КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

23.06.2016

 


TOPSI - БАНКАРСКИ УСЛУГИ ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ

 

Кога во целната група се млади луѓе на возраст од 18 до 28 години кои сакаат отворена, слободна комуникација, кои сакаат совети и препораки од релевантни извори, кои сакаат простор и можност да се изразат, кои се храбри и природно индивидуални и се повеќе од 300.000 на број тогаш навистина е предизвик за една компанија да се обиде не само да им се обрати, туку и да им понуди сет на услуги кои ќе бидат прикладни, но и прифатени.

Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје за своите сегашни и идни млади клиенти заедно со актерите Тино и Атанас ги креираше и промовираше TOPSI банкарските услуги кои имаат за цел да создадат отворен канал за комуникација помеѓу Банката и младите.

 


 

 

14.06.2016

 

Соопштение за неработен ден - 17.06.2016 (петок)


Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека по повод престојниот православен празник „Духовден“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 17.06.2016 (петок).

 


08.06.2016

 

Предаден во употреба првиот детски велосипедски полигон, донација од Стопанска банка за Град Скопје 



Почитувани,


Стопанска банка АД – Скопје во паркот Македонија 2, населба Козле, донираше за Град Скопје детски едукативен сообраќаен полигон со што ја затвори кампањата „Вози право, вози здраво“ и го одржа своето ветување за граѓаните на Скопје кои несебично се вклучија во проектот.

28.05.2016

 

Microsoft Office Specialist Финале за Р. Македонија во i-bank store

 

Преку организација на Националниот натпревар за Microsoft Office Specialist, од страна на Certiadria, (Сертиадриа), Македонија за прв пат учествува на натпревар од светски рамки, покажувајќи ја подготвеноста и компјутерските вештини на учениците од основните, средните училишта и студентите на возраст од 13 до 22 години.
 

Вкупно 1430 кандидати од цела Македонија, во период од ноември 2015 до мај 2016, полагаа 1960 тестови за Word, Excel, PowerPoint од MS Office 2010 и 2013. Сите оние кои ги положија тестовите се стекнаа со глобално признаени сертификати, како потврда за основната IT писменост која денес станува потреба во секој процес на развој на професионалните способности.
Рангирани според највисоките резултати, најдобите 45 учесници денес се натпреваруваат за титулата Microsoft Office Specialist на Македонија, во познавање на MS Word, Excel или PowerPoint.

 

20.05.2016

 

Соопштение за неработен ден 24 Мај "Св. Кирил и Методиј"

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2016 (вторник).

 

 

28.04.2016

 

Соопштение за неработни денови, Велигден

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојните Велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 29.04.2016 (петок) и 02.05.2016 (понеделник).

 

 

06.04.2016

 

Наскоро Велодром во Скопје, донација од Стопанска банка АД - Скопје

 

На минатогодишниот настан „Вози право, вози здраво“ Стопанска банка АД – Скопје се заложи за изградба на едукативен сообраќаен полигон за велосипеди/тротинети/ролерки, донација за Град Скопје.


Во таа насока, Банката ја ангажираше градежната компанија Бортас доо Скопје, да го реализира проектот во Паркот Македонија, населба Козле согласно дозволата од Град Скопје за поставување на урбана опрема бр. 137216/2 од 04.04.2016. Во изградбата на овој едукативен полигон нашата заложба е да се користат еколошки материјали и да биде поставена урбана опрема (играчки, клупи, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци и детски полигон за учење на сообраќајни правила).

 

 

06.04.2016

 

Velopark soon in Skopje, donation from Stopanska banka AD - Skopje

 

During the last year event „Vozi pravo, vozi zdravo“, Stopanska banka AD - Skopje announced a construction of an educational corner for bikes, scooters, roller blades, donation for the City of Skopje.


In that direction, the Bank engaged the construction company Bortas DOO Skopje to realize the project in the Park Macedonia, settlement Kozle in accordance with the permission from officials from the City of Skopje for installation of an urban equipment No. 137216/2 dated 04.04.2016. Our intention in constructing this corner is to use eco materials and to have an urban equipment, such as: benches, kids cordner with playground, trash cans, traffic signs and signalization).

 

 

04.04.2016

 

Обраќање на г. Тони Стојановски на Годишната конференција на Македонска берза

 

На Годишната конференција по повод 20 години од основањето на Македонска берза, свое обраќање имаше Генералниот директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје, господинот Тони Стојановски.

Обраќањето можете да го прочитате на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


04.03.2016

 

Годишна анкета на Стопанска банка

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка по трет пат успешно ја спроведе e-mail анкетата за задоволство помеѓу своите клиенти. Со анкетата Банката се обидува на најтранспарентен и најдиректен начин да ги инкорпорира ставовите и преференциите на клиентите во своето работење – преку филијалите, контакт центарот, производите и услугите кои ги нуди.

Од резултатите од анкетата ќе издвоиме дека повеќе од 50% од клиентите забележуваат позитивната промена во услугата на вработените од филијалите на Стопанска банка. Очекувано, инвестицииите во иновативните алтернативни канали придонесе кон пораст во преференциите кај клиентите и користењето на истите. Очекувањата од клиентите се дека и во иднина Банката треба да продолжи да ги подобрува производите и услугите, да ги поедноставува процедурите и да биде достапна преку повеќе канали за комуникација и соработка.

