КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

VISA GOLD Debit

 

 VISA_Gold_Debit_2016

 

Опис на производот

Престижна Visa Gold  дебитна картичка наменета за лица со повисок животен стил и повисоко ниво на потрошувачки карактеристики. Картичката е со меѓународна важност и најширока прифатеност насекаде во светот. 

 

Visa Gold дебитната картичка на Стопанска банка, обезбедува потврда на вашиот премиум општествен статус кој се препознава при секоја употреба на картичката во продажната мрежа во Македонија или странство.

Visa Gold дебитната картичка е вашата VIP влезница во ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички кои насекаде се препознаени и наградени со највисоко ниво на услуга.

Бесконтактни плаќања, а до 1100 МКД и без внесување на ПИН код


 

Предности


Затоа што заслужувате повеќе – добивате повеќе! Две сметки (МКД и ЕУР) а една картичка.

 

    • Единствена картичка поврзана со две сметки (трансакциска сметка во МКД и сметка во ЕУР) со што постојано ги имате на располагање средствата од двете сметки преку Visa Gold  дебитната картичка.

    • Единствена картичка која ви овозможува заштеда од курсни разлики. Секогаш кога купувата во ЕУ земјите каде во примена е ЕУР валутата, трансакциите одат на товар на ЕУР сметката поврзана со вашата Visa Gold картичка – со што заштедувате на курсни разлики и конверзија меѓу валути.

    • Трансакциите во странство секогаш се извршуваат на товар на вашата ЕУР сметка, а доколку таму нема доволно средства тогаш на МКД сметката, овозможувајќи ви финансиска флекслибилност и контрола на купувањата.

    • Трансакциите во РМ секогаш се задолжуваат на товар на МКД сметката а само доколку таму нема доволно средства, на располагање се средствата од ЕУР сметката

 

Поволности кои ги добивате со користење на VISA Gold 

Visa Gold дебитната картичка е дел од Golden Club, што   претставува пакет на поволности кои ги добиваат корисниците на златни картички на Стопанска банка (дебитни и кредитни). Имено покрај одличните и ненадминати функционални карактеристики на дебитната Visa Gold картичка на Стопанска банка, корисниците ги добиваат пакетот на Golden Club поволности, попусти и ексклузивни бенефиции. Повеќе на goldenclub.stb.com.mk 

Со поседувањето на оваа картичка станувате дел од светското семејството на премиум корисници на картички за кои Visa International обезбедува посебен пакет на меѓународни попусти и поволности достапни за увид преку следниот web линк: http://www.visapremium.com/


Приоритет во услугата во филијали на Банката

Корисниците на Visa Gold дебитната картичка добиваат приоритетен третман во услугата во селектирани филијали на банката, наменети за опслужување на премиум клиенти.

 

Подигање готовина 

 Најниска провизија за подигнување на готовина од банкомати на други банки во земјава и странство

    • БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање готовина во денари од банкоматите и експозитурите на СБ
    • САМО 2% од подигнатиот износ на банкомати и шалтери на други банки во државата и странство

Користење интернет 

    • Кредитните и дебитните картички на Стопанска банка се први и во моментов единствени картички во РМ што го имаат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode), кој овозможува извршување интернет-трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот. Дознајте повеќе за предностите на VCAS 3D Secure на следниов линк.


Годишно членство 

    • 0 МКД за сите СБ ЕКСКЛУЗИВ клиенти

    • 0 МКД за сите корисници на VISA Gold кредитна картичка од СБ

    • 0 МКД за корисниците кои ке направат 200.000 МКД годишен промет со картичката во трговската мрежа

    • 600 МКД за корисниците кои ке направат 100.000 МКД годишен промет со картичката во трговската мрежа

    • 1.500 МКД годишно за сите останати клиенти

    •  До 2 дополнителни картички без трошок за годишно членство

    • Без трошок за годишно членство за постоечките корисници на VISA Classic дебитна картичка до Ноември 2017, а потоа согласно тарифата на СБ

    • 0 МКД  за првата година за постојните корисници на VISA Electron или MasterCard GO дебитна картичка кои изминатата година направиле промет во трговија од најмалку 100.000 МКД, а потоа согласно тарифата на СБ

 
Критериуми 

   • Физички лица, државјани на Р. Македонија

   • Полнолетни лица на возраст над 18 години 

   • Доволно средства на МКД сметката на клиентот за наплата на трошокот за годишно членство


Потребни документи 
    • Барање за VISA Gold дебитна картичка, лично пополнето и потпишано од клиентот

    • Копија од лична карта

Доколку сакате да аплицирате за VISA Gold картичка, отпечатете го барањето, пополнете го и доставете го во најблиската експозитура на Банката

ИНФО
Во контакт-центарот на Стопанска банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за која било информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката на телефонскиот број: + 389 (0)2 3100-109 или електронска пошта: kontaktcentar@stb.com.mk


За интегрален преглед на карактеристиките притиснете тука.

Печати