3D_Secure_slika_za_web

Уплата на физички лица за здравствено патничко осигурување за добивање виза за престој во Република Грција

Каде се врши уплата
на било кој шалтер на СБ во Република Македонија

Осигурителна компанија на која се врши уплата за здравствено патничко осигурување за добивање виза за престој воРепублика Грција преку СБ
Преку шалтерите на СБ може да се изврши уплата за здравствено патничко осигурување за добивање виза за престој во Република Грција преку осигурителните компании:
- Кјуби Македонија и
- Вардар АД Скопје

Кој може да врши уплата
- полнолетни физички лица: договарач или осигуреник

За кого може да се врши уплата
- за било кое физичко лице, без оглед на возраста. При уплатата, осигурителната компанија може да има одредени попусти или да бара доплати, во зависност од возраста на лицето за кое се врши уплатата. Одредена осигурителна компанија при уплатата може да има и други специфики.

Типови на осигурување и износ за уплата
Типовите на осигурување и износот кој треба да го уплати физичкото лице ги одредува осигурителната компанија, а информации за типовите на осигурување и износите за уплата може да се добијат преку:
- шалтерите на СБ
- рекламен материјал на осигурителната компанија кој може да се добие на шалтерите на СБ

Потребни документи за уплата
- пополнета и потпишана изјава, образец на СБ, со која физичкото лице самостојно, без влијание на работник на СБ ја избира осигурителната компанија преку која физичкото лице сака да го изврши осигурувањето и се определува за типот на осигурувањето
- важечка патна исправа-пасош за секое лице (домашно или странско) наведено во изјавата, за кое се врши уплата за патничко осигурување, без оглед дали е договарач или осигуреник

Како се врши уплатата
Уплатата за патничко осигурување се врши во денари и тоа:
- во готови пари, на шалтер на СБ
- со пренос на средства од сметка отворена во СБ

Провизија за предавање на полиси
Предавањето на полисите на уплатувачите од страна на СБ е без провизија

Документи за извршена уплата
СБ му издава на уплатувачот на средствата:
- слип за извршена уплата за здравствено патничко осигурување за добивање на виза за престој во Република Грција, потпишан од овластено лице на СБ и од уплатувачот на средствата
- оригинален примерок од полиса за здравствено патничко осигурување при патување во Република Грција, потпишана од осигурителната компанија и од физичкото лице уплатувач

Контрола на податоците содржани на полисата
Физичкото лице уплатувач на средствата за патничко осигурување пред потпишувањето на полисата врши проверка на точноста на податоците на полисата.

При евентуално констатирање на погрешен податок на полисата, работникот на СБ ја поништува и издава нова полиса

При констатирање на грешен податок на полисата после нејзиното издавање и потпишување од физичкото лице, но најдоцна до денот на почетокот на важноста на полисата, може да се изврши поништување и издавање на нова полиса на барање на договарачот доколку ги достави во СБ полисата на која е констатирана грешка и слипот за извршената уплата

Неиздадена виза за престој во Република Грција
Во случај ако физичкото лице кое извршило уплата за добивање на полиса, не добие виза за престој во Република Грција, повраќај на уплатените средства се врши од и во осигурителната компанија

Дополнителни информации и рекламации
За сите евентуални рекламации и за дополнителни информации поврзани со патничкото осигурување треба да се обратите до одредената осигурителна компанија од која се издава / е издадена полисата

Печати