КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТЕКОВНИ ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ 

 

Отвoрање во

Експозитурите на СБ 

 

Право на отвoрање
Право на отворање тековна трансакциска сметка имаат сите полнолетни граѓани што остваруваат примања од редовен работен однос, од вршење слободна професионална дејност или занимање, пензиско, инвалидско осигурување или по друга основа.


Валута
МКД


Услови за отвoрање на тековна трансакциска сметка и потребни обрасци 

1.Со насочување на плата преку Банката 
-Писмено барање од правното лице 
-Список на вработени за кои се отвора тековна трансакциска сметка 
-Фотокопија од лична карта 
-Бланко сопствена меница потпишана на лице место во Банката
2. Индивидуално отварање на тековна трансакциска сметка 
-Пополнето барање од странката (на пропишан образец од Банката) 
-Фотокопија од лична карта 
-Потврда за редовен работен однос од барателот


 

Документ што го издава филијалата на СБ 

При отворањето тековна трансакциска сметка СБ на комитентот му издава: 
- договор за тековна трансакциска сметка 
- платежна картичка за користење во трговска мрежа и на банкомати

 

Инструменти за располагање со средствата од тековна трансакциска сметка

- Платежна картичка VISA/MasterCard за користење во трговската мрежа и банкоматите во Македонија и во светот
- Паричните средства на паричната картичка ќе можат да се користат во согласност со општите правила за добивање и за користење дебитна картичка на Стопанска банка.

 

Уплати
- Во готово во сите филијали на кој било шалтер на СБ
- пренос на плата од работодавец
- пренос од друга сметка во СБ
- пренос од сметка во друга банка
- пренос на средства преку системот за електронско банкарство


Исплати
- подигање готовина
- плаќање во трговија со платежната картичка
- плаќање режимски трошоци
- траен налог
- пренос на друга сметка во СБ
- пренос на сметка во друга банка
- пренос на средства преку системот за електронско банкарство


Траен налог
Сопственикот на тековна трансакциската сметка може да даде траен налог за вршење на плаќање, во свое име а во висина на средствата на сопствената тековна трансакциска сметка за трошоци во одредени износи. Трајниот налог може да се користи за редовни трошоци на домаќинство, отплата на кредити одобрени од Стопанска банка А.Д. Скопје и слично


Овластување за располагање со средствата од тековна трансакциската сметка
Сопственикот на тековна трансакциска сметка може да даде овластување на друго полнолетно лице, кое ќе располага со средствата од неговата тековна трансакциска сметка. Овластување може да се издаде во моментот на отворање тековна трансакциска сметка или, дополнително, во кој било период.


Провизија по тековна трансакциска сметка
- Провизија за дебитна трансакција иницирана од клиентот - 2,00 денари (Минимум 20 денари месечно и максимум 30 денари месечно)
Провизијата се наплаќа месечно.


Траење на овластувањето 
- Додека е отворена тековната трансакциска сметка или 
- до отповикување од сопственикот на тековната трансакциска сметка


Дозволено пречекорување по тековни трансакциски сметки
Банката овозможува, на барање на комитентот, склучување договор за користење дозволено пречекорување по тековни сметки во висина на утврдените износи за дозволено пречекорување. За обнова на дозволено пречекорување се наплаќа 200 денари еднократно.
 


Траење на дозволеното пречекорување
- до 12 (дванаесет) месеци


Камати
- Позитивна камата на позитивна состојба на сметка
- Негативна камата на дозволено пречекорување
- Законска затезна камата за надминување на дозволено пречекорување
- Каматите се пресметуваат од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка утврдена со одлука на СБ и каматната стапка е променлива. Пресметување на каматата се врши месечно. 
Стопанска банка, во согласност со важечката регулатива редовно ги објавува важечките каматни стапки на веб-страницата, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.


Тајност
- Податоците на тековната трансакциска сметка се деловна тајна на Банката


Соопштување податоци за тековна трансакциска сметка
- Податоците, документите и информациите за комитенти, сметки и за трансакции на сметки можат да се соопштат во следниве случаи:
- ако со закон е пропишано објавување на податоците и на информациите
- ако комитентот ѝ дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
- на писмено барање на надлежен суд за водење на постапки што се во рамките на неговите надлежности
- за потребите на Народната банка на Република Македонија или на друг супервизорски орган овластен со закон
- по писмено барање на Управата за јавни пригоди за водење постапки што се во рамките на нејзините надлежности
- ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување перење пари и финансирање тероризам, во согласност со закон
- ако податоците се соопштуваат на Бирото за финансиска полиција, во согласност со закон
- на писмено барање на Државниот девизен инспекторат за контрола на девизното работење
- на писмено барање на Фондот за осигурување депозити, во согласност со закон
- ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирањето на Кредитниот регистар на НБРМ
- ако податоците се соопштуваат на овластен извршител, по претходно доставено писмено барање во СБ на соодветен образец (образец 6) пропишан со правилникот за формата, содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти што ги изработува извршителот при преземањето на извршните дејства

 


Извод за состојба на тековна трансакциската сметка
Информација за состојбата на тековната трансакциска сметка и за нејзините промени може да се добие бесплатно: 
- на кој било шалтер на СБ во Република Македонија и 
- на интернет преку сервисот за е-банкарство на Банката


Други можности што ги нуди тековната трансакциска сметка 
-Со уредно користење на тековната трансакциска сметка корисникот може да добие привилегиран пристап до одредени производи на Банката


Вршење други услуги по тековни сметки 
За други услугите со тековни сметки на располагање е целосната мрежа од експозитури и од филијали на Банката во Република Македонија


Контакт-информации 
За сите прашања поврзани со тековните трансакциски сметки на располагање ви се експозитурите на Банката и 24 часа контакт-центарот (02) 3100 109

Печати