header image

Резултати за првата половина од 2024 година

31. 7. 2024

Резултати за првата половина од 2024 година


Економските активности во првата половина од 2024 година се одвиваа во услови на пораст на бруто-домашниот производ од 1,2% и стапка на инфлација која се одржува на ниво од 3,5%-3,8%, при што се забележаа намалувања на извозните активности на ниво на државата, кои имаа свој одраз врз активностите на компаниите во банкарскиот сектор. Каматните стапки сè уште се одржуваат на релативно високо ниво, без промени на условите на домашната сцена, додека во јуни се реализира првото благо намалување на каматните стапки во еврозоната, во очекување дека трендот ќе продолжи од септември и понатаму. Геополитичката состојба е непроменета, со сè уште присутните воени конфликти на Русија и Украина, како и Израел и Палестина, кои имаат свој одраз врз финансиските и политичките текови. Во првата половина на годината се реализираа и редовните парламентарни и претседателски избори, во очекување на воспоставување нови политики и регулатива.

Во вака опишаните услови, Стопанска банка АД Скопје имаше уште еден успешен почеток на годината капитализирајќи ги развојните можности втемелени врз здравата и солидна основа на Банката, видно од сите клучни индикатори.

Добивката пред оданочување и исправка на вредност изнесува 2.743.466 илјади денари, што е 18% повеќе споредено со претходната година. Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 761.437 илјади денари, што е повеќе за 16% споредено со минатата година, која, покрај исправка за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување во првото полугодие од годината изнесува 1.982.029 илјади денари. Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик.

Од побитните позиции ги издвојуваме следните:

Нето-приходите од камати изнесуваат 3.102.745 илјади денари и се зголемени за 18% во однос на истиот период од минатата година, резултат во кој најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 428.151 илјада денари и се приближно на исто ниво во однос на истиот период од минатата година.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 508.225 илјади денари и 562.285 илјади денари, респективно и се за 11% повисоки во однос на истиот период од претходната година.
Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првото полугодие од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 761.437 илјади денари. Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 2.743.466 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.06.2024 година изнесува 1.982.029 илјади денари и е за 19% повисока во однос на истиот период од минатата година.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 134.149.001 илјада денари, односно е повисока во однос со крајот на годината за 2% или 2.786.076 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 27.489.544 илјади денари, што претставува зголемување за 7% во однос на крајот на 2023 година. Дополнително, Банката пренамени износ од 2.460.000 илјади денари од задржаната добивка од претходни години во добивка ограничена за распределба на акционерите во иднина, со што се зголемија сопствените средства и стапката на адекватност на капиталот, која изнесува 19%. Согласно Одлука за распределба на добивката за 2023 година, донесена од Собранието на акционери на 31.05.2024 година, добивката од претходната година се распредели во задржаната добивка расположлива за распределба во иднина во износ од 2.569.600 илјади денари и задржана добивка за инвестиции во износ од 900.000 илјади денари. И понатаму Банката е посветена да остварува добивка која ќе биде генератор на капиталот, кој се очекува и натаму да се зголемува.

Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата и трансформацијата за подобра услуга кон клиентите, поефикасно интерно работење и оптимизација на процесите, понуда на нови услуги и зајакнување на конкурентската позиција на пазарот. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање на населението, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите.

Оваа година Стопанска банка прославува 80 години од основањето и следствено целиот натамошен период ќе биде исполнет со многубројни новитети и изненадувања на задоволство на нашите клиенти и соработници, но и на пошироката заедница.

Стопанска Банка е позната по поддршката што ја дава низ многу проекти и настани во општеството, здравството, социјалната и животната средина, кои не само што ќе продолжат туку и ќе се интензивираат за подобра животната средина, инклузијата и создавањето подобар свет за сите.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.