3D_Secure_slika_za_web

Уплата на физички лица за добивање виза за престој во Република Грција


Каде се врши уплата
на било кој шалтер на СБ во Република Македонија

Потребни документи за идентификација
- лична карта, за домашно физичко лице
- пасош, за странско физичко лице

Износ кој се уплаќа
За добивање на една виза за престој во Република Грција се уплаќа износ од 35 EUR. Уплатените средства се неповратни.

Пријавување за интервју за добивање виза за престој
Пријавување за интервју за добивање виза за престој во Република Грција се врши преку Call центарот во Канцеларијата за врски на Република Македонија во Скопје. Лицето кое се пријавува за интервју може да пријави повеќе лица за интервју, а уплатата на средствата за добивање виза за престој за сите пријавени лица ја врши лицето кое го закажало интервјуто

Рок за уплата на средствата во СБ за добивање виза за престој
- најрано наредниот работен ден по денот на закажаниот термин за поднесување на апликација за виза
- најдоцна на денот одреден од страна на Канцеларијата за врски на Република Грција

Како се врши уплатата
- во готови пари, на шалтер на СБ
- со пренос на средства од сметка отворена во СБ

За кого се уплаќа
- за бараниот број на лица за кои во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје е закажан термин за интервју за добивање на виза за престој , евидентирани во еден ИД број
- за помал број на лица од вкупниот број на евидентирани во еден ИД број

Дополнителни уплати
Не се дозволени за иста апликација

Документ за извршена уплата
СБ му издава на уплатувачот на средствата слип за извршена уплата за добивање на виза за престој во Република Грција, потпишан од овластено лице на СБ и од уплатувачот на средствата

Презентирање на документот за уплата за виза за престој
Уплатувачот го презентира документот добиен од СБ за извршена уплата за добивање на виза за престој во Канцеларијата за врски на Република Грција, на денот на закажаниот термин за интервју

Провизија
За уплата за секоја поединечна виза за престој СБ наплатува провизија од уплатувачот согласно Тарифата за надоместоци

Презакажување термин за интервју
Доколку до денот кога се бара презакажување нов термин за интервју не е извршена уплата во СБ за добивање виза за престој, Канцеларијата за врски на Република Грција по своја одлука може да го презакаже терминот за интервју


Печати