала на Банката.
Основна сметка со која почнува првата соработка меѓу клиентот и Банката. На оваа сметка клиентите ја примаат платата и другите приходи, а ги реализираат и сите плаќања преку неа (сметки, рати, данок и сл.). На таа сметка може да го добиваат одобрениот кредит, средствата ги управуваат со платежни картички поврзани со сметката и, генерално, преку неа ги управуваат своите финансии. ЛИНК
Платежните картички се инструмент за безготовинско плаќање, но и средство за подигнување готовина во земјата или странство. Можат да бидат дебитни и кредитни.
Кредитните картички овозможуваат користење средства што Банката ги кредитира, односно кои клиентите ги немаат на својата сметка, но ги користат како заем од Банката. Секој месец клиентот намирува дел од искористениот износ, додека за преостанатиот долг се пресметува камата. ЛИНК
Дебитните картички се издаваат со отворање трансакциска сметка и на клиентите им овозможуваат подигнување готовина и плаќања во висина на средствата со кои располагаат на трансакциската сметка, вклучително и дозволениот минус. ЛИНК
Ова е најчест вид заем од Банката. Претставува можност клиентот да располага со средства со кои во моментот не располага, во висина од 1 до 2 плати. ЛИНК
Финансиски термин за месечната „рата за кредит“. Претставува збир на камата и на главнина. Најчесто ануитетот е ист секој месец, меѓутоа во неговиот состав се менува соодносот на главнина и на камата. Во првата година или првите ануитети најголемиот дел е на каматата, но тој однос се менува и во последните ануитети најголемиот износ во ануитетот е главнината, односно основата на кредитот.
План за отплата на кредитот, односно увид во месечните рати и нивниот состав, како и во роковите во кои треба да се плаќаат. Најчесто е во форма на табела со детален приказ на ануитет, камата, рата и преостанат долг за целиот рок на отплата.
Кокредитобарател е личност што гарантира враќање на кредитот така што се обврзува дека доколку кредитобарателот не може да ги исполни своите обврски, тој ќе продолжи со нивно отплаќање.
Тоа е износот што ѝ се плаќа на Банката како цена за користењето на средствата што таа институција ни ги зајмила. Од друга страна, пак, Банката исплаќа камата како награда за средствата што клиентите ги депонирале на депозитните производи.
Се изразува во проценти (најчесто на годишно ниво) и го покажува износот што се пресметува врз средствата што се предмет на калкулација (депозит или кредит).
За отворен штеден влог, Банката исплаќа одредена сума затоа што располага / ги инвестира вложените средства од клиентите и со тоа ја наградува нивната доверба.
За подигнат кредит, Банката наплаќа одредена сума за средствата што ги дала на заем со вкалкулирана стапка за ризик клиентот да не го врати кредитот. Тој ризик е основната причина што Банката наплаќа поголеми каматни стапки на кредитите отколку што плаќа каматни стапки на депозитите.
Пример, за краткорочен кредит од 10.000 денари и камата од 10% за една година, на Банката треба да ѝ се вратат 10.000 денари плус 10% од основната сума, значи вкупно 11.000 денари.
Износ на средства што клиентот ги подигнал од Банката. Во нашиот пример погоре, главница ќе бидат тие 10.000 денари.
Претставува договорната цена за отплата на кредитот (или за приход од депозитот) и врз основа на неа се врши пресметка на каматата. Може да биде фиксна или променлива.
Ја претставува вистинската вредност на кредитот и со неа лесно се прави споредба на условите под кои различни банки нудат исти видови кредити. Ефективната каматна стапка, покрај номинална каматна стапка, во годишниот процент ги вклучува сите трошоци, провизии и надомест платени од страна на клиентот во процесот на одобрување на кредитот.
Однапред определена каматна стапка, која не се менува за периодот на отплата на кредитот или за рочноста на депозитот.
Каматна стапка што може да се промени на повисоко или пониско ниво. Промената зависи од локалните економски услови, земајќи го предвид и Еурибор (Euro Interbank offered rate).
Износ што Банката го наплаќа во случај кога клиентот не ги намирил достасаните обврски во договорениот рок.
Износот што ѝ го плаќаме месечно на Банката за отплата на кредитот (главнина и камата)
Документ со кој клиентот ја овластува Банката да врши плаќања во негово име и од средствата на неговата транскациска сметка (како плаќање на режиските трошоци за домаќинството, рати за кредити и за картички), да врши пренос на средства од една на друга трансакциска сметка или да префрла средства на штедна книшка.
Орочен депозит е заштеда за која клиентот добива повисоки каматни стапки од редовните каматни стапки за депозити, затоа што потпишува договор со Банката дека нема да ги повлече парите одредено време. Најчесто станува збор за орочување од три месеци до неколку години. Можно е депозитот да се „разорочи“, односно парите да се подигнат предвреме, но во тој случај договорот се раскинува и на клиентот може да му биде исплатена камата како за депозит по видување или да плати пенали доколку веќе добил исплата на камата.
Штеден влог што им овозможува на клиентите во секое време да ги повлечат своите пари. За овој модел на штедење најчесто не постојат минимални депозити, штедачите може да го зголемат влогот кога сакаат или да ги подигнат заштедените средства во моментот кога ќе им станат потребни. Каматната стапка е пониска отколку кај орочените депозити.
Кредитната способност е финансиската способност на клиентот да го отплати достасаниот кредит, плус пресметаната камата. Кредитната способност се оценува врз основа на износот на месечните примања, статусот на клиентот и неговата историја, извештајот на Кредитното биро за задолжување и за редовноста во намирувањето на обврските, како и врз основа на документацијата, која Банката ја бара од потенцијалните кредитобаратели пред да го одобри.
Кога се во прашање поголеми суми за кредит, Банката покрај каматната стапка бара дополнителна гаранција дека кредитот ќе биде вратен. Обезбедувањето на кредитот може да биде во форма на недвижен имот (недвижности) што е во сопственост на кредитобарателот и чијашто вредност треба да биде најмалку еднаква на побаруваниот кредит, но најчесто и повеќе. Како обезбедување може да се користи и готовина, односно депозит.
Рефинансирање на кредитите е еден начин да се надмине проблемот со враќањето на кредитот. Ако клиентот поради промена на платежната моќ не може редовно да ги намирува обврските, или наоѓа подобри услови во друга банка, тогаш може да подигне кредит за рефинансирање на подолг временски рок и со пониски месечни рати, обединувајќи ги со него сите постојни обврски (од кредитни картички, дозволено пречекорување, потрошувачки кредит и сл.). Со овој кредит може да се направи предвремена отплата на кредити, но и кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и сл.
Банката води кредитно досие за секој клиент, кој користел кредитен производ. Точната и навремена отплата на ратата од кредитот е предуслов за добра кредитна историја, а таа, пак, помага за полесно и побрзо кредитирање на клиентот при следното аплицирање, но и за дополнителни кредитни олеснувања (поповолна каматна стапка, подолг рок на отплата, поедноставна административна процедура при склучување договор и сл.).
Покрај Банката, кредитната историја ја евалуира и Кредитно биро, кое на барање на Банката доставува информации за секој клиент (редовност во плаќање режиски трошоци, даноци, такси и други банкарски кредитни производи).
Единствен број за идентификација на Банките што се користи за пренесување електронски пораки, односно код што овозможува многу побрзо спроведување меѓународни трансакции. Од гледна точка на клиентот, исплати преку SWIFT се најбрз и најпогоден начин за вршење меѓународни плаќања.