КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

02.06.2014

 

Стопанска банка АД – Скопје поставува регионални стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

Банката стана прв корисник на напредниот информациски производ од VISA кој нуди моќна превенција од злоупотреба при online плаќања и минимизирање на пречки во e-commerce трансакциите.

 

Стопанска банка АД – Скопје е горда што стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмот како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје.

 
„Инспиративно е да се види Банка толку посветена на своите клиенти, што е подготвена да направи екстра напори и да имплементира нова технологија која ќе обезбеди дополнително ниво на заштита на интернет трансакциите за клиентите“, изјави Катажена Сошин, Регионален менаџер CIS&SEE, од VISA при нејзината посета на Стопанска банка АД - Скопје. „VCAS ќе и помогне на Стопанска банка да го намали ризикот од e-commerce злоупотреби користејќи анализа на ризикот во реално време. Ова решение е уште еден пример за тоа како ние ги користиме комплексните сознанија, кои VISA при процесирање на трансакциите ги собира, со цел да создадеме дополнителна вредност за трговците и нашите партнери финансиски институции. Бидејќи решението само ги известува клиентите при најризичните трансакции, повеќето клиенти ќе имаат брза и лесна автентикација на плаќања користејќи го Verified by Visa.“
 

„Со овој новитет, нашите клиенти имаат повеќе од само картичка во своите паричници, имаат клуч до e-commerce трансакции ширум светот, достапен 24/7. Корисниците на картички од Стопанска банка се први во земјава и пошироко да уживаат во највисокото ниво на заштита при online плаќања и за истото немаат дополнителни трошоци ниту мораат да направат екстра напор за да го добијат. Горди сме што продолжуваме да поставуваме стандарди за најдобро банкарско работење и нашиот тим останува целосно посветен на нашите клиенти благодарение на современата технологија која ни е секојдневно подостапна“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје

28.05.2014

 

Ученици од ОУ Григор Прличев во посета на i-bank store

 

На наше големо задоволство ученици од ОУ Григор Прличев ја посетија денеска нашата i-bank store филијала и научија многу работи за штедењето, за нашиот “Пчелка„ детски депозит.

Малите гости играа, вежбаа и боеја во пријатната атмосфера која заедно ја создадовме.

Голем поздрав до нашите нови пријатели и очекуваме уште многу вакви дружења во иднина во i-bank store, Банката од иднината.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна



 

 

23.05.2014

  

Оглас за вработување на Советник за услуги со клиенти за регион Скопје

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 


 

 

21.05.2014

 

Соопштение за неработен ден - 24.05.2014 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

 

По повод државниот празник 24ти Мај – „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2014 (сабота).

 


 

 

22.05.2013

 

Стопанска банка присутна на Бизнис денот на стопанствениците во Индустриска Зона Визбегово


На иницијатива на Здружението на стопанственици во индустриска зона Визбегово, се одржа Бизнис Ден, со цел претставување на компаниите во зоната, како и воспоставување на деловно партнерски односи. Настанот се одржа во просториите на Темпо 99 во организација на здружението, каде присуствуваа вкупно 40-тина компании со свои штандови и претставници, од различни индустрии и сектори - банкарски, кондиторика, автомобилски, итн.

 


 21.05.2014

 

Синдикатот на Стопанска банка учесник на Спортските банкарски игри 2014 во Охрид

 

На традиционалните спортски банкарските игри 2014 во организација на Синдикатот на финансиски организации во РМ, одржани во Охрид од 15.05.2014 до 18.05.2014 година, вработените на Стопанска банка АД – Скопје освоија вкупно прво место во Одбојка Мажи, Стрелаштво Жени и во Шах натпреварите.

Дополнително Банката покажа успех и во другите натпревари освојувајќи уште 2 втори и 7 трети места. 

Со вкупно 28 бодови, во генерален пласман во сите спортови, вработените на Стопанска банка АД – Скопје го освоија 3-то место во конкуренција од  12 финансиски институции - учесници.

 

Банката им честита на вработените кои зедоа учество на овогодинешните спортски игри и продолжува да ги поддржува во градењето на тимски дух преку бројните спортски активности во текот на целата година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

19.05.2014

 

Извлечен среќниот добитник од наградната игра со VISA кредитните картички

 

Согласно правилата на наградната игра „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“ , во присуство на нотар, со помош на компјутерско решение по случаен избор извлечен беше среќниот добитник на патување за 2 лица во Бразил на FIFA World Cup 2014.

Среќниот добитник е: А.Ш. со ID број 2005860, адреса: ул. Востаничка бр. 114, Скопје. Добитникот е објавен во дневниот весник Дневник на 19.05.2014

 

Банката го контактираше добитникот и подготовиките за реализација на патувањето се веќе во тек. На добитникот и сопатникот им посакуваме прекрасно доживување за кое ќе не известат во детали по враќањето на 18.06.2014.

