КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

КАРАКТЕРИСТИКИ  НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА  


КОРИСТЕЊЕ ВИСА ИНТЕРНЕТ-КАРТИЧКА 
• ВИСА интернет-картичката е наменета исклучително за едноставни и безбедни купувања преку интернет. Може да купувате преку секоја веб-страница на која е истакнато логото на ВИСА и во која имате целосна доверба.
•  Картичката не се користи за купување во продавници , на банкомати или за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја вашата кредитна или дебитна картичка од Стопанска банка;
•  Во моментот на купување преку интернет вие треба да ги дадете следниве податоци:
    •  бројот истакнат на вашата ВИСА интернет-картичката,
    •  датумот на нејзино истекување и
    •  CVV2 кодот, кој го добивате при доделување/обновување на картичката

ЧУВАЊЕ НА ВАШАТА ВИСА ИНТЕРНЕТ-КАРТИЧКА 
•  Чувајте ја вашата картичка на безбедно место, како и секој друг инструмент за плаќање;
•  Не дозволувајте некој друг да ја користи вашата картичка;
•  Никогаш не ставајте ги вашите податоци за картичката во електронска пошта

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ИЗВЕШТАИ 
•  Редовно проверувајте ги извештаите за вашата ВИСА интернет-картичка;
•  Во случај да не можете да препознаете некои оригинални транскации, имајте предвид дека некои официјални имиња на трговците на мало се разликуваат од нивните веб-адреси, а пак некои трговци користат трансакциски услуги преку трети лица;
•  Ако забележите трансакции што не сте ги направиле, јавете се на телефонскиот број +389(0)2 3100 109; Овој број можете да го користите во секое време, 24 часа секој ден, за добивање какви било информации во врска со ВИСА работењето, пријавување губење на картичката или, пак, пријавување какви било сомнителни активности.

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ИНТЕРНЕТ-ТРГУВАЊЕ 
•  Купувајте кај веб-трговци на кои им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
•  Бидете сигурни дека веб-страницата од каде што купувате ви дозволува да користите безбеден веб-пребарувач како што се Интернет експлорер или Мозила или сл. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на пребарувачот се појави заклучена брава или непрекинат синџир. Во повеќето случаи, адресата на трговецот, исто така, ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или, пак, синџирот е прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други веб-страници;
•  Ако користите веб-страница што бара ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;
•  Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или, пак, запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e-адреса и интернет-адреса, која почнува со http:// - заедно со тоа што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето трговци на интернет им праќаат на потрошувачите e-пошта со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
•  Проверете ја политиката за достава и за враќање на производот. Веб-страницата, исто така, треба да ве извести за начинот на испорака и за трошоците, валутата што се користи, како и за даноците што се плаќаат. Имајте предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
•  Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на тој период за кој сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто што не го разбирате во целост – договор склучен на веб-страница е законски обврзувачки.

Печати