КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

29.12.2014

 

Донација за социјално загрозени семејства од Стопанска банка АД - Скопје

 

Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија,  на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во 7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга. Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога.

 

26.11.2014

 

Стопанска банка Скопје и Калиопи организираа заедничко дружење со децата во неколку скопски градинки 

 

Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моменти во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, Стопанска банка АД - Скопје ја продолжува својата заложба да биде поврзана со заедницата во која опстојува и да придонесува кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво.  Денес во неколку општини, македонската поп икона Калиопи, долгогодишен пријател и заштитно лице на Стопанска банка, заедно со претставници од Управниот одбор на банката се дружеа со децата од неколку скопски градинки и им подарија играчки, сликовници и разни дидактички материјали за повесела и повозбудлива Нова година.

 

 

19.12.2014

 

Соопштение за неработни денови на филијала Веро 2 - Тафталиџе

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Веро 2, нема да работи во период од 20.12.2014 (сабота) до 23.12.2014 (вторник) поради извршување на градежни работи

 

 

16.12.2014

 

Соопштение за неработни денови на филијала Буњаковец

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Буњаковец нема да работи на 17.12.2014 (среда) до 20.12.2014 (сабота) поради извршување на градежни работи.

 

12.12.2014

 

Интервју со г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор.

 

Линк до интервјуто за Капитал можете да го најдете на тука.

 

 

05.12.2014

 

Соопштение за неработен ден по повод држаниот празник Св. Климент Охридски 08.12.2014

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.12.2014 (понеделник).

 

 

01.12.2014

 

Предавање на г-дин Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска банка, на студентите при Универзитетот Американ Колеџ Скопје

 


На 27-ми ноември Стопанска банка ги покани студентите на Американ Колеџ во просториите на банката на предавање од г-динот Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор.

 

 

01.12.2014

 

Соопштение за неработен ден, ден на дрвото 03.12.2014

 

Почитувани клиенти

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 03.12.2014 (среда).

 

 

28.11.2014

 

Огласот може да го погледнете тука.

 

 

26.11.2014

 

1 милион собрани насмевки, за подобра нега и грижа за децата

 
По повод големиот свој јубилеј - 70 години постоење и функционирање, Стопанска банка реализира донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија, чии средства беа собрани како резултат на големата хуманитарна акција „Подари насмевка“ која Банката ја организираше во период од јуни до октомври оваа година. Станува збор за донација на уникатна медицинска опрема, единствена во државата и во регионот, напреден ехо апарат од производителот „Mindray”, со кој ќе се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата, наменета за Детската клиника во Скопје, додека донацијата за останатите градови: Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, претставува дополнителна поволност, бидејќи децата од различни реони не мора да доаѓаат во Скопје, како до сега, за да го направат соодветниот преглед.

 

 

 

25.11.2014

 

70 години Стопанска банка АД - Скопје

Спектакуларен концерт на македонската филхармонија по повод 70 години Стопанска банка

Пред голем број на нашите вработени, високи владини претставници, менаџери на македонски компании и медиуми, вчера во Метрополис арената на скопски саем, Стопанска банка АД - Скопје на спектакуларен начин го одбележа својот јубилеј, 70 години од своето постоење. За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот „Подари насмевка”  со кој се собраа 1 милион насмевки од граѓаните, а Стопанска банка донираше во Детските здравствени домови низ земјава. Прославата продолжи со спектакуларен едночасовен концерт на Македонската филхармонија  кои свиреа филмска музика, а посебен музички гостин беше и Калиопи. Прославата продолжи  со коктел и концерт на Калиопи до доцните часови.

 

 

20.11.2014

 

Announcement for non-working days in branch Kapistec 

 

Dear clients,

We inform you that the branch Kapistec is not going to work in 20.11.2014 (Thursday) and 21.11.2014 (Friday) due construction work.

 

 

20.11.2014

 

Соопштение за неработни денови на филијала Капиштец

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Капиштец нема да работи на 20.11.2014 (четврток) и 21.11.2014 (петок) поради извршување на градежни работи.

 

 

14.11.2014

Предавање на Економскиот Факултет - Скопје од страна на  г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор 

На 11-ти Ноември, г-дин Диомидис Николетопулс, Генералниот Извршен Директор на Стопанска Банка АД – Скопје, ја имаше честа да присуствува на Економскиот Факултет и да се обрати на студентите, во однос на новите предизвици во финансискиот сектор и рецептот за успех на Стопанска банка.

 

 

14.11.2014

Lecture at the Faculty of Economics - Skopje, by Mr. Diomidis Nikoletopoulos CEO

On November 11th, Mr. Diomidis Nikoletopoulos, the CEO of Stopanska Banka AD – Skopje had the pleasure to attend at the Faculty of Economics and to address the students concerning the latest challenges in the financial sector and what is the recipe for the success of Stopanska Banka.

