КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Траен налог

Резидент сопственик на депозит по видување, или ополномоштено лице со неограничено право на располагање со депозитот по видување, може да и даде налог на СБ, таа во негово име да врши плаќања на одредена услуга во денари во земјата :
- секој месец, од неговата сметка по видување, на сметка на одредено правно лице, на износ содржан во документ за плаќање
- на точно утврден износ и на точно одреден ден во месецот

Трајниот налог се издава на посебен образец пропишан од СБ во кој прецизно се наведуваат податоците: на која сметка се дава траен налог, податоци за сопственикот на депозитот по видување,на која обврска се однесува трајниот налог, инструкции за плаќањето, ден и износ ако се познати, називот на правното лице кое ја издава сметката за плаќање по трајниот налог, инструкции за пренос на средства на друга сметка, ако трајниот налог се издава за пренос на средства, податоци за почетокот на реализација на трајниот налог и датум на издавање. Трајниот налог го потпишуваат референтот во СБ и лицето кое го дава трајниот налог.

Со трајниот налог комитентот може да и даде налог на СБ, таа во негово име да врши пренос на средства на друга сметка ( пример за отплата на обврски по кредит одобрен од СБ)

Трајниот налог за вршење на плаќања се издава за секоја поединечна услуга.

Плаќање на обврска во денари врз основа на траен налог од девизна депозитна сметка по видување, се спроведува со откуп на девизите по куповен курс за девизи од курсната листа на СБ, на денот на плаќањето и согласно други акти на СБ

СБ нема обврска да го реализира трајниот налог, ако на депозитната сметка на денот на плаќањето нема средства, или нема доволно средства на располагање.

Ако сопственикот на сметката не сака да се врши плаќања по веќе издаден трен налог, во тој случај тој и дава на СБ отповикување на трен налог за вршење на плаќања и пренос на средства на посебен образец пропишан од СБ. Во овој образец се наведуваат податоците кои биле дадени при издавање на трајниот налог и податоци за датумот од кога се отповикува трајниот налог и за датумот на отповикување. Образецот за отповикување траен налог го потпишуваат референтот на СБ и сопственикот на сметката.

Плаќање на обврски по основ на траен налог СБ ги врши без наплата на провизија од сопственикот на депозитот.

Печати