КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

07.04.2015

 


Јавен повик за годишно собрание

 

 

Јавниот повик за годишното собрание може да го погледнете тука.

 

 

04.05.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје ги намали каматните стапки на депозитите

 

Стопанска банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите. Новите каматни стапки стапуваат на сила од 01.05.2015 година.

 

30.04.2015

 

 

Сооштение за неработен ден - 01.05.2015, (петок)   1ви Мај

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник 1ви мај – Ден на трудот, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2015 (петок).

 

 

24.04.2015

 

 Стопанска банка АД – Скопје во соработка со интернет порталот tc.mk организира бесплатни обуки за електронска трговија

 

Со цел промоција на онлајн купувањето (e-commerce)и информирање за бројните негови придобивки Стопанска банка АД – Скопје во соработка со интернет порталот tc.mk во текот на следниот период ќе организираат неколку бесплатни сесии на обука за правните лица заинтересирани да се здобијат со знаење и вештини за продажба на производи и услуги на интернет.

 

 

20.04.2015

 

 

 

Добитници на ВИЗА ГОЛД наградната игра 

 

Добитниците од наградната игра може да ги погледнете тука.

 

 

09.04.2015

 

 I-bank филијалата на Стопанска банка е дел од Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge

 

Стопанска банка Скопје оваа година е поддржувач на интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge, чиј официјален домаќин и координатор во Македонија е NewMan’sBusinessAccelerator. Токму I-bank филијата на Стопанска банка ќе биде една од локациите каде ќе се одвиваат дел од активности. Имено денес со почеток во 15 часот ќе се одржи настан назначен како DATA BOOT CAMP на кој главни говорници ќе бидат Владимир Трајковиќ, Партнер во NewMan’s Business Accelerator и Директорката на iBank Store на Стопанска Банка Милена Шамакоска. Исто така пред присутните свои предавања ќе одржат и Филип Маневски од Министерство за информатичко општество и администрација и Агенција за електронски комуникации и Милош Јовановиќ, истражувач и асистент на ФИНКИ.

 

08.04.2015

 

 

Соопштение за неработни денови - Велигден

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојните Велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 10.04.2015 (петок) и 13.04.2015 (понеделник).

 

 

06.04.2015

 

 

Оглас за вработување

 

 

Огласот за вработување може да го најдете тука.

 

02.04.2015

 

 

Стопанска банка именуваше нови директори на филијалите во Струмица и Гевгелија

 

 

Почитувани клиенти,

 

По повод именувањето на новите директори на филијалите во Струмица г-дин Зоран Џотов и г-ца Кристина Николовска во Гевгелија...

 

27.03.2015

 

 

Соопштение

 

Почитувани, Ве информираме дека Стопанска банка АД - Скопје на 30.03.2015 во раните утрински часови...

 

 

24.03.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна со штанд на Саем за мебел 2015г

 

Почитувани клиенти,


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна денес и ќе трае до 29.03.2015 (недела) на Скопскиот саем. Штандот на СБ е лоциран на самиот влез од првата хала.

 

 

24.04.2015

 

 

Известување за воведување единствена ж-ро сметка за уплати кон Стопанска банка

 

Почитувани,

Ве известуваме дека поради воведување на централизација на уплатите и автоматизација во раскнижување на изводот на 31.03.2015 година се затвараат жиро сметките на филијалите на Стопанска Банка АД Скопје наведени подоле. Сите уплати кон Стопанска Банка АД Скопје кои сте ги вршеле на овие сметки, почнувајќи од 01.04.2015 година треба да ги извршувате преку сметката 200000000099029.

 

17.01.2015

 

 

 

Едукација на младите од основните училишта, по повод Global Money Week во i-bank store.

 

 

По повод  глобалната недела на парите или “Global Money Week” која се одвива во периодот од 9-17 март 2015 година,  Стопанска банка АД – Скопје организираше посети во својата филијала i-bank store за ученици од неколку основни училишта од Скопје со цел едукација на младите за парите и нивната употреба.