 

Стопанска банка АД - Скопје 

На ваша страна

 

 

28.04.2014

 

Соопштение за неработен ден - 1ви мај (четврток)


Почитувани клиенти,
 

По повод државниот празник 1ви Мај – Ден на трудот, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2014 (четврток).

 


 

 

19.04.2014

 

Оглас за вработување 

Огласот може да го погледнете тука.

 


 

 

15.04.2014

 

Соопштение за неработни денови - Велигден

 

Почитувани клиенти,

По повод претстојните велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 18.04.2014 (петок) и 21.04.2014 (понеделник).

 

 

 

07.04.2014

 

Тимот од Стопанска банка победник на натпреварот во организација на IEDC Bled School of Management

 

Минатата недела во Скопје се одржуваше вториот по ред IEDC натпревар во бизнис студија на случај - Македонија 2014. На натпреварот учество зедоа 6 тимови од македонски компании кои 2 дена активно работеа на истиот бизнис случај по што одржани беа и презентации пред комисија составена од 3 членови (претставници на IEDC Bled school of management). Согласно природата на натпреварот и предусловите поставени од организаторот, Стопанска банка АД – Скопје состави силен и репрезентативен тим:

• Зорица Бундалевска, Директор за управување со трансакциски операции за банкарство на мало

• Стефан Пепоски, Директор на дирекција за управување со картични производи

• Милица Неделковска, Помлад советник во Дирекција за управување со депозитни производи

• Кристина Николовска, Кредитен референт во Сектор за изготвување кредитни предлози

 Владислав Мишев, СББ референт во филијала Кисела вода

• Бранко Марсениќ, Аналитичар за ризици во дирекција за управување со кредитен ризик

 
Благодарение на изградениот тимски дух, посветеноста и професионалниот пристап кон проектот, нашиот тим победи на натпреварот и гордо ќе ја претставува Банката, но и Македонија на регионалното натпреварување кое ќе се одржи во Блед, Р. Словенија подоцна во текот на годината. Им го честитаме успехот и им посакуваме уште многу успех на натпреварувањето што им следува.

 

 

 

04.04.2014

 

Коктел средби во Гостивар и Делчево

 

Стопанска банка АД - Скопје на чело со Управниот одбор и сениор менаџерите на Банката беа присутни на коктел средби со клиентите од Гостивар и Делчево на 2ри и 3ти април со цел да се прослави 70 годишнината на Банката, како и да се означи новиот почеток со локалниот менаџмент.

 

 

 

26.03.2014

 

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна со штанд на Саем за мебел 2014

 

 

 

Почитувани клиенти,
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна денес 26.03.2013 и ќе трае до недела 31.03.2013 на Скопскиот саем. Купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.
 
Купувајте на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ или до 72 рати со потрошувачкиот кредит на Банката. Исто така, може да поднесете барање за кредит или картичка на саем, кај трговците партнери или консултирајте се со нашите претставници кои ќе ви овозможат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата кај кредитната картичка.

 

 

 

 

21.03.2014

VISA КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ СО 6.9% ГОДИШНА КАМАТНА СТАПКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

За сите барања поднесени од 18.03.2014 до 31.05.2014


Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот и најголем издавач на VISA картички во државата, повторно изработи неодолива понуда за нови VISA кредитни картички. 


Имено, сите нови издадени VISA кредитни картички (Visa Star, Visa Vero, Visa Gold) во промотивниот период од 18.03.2014 до 31.05.2014 ќе добијат годишна каматна стапка од само 6,9 % за сите купувања до крајот на 2014 година. Visa кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати а сите картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена (50 дена кај Visa Gold).

 

 

 

 

19.03.2014

 

RoboMac во i-bank store

 

Почитувани,

 
Ни претставува огромно задоволство да ги претставиме достигнувањата на студентите на ФЕИТ (Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии) остварени на RoboMac 2014 година.

Во просториите на i-bank store, Банката од иднината на Стопанска банка во сабота 22.03.2014 во периодот од 12 до 13 часот студентите од ФЕИТ ќе ги активираат роботите со кои успешно се претставија на RoboMac и ќе ги презентираат нивните функционалности. 
 

 

17.03.2014

 

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ промотивна понуда од 15.03.2014 – 15.06.2014

 

Потрошувачките кредити како најатрактивна категорија на кредити за население се постојано во фокусот на работењето на Стопанска банка. Затоа, понудата на потрошувачки кредити расте и се прилагодува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивни рокови на отплата до 10 години, износи до 10.000евра без обезбедување, можност за користење на денарски или кредит со девизна клаузула и секако нашата најголема предност можноста кредитот да се исплати за само 30минути од поднесување на комплетното барање во филијалите на Банката.

 
Промотивната понуда која почнува од 15.03.2014 и ќе трае за сите поднесени барања до 15.06.2014 година за корисниците ќе обезбеди 6.5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100%попуст на административните трошоци.