 

 


 

 

03.03.2016

 

Позитивен пример за Општествено одговорни активности

 

Стопанска банка АД – Скопје како општествено одговорна компанија е горда што низ годините има создадено богата, препознатлива и добро изградена практика на општествено одговорни (ОО) активности. Иако, како граѓани, во поставеноста на нашиот секојдневен живот исполнет со проекти и рокови, некогаш забораваме дека на комплексното општество, од кое сме интегрален дел, му е потребна нашата енергија, нашата поддршка и нашето насочување, Банката имплементира ОО стратегија, која заедно со нашите вработени, има за цел за градење на појаки и подолготрајни врски со заедницата и општеството. Во исто време, овие напори се поддржани од нашата Групација (NBG) со која постојано споделуваме позитивни ОО искуства така што заедно градиме кула од знаења кои потоа се користи за доброто на секоја заедница.

 

 

 

 

 

 

18.02.2016

 

Добитници од наградната игра за потрошувачки кредит "Кој е за награди?"

 

Ги извлековме среќните добитници од нашата наградната игра "Кој е за награди?" Проверете дали сте вие еден од нив на следниот линк.

 

29.01.2016

 

Јавен повик за 37-ма седница на Собрание на акционери на СБ

 

Јавниот повик може да го видите тука.

 

26.01.2016

 

Оглас за вработување

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 

20.01.2016

7-мо извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

Добитниците од 7-то извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

15.01.2016

 

Соопштение за неработен ден - Водици (19.01.2016)

 

Почитувани клиенти,
 

Ве известуваме дека по повод празникот Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2016 (вторник).

 


 

 

31.12.2015

Официјална промоција на новата верзија на мобилната апликација m-banking

 

Веќе традиционално, со крајот на годината, Стопанска банка АД – Скопје ги чести своите клиенти со новитети и иновации. 2015та година ја затвораме со нова верзија на мобилната апликација m-banking со значителни подобрувања на дизајнот, прегледноста, но и нови функционалности.


Во просториите на Банката, поточно во i-bank store на 30.12.2015 се одржа и невообичаена официјална презентација на новата апликација со тематика Star Wars. Имено, Star Wars серијалот со децении веќе е инспирација за бројни технолошки иновации па неговата актуелност во периoдoв ни беше дополнителна инспирација за презентацијата. Комплетно новиот дизајн и бројните унапредувања и новитети беа дел од презентираните точки за m-banking мобилната апликација која претставува супериорна апликација на македонскиот пазар и предизвик за локалната банкарска, па и IT индустрија во иднина.

 

 

 

30.12.2015

 

Соопштение за неработни денови

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2016 (петок), 06.01.2016 (среда) и 07.01.2016 (четврток).

 


 


 

 

30.12.2015

 

Оглас за вработување - 2 позициии Проценител

 

Огласот можете да го најдете на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

29.12.2015

Донација од Стопанска банка за топли празници за сите

Стопанска банка АД - Скопје традиционално и овие новогодишни празници во соработка со Црвениот крст на Македонија ја реализираше заедничката хуманитарна акција „Топли празници за сите”.
Денес во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” дел од вработените на Банката доделија празнични пакети со храна на корисници на услуги на Црвениот Крст на Република Македонија.
Донацијата се состои од најнеопходни прехрамбени производи за едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани на повеќе пунктови низ Републиката, со цел да им се помогне на социјално загрозените семејства кои и празниците ги поминуваат во тешки услови.

 

 

28.12.2015

 

Известување за предвремена отплата на субординиран заем

 

Стопанска банка АД - Скопје предвремено ги отплати субординираните заеми во вкупен износ од 45 милиони евра, кои се користеа по основ на два договори склучени со Националната Банка на Грција, од 2006 и 2008 година, со рок на отплата од 10 години. Користењето на овие средства во изминатите години значително придонесе за остварување на зацртаните цели со Деловната и развојна политика на Банката, што доведе до јакнење на нејзината капитална сила, зголемување на профитабилниот потенцијал како и јакнење на конкурентата позиција на пазарот.

 

 

28.12.2015

 

Stopanska Banka AD Skopje has pre-paid the subordinated loan to NBG


Stopanska Banka AD Skopje has pre-paid the subordinated loans in total amount of Euro 45 million that was approved by the National Bank of Greece in 2006 and 2008 with term of 10 years. The utilization of these funds significantly attributed for accomplishment of the objectives set by the Business and Development plan of the Bank, which resulted in strengthening of the capital base, increasing the profitability and competition position of the Bank in the market.

 

18.12.2015

 

6-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

Добитниците од 6-тото извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

07.12.2015

 

Соопштение за неработен ден, Св. Климент Охридски

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на 08.12.2015 (вторник).

01.12.2015

 

Соопштение за неработен ден, Ден на дрвото

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.12.2015 (среда).

 

19.11.2015

 

 

5-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

 

Добитниците од ПЕТТОