КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

e-com image

ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

 

Извршување на платниот промет во Република Македонија

Согласно новиот Закон за платен промет (Сл. весник бр . 113/2007) платниот промет во Република Македонија се извршува единствено преку трансакциски сметки кои се пријавени во единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).

 

Учесници во платниот промет

Учесници во платниот промет во Република Македонија се домашните и странските правни или физички лица кои вршат регистрирана дејност или други физички лица кои вршат плаќања во денари преку носителите на платниот промет (НБРМ, банките и Трезорот при Министерството за финансии како посебен носител на платен промет за буџетските корисници и единките корисници)

 

Идентификација на учесник во платниот промет

Учесникот во платниот промет се идентификува преку трансакциската сметка која е составена од 15 бројки и претставува единствен и неповторлив нумерички податок преку кој се вршат плаќања . Учесникот во платниот промет може да има повеќе трансакциски сметки кај еден носител на платниот промет и трансакциски сметки кај повеќе носители на платниот промет .

 

Недозволено плаќање

Согласно Законот за платен промет не е дозволено плаќање меѓу учесниците во платниот промет кое не се извршува преку трансакциски сметки.

 

Автоматско отворање на трансакциски сметки во СБ на физички лица иматели на сметки по видување

Стопанска банка АД-Скопје (СБ) автоматски им отвори трасакциски сметки на сите комитенти на СБ физички лица иматели на тековни трансакциски сметки, чековни сметки, денарски штедни влогови по видување (штедни влогови-сметки, Пакет плус и пластични картички) со цел за да им овозможи на своите комитенти физички лица:

 

- непречено да ги вршат плаќањата на своите обврски (плаќање на комунални трошоци, рати за кредити, обврски по купени стоки и услуги, пренос на средства по други основи, и др. плаќања)

- непречено да примаат средства на своите трансакциски сметки (прием на плати, пензии, надоместоци по разни основи и други плаќања)

- непречено да можат во СБ да орочуваат средства, да ја примат каматата од орочените средства, да ги примат средствата од одобрените кредити, да ги плаќаат обврските по кредитите, обврските по кредитни картички и другите обврски кон СБ

 

Административни формалности за физичките лица

Физичките лица комитенти на СБ не мора да брзаат во СБ за добивање на трансакциска сметка. Бројот на својата трансакциска сметка можат да го добијат со добивање на ново картонче, при првото доаѓање во СБ за завршување на некоја редовна активност. Бројот на трансакциската сметка можат да го видат и на изводот на својата сметка

 

Административни формалности за правните лица

СБ им овозможи на правните лица исплатувачи на плати, пензии и други исплати за физичките лица, во соработка со СБ и со примена на посебна процедура, да ги добијат броевите на трансакциските сметки на нивните вработени (корисници на приливот) со што без проблеми, да ја реализираат исплатата на трансакциските сметки на физичките лица вработени кај одредените правни лица.

Печати