 

 


05.03.2014

 

Станбен кредит со промотивна пролетна понуда 


Како лидер на пазарот за станбени кредити, следејќи ги насоките на пазарот и барањата на клиентите, Стопанска банка ја почнува пролетната сезона со атрактивна понуда за сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит од 05.03. до 05.06.2014 година. 

Покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката на клиентите им нуди значително олеснување – 0 денари за административни и трошоци за процена.
Со оваа понуда, Банката им помага на клиентите да го направат првиот чекор во својот нов дом и ја потврдува поддршката што во своите 70 години ја гради и нуди за генерации на клиенти.
Станбените се долгорочни кредити и се обврска за буџетот која семејството мора внимателно и детално да ја планира. Токму затоа, нудиме кредит со 5 години гарантирани годишни каматни стапки:

• 5% за првите три години и

 6% за следните 2 години
 

 

 

03.03.2014

 

Стопанска банка АД - Скопје, спонзор на Струмички карневал 2014

 

Традиционално и изминатиот викенд, Стопанска банка АД - Скопје беше покровител на Струмичкиот карневал со што го поттикнува континуитетот на оваа значајна културна манифестација која Струмица и Македонија ги прославува во светот. Заедно создаваме вредности кои денес значат богата културна програма а во иднина ќе значат богато културно наследство.

 

На најновото издание на Струмичкиот карневал продефилираа над 3000 групни и индивидуални маски додека жителите на Струмица и бројните гости во знак на поддршка на карневалот маскирани го следеа свеченото дефиле.

 


 

 

28.01.2014

 

Добредојдовте во првата Банка од иднината i-bank store од Стопанска банка АД - Скопје

 

Во мисијата на Стопанска банка стои дека во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.
 

Со отворањето на i-bank store денес, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и на Банката и на клиентите. Во i-bank storeрегионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти. 
 

Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети кои значително ќе го подобрат искуството на клиентите при користење на банкарските услуги:

• Унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Достапно само за физички лица.

• Верзија од m-banking апликацијата е изработена и активирана и за Windows mobile уреди и 

• Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од Февруари 2014 ќе бидат овозможени за безбедни интернет плаќања насекаде во светот.

 

 

28.01.2014

 

Оглас за вработување во филијала Прилеп и филијала Куманово

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 


 

 

11.01.2014

 

Извлечен добитникот на главната награда од m-banking наградната игра

 

Огласот со среќниот добитник можете да го најдете тука

 

 

09.01.2014

 

Оглас за вработување - Советник за продажба

 

Огласот можете да го најдете тука

 

 

30.12.2013

 

Realized donation for the public kitchens with the moto „Warm holidays for all“ 
 
 

These holidays, we all wish joy, love and more time spent in a warm atmosphere. This is why, the Board of Directors of Stopanska banka AD - Skopje made a decision to allocate the corporate gifts fund to donating warm meals in the public kitchens across the country. 
„With the greetings for New Year and Christmas holidays, we would like to provide warm holiday meals for the users of the public kitchens services, and their families, as well. Due to this, we decided to make an appreciated donation, contributing in the community where we act.“ said Mr. Diomidis Nikoletopoulos, Chief Executive Officer and Chairman of the Board of Directors of Stopanska banka AD - Skopje.

 

 

30.12.2013

 

Реализирана донација за народните кујни под мотото „Топли празници за сите“ 

 

Овие празници, сите посакуваме радост, љубов и повеќе време поминато со најблиските во топла атмосфера. Поттикнат од овие желби, Управниот одбор донесе одлука Стопанска банка АД – Скопје средствата кои се предвидени за корпоративни подароци да ги посвети на донација за народните кујни. 

„Со честитката за новата година и претстојните празници сакавме да им овозможиме и на нашите сограѓани, корисници на услугите на народните кујни, услови за празнична трпеза со своите семејства. Токму затоа одлучивме да направиме вредна донација со која ќе допринесеме за заедницата од која потекнуваме.“ Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

 

30.12.2013

 

Соопштение за неработни денови

 

Почитувани клиенти,


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2014 (среда), 06.01.2013 (понеделник) и 07.01.2013 (вторник).

 


 

 

30.12.2013

 

Соопштение за работно време на 31.12.2013 (вторник)

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека по повод новогодишните празници, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје кои редовно работат до 18:00часот, на 31.12.2013 (вторник) ќе работат до 17:00часот.

23.12.2013

 

Интервју со Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје, Дневник 

 

Интегралното интервју можете да го најдете тука.

 

 

 

 

М-БАНКИНГ НАГРАДНА ИГРА - 6то ИЗВЛЕКУВАЊЕ

 

Огласот со добитници може да го видите тука

 


 

 

05.12.2013

Соопштение за неработен ден 09.12.2013 (понделник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во понделник, на 09.12.2013г.

 


 


Печати