
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на преземен имот реф бр.1-02/2025
Оглас за продажба на преземен имот реф бр.1-02/2025 за продажба на превземен имот на Стопанска банка АД – Скопје
- Деловни простории во Битола на ул.Јадранска со вкупна површина од 68м2 (ПР) за минимална/почетна цена од 32.500 ЕУР;
- Стан во Скопје, населба Чаир, (Комплекс Принц), на ул. Лазар Трпковски бр.88, стан 34,кат МА, со вкупна површина од 73м2 за минимална/почетна цена од 73.000ЕУР;
- Стан во Скопје, населба Чаир (Комплекс Принц), на ул. Лазар Трпковски бр.88, стан 1,кат К1, со вкупна површина од 84м2 за минимална/почетна цена од 84.000ЕУР;
- 2(две) куќи во Битола на ул.Кленоец бр.67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3, со површина од 88м2(ПР+01), односно 28м2(ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 17.000ЕУР;
- Куќа во с.Бориево, Струмица со вкупна површина од 253м3 (ПР+01) со земјиште од 1043м2 за минимална/почетна цена од 33.500ЕУР;
- 3(три) деловни простории-дуќани во Ресен (во трговскиот центар) на кат 01, секој со површина од 18м2 лоцирани еден до друг за вкупна минимална/почетна цена од 20.500ЕУР;
- 2(две) куќи во Гостивар во заеднички двор со површина од 196м2, односно од 139м2 на ул. Васил Василевски бр.9 за минимална/почетна цена за 210.000ЕУР;
- Производна хала во Кавадарци мв.Глишиќ, со вкупна површина од 5.322м2 и земјиште со вкупна површина од 6.553м2 за минимална/почетна цена од 572.000ЕУР;
- Куќа во Скопје, Сингелиќ, на ул.Жеглање 27Б, (ПО+ПР) со вкупна површина од 97м2 и земјиште – двор со вкупна површина од 254м2 и земјиште под објект со вкупна површина од 238м2 за минимална/почетна цена од 93.000ЕУР;
- Деловен простор во Богданци со површина од 62м2 запишан во имотен лист бр.1296 за КО Богданци за минимална/почетна цена од 40.000ЕУР;
Напомена: Стопанска банка АД - Скопје има банкомат во деловениот простор, а избраниот купувач ќе склучи договор за закуп со Банката. - Производни хали во Битола (поранешна текстилна фабрика Родон) Индустриски пат КО Битола, и тоа:
а) Згради бр:5,7,8,12,13,15,16,17,20,24 (како пакет) сите во вкупна површина од 3.822м2 согласно Имотен лист бр. 50759, бр.70897, бр.70776 за минимална/почетна цена од 292.000ЕУР;
б) Зграда 6 со површина од 5.052м2 во согласност со ИЛ бр. 50759 за минимална/почетна цена од 728.000ЕУР
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска банка АД - Скопје – Служба за управување со имот ул. “11 Октомври“ бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон;
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци);
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.