 

 

10.11.2014

 

Јубилејна понуда за станбен кредит на Стопанска банка АД – Скопје 

 

По повод годишнината, 70 години од своето постоење, Стопанска банка создаде единствена понуда на станбен кредит, со која уште еднаш покажа дека се грижи за своите корисници и креира банкарски производи според потребите на граѓаните, овозможувајќи им што полесно да дојдат до посакуваниот дом.
Во својата јубулејна година, Стопанска банка започна нова, промотивна и единствена понуда на пазарот на станбени кредити. За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3% во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит. 

 


 

 

22.10.2014

 

Соопштение за неработен ден - 23 октомври

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник 23ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ве известуваме дека филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 23.10.2014 (четврток).

 

 

 

 

19.09.2014

 

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Се извинуваме на сите наши клиенти за евентуалните настанати прекини во работењето на 19.09.2014 (петок). Поради тоа, ве известуваме дека прекинот не е инициран од страна на Банката, туку се должи на изведувањето на проектот за промена на телекомуникациската инфраструктура на Македонски Телеком.

 

 

05.09.2014

 

Соопштение за неработен ден

 

Почитувани клиенти,

 

По повод државниот празник 8ми Септември – Денот на независноста, ве известуваме дека филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.09.2014 (понеделник). На располагање ги имате i-bank услугите, достапни 24 часа преку мобилната апликација, телефонско банкарство, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

05.09.2014

 


Соопштение за неработен ден - 08.09.2014 (понеделник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник 8ми Септември – Денот на независноста, ве известуваме дека филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.09.2014 (понеделник)

01.09.2014

 

Соопштение за прилагодување на работното време на филијалите

 

Почитувани клиенти, 

 

ве информираме дека Банката изврши прилагодување и усогласување на работните времиња на филијалите. Увид во работното време на секоја филијала можете да најдете на следниот линк.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

26.08.2014

 

Соопштение за неработен ден - 28.08.2014

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека согласно Законот за празниците на РМ, поради верскиот празник Голема Богородица, платниот промет во РМ а со тоа и филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 28.08.2014 (четврток). Со редовно работно време, филијалите почнуваат на 29.08.2014 (петок). Во меѓувреме, на располагање ги имате i-bank сервисите достапни преку мобилен, телефон, компјутер и секако преку банкоматите на Банката. 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

19.08.2014

 

Најава за редизајн на e-banking платформата

 

Почитувани корисници,

 

 

Банката изврши прилагодување на дизајнот на e-banking платформата без притоа да ги промени функционалностите на системот кој го познавате и користите. Промените се однесуваат единствено на подобрен и помодерен изглед како и подобрен изглед на дел од извештаите.Се надеваме дека новиот дизајн ќе ви биде подобар за користење и дека ќе наидете на разбирање доколку во преодниот период настанат кратки прекини во работењето.

Со почит,

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

 

28.07.2014

 

Соопштение за филијала Веро 2

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Веро 2 - Тафталиџе нема да работи во периодот од 26.07 - 04.08.2014 поради извршување на градежни работи.

 

 

30.08.2014

 

Соопштение за неработен ден - 02.08.2014 (Илинден)

 

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник 2ри август - Илинден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.08.2014 (сабота).

 


 

 

24.07.2014

 

Соопштение за неработен ден, понеделник 28.04.2014 - Рамазан Бајрам

 

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 28.07.2014 (понеделник).

 


15.07.2014

 

Охридско лето 2014 - „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ на Свеченото отворање 

 

Традиционално Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на НУ Охридско лето и со што нуди помош во промоцијата на културните вредности и збогатување на програмата што ја следат љубителите на музиката, театарот и перформансот од Македонија.

Во склоп на свеченото отворање Стопанска банка беше присутна со својата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ и успеа од присутните гости да добие бројни насмевки и да ја зголеми основата за донација на медицинска опрема за детските клиники низ Македонија. Им благодариме на сите присутни и ги покануваме и понатаму во склоп на програмата на Охридско лето да донираат насмевки и да ја покажат својата хумана страна.

Фотографии од свеченото отворање се достапни на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

07.07.2014

 

Соопштение од Здружение на банкарство

 

Соопштението во целост може да го погледнете тука

 


 

 

03.07.2014

 

Презентација на проектот 70години во Штип

 

По повод прославата на 70годишнината денес во Штип Стопанска банка АД - Скопје организира целодневни активности со кои ќе ја претстави хуманитарната акција „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ до своите клиенти и сограѓани но и ќе оствари посета и дружење на членовите на Управниот одбор со клиентите од Штип и од регионот.

 

Презентацијата на проектот за 70годишнината започна пред филијалата во Штип во 11 часот со обраќање од Генералниот извршен директор Г. Диомидис Николетопулос и од Регионалниот директор Весна Ангеличкова. Веднаш потоа присутните клиенти, соработници и сограѓани имаа можност да донираат насмевка и со тоа да дадат поддршка на проектот „ПОДАРИ НАСМЕВКА“.

Дел од менаџментот реализираше посета на клиенти во регионот по што во 21 часот следува забава на плоштадот во близина на филијалата со бендот EyeQ и DJ Илина.

 

 

 

 

 

 

26.06.2014

 

Оглас за вработување - советник за услуги на клиенти/продажба, Скопје, 5 работни места

Печати