Колку повеќе VISA Gold трансакции – толку повеќе донации на Стопанска банка
Стопанска банка АД – Скопје, како општествено одговорна банка, воведува Хуманитарен Програм, во кој учествуваат сите корисници на VISA Gold кредитните картички. Имено, без никаков дополнителен трошок за корисниците, со секоја трансакција направена со Вашата VISA Gold картичка, Банката донира во хуманитарни и општествено корисни цели. Односно, со секоја трансакција во износ до 5.000 МКД, Банката издвојува 5 МКД за хуманитарни цели, додека пак со секоја трансакција над споменатиот износ овозможувате донација од 10 МКД. Со користењето на картичката, не само што добивате најдолг грејс период (до 50 дена), уживате во премиум статусот и поволностите кои ги нуди, туку и го зголемувате Вашиот придонес кон заедницата.
Користењето на Visa Gold кредитната картичка дополнително нé мотивира во остварување на хуманитарни и општествено корисни цели. Ви благодариме на придонесот кој го давате преку користењето на кредитната картичка. На следниот линк се достапни дел од донаторските и општествено одговорни активности кои ги организирала Банката во изминатите години.