 

 

 

13.03.2015

 

 

Оглас за вработување во Стопанска банка АД - Скопје.

 

  • Огласот за IT Network Administrator може да го погледнете тука.
  • Огласот за Проценител може да го погледнете тука.

 

 

03.03.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје учесник на Саемот за градежништво 2015.

 

Почитувани клиенти,

 

И оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со свој штанд на Саемот за градежништво како учесник и дел од проектот "Купи куќа купи стан" што започна на 03.03.2015 и ќе трае до сабота 07.03.2015 на Скопскиот саем.

18.01.2015

 

Донација на компјутерска опрема за  ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД “13ти Ноември” – Скопје

 

 

Како општествено одговорна компанија, Стопанска банка АД – Скопје ги користи сите прилики да даде придонес во поширокиот развој на заедницата од која потекнува. Овој пат дониравме компјутерска опрема за домот за стари лица „13ти Ноември“ од Скопје.

 

 

06.02.2015

 

Донација на пакети за хигиена за поплавените региони од Стопанска банка АД - Скопје

 

Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, се приклучи во акцијата на Црвениот Крст за помош на најзагрозеното население од поплавите што зафатија неколку региони низ Републиката.

 

15.01.2015

 

Соопштение за неработен ден по повод Богојавление (Водици)

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека по повод православниот празник Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2015 (понеделник).

 

31.12.2014

 

Соопштение за скратено работно време на филиjaлите

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Новогодишните празници, сите филијали на Стопанска банка АД – Скопје денес 31.12.2014 (среда) ќе работат до 15:00 часот

 

30.12.2014

 

Соопштение за неработни денови, Новогодишни и Божиќни празници

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2015 (четврток), 06.01.2015 (вторник) и 07.01.2015 (среда).

29.12.2014

 

Донација за социјално загрозени семејства од Стопанска банка АД - Скопје

 

Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија,  на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во 7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга. Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога.

 

26.11.2014

 

Стопанска банка Скопје и Калиопи организираа заедничко дружење со децата во неколку скопски градинки 

 

Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моменти во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, Стопанска банка АД - Скопје ја продолжува својата заложба да биде поврзана со заедницата во која опстојува и да придонесува кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво.  Денес во неколку општини, македонската поп икона Калиопи, долгогодишен пријател и заштитно лице на Стопанска банка, заедно со претставници од Управниот одбор на банката се дружеа со децата од неколку скопски градинки и им подарија играчки, сликовници и разни дидактички материјали за повесела и повозбудлива Нова година.

 

 

19.12.2014

 

Соопштение за неработни денови на филијала Веро 2 - Тафталиџе

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Веро 2, нема да работи во период од 20.12.2014 (сабота) до 23.12.2014 (вторник) поради извршување на градежни работи

 

 

16.12.2014

 

Соопштение за неработни денови на филијала Буњаковец

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Буњаковец нема да работи на 17.12.2014 (среда) до 20.12.2014 (сабота) поради извршување на градежни работи.

 

12.12.2014

 

Интервју со г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор.

 

Линк до интервјуто за Капитал можете да го најдете на тука.

 

 

05.12.2014

 

Соопштение за неработен ден по повод држаниот празник Св. Климент Охридски 08.12.2014

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.12.2014 (понеделник).

 

 

01.12.2014

 

Предавање на г-дин Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска банка, на студентите при Универзитетот Американ Колеџ Скопје

 


На 27-ми ноември Стопанска банка ги покани студентите на Американ Колеџ во просториите на банката на предавање од г-динот Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор.

 

 

01.12.2014

 

Соопштение за неработен ден, ден на дрвото 03.12.2014

 

Почитувани клиенти

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 03.12.2014 (среда).

 

 

28.11.2014

 

Огласот може да го погледнете тука.

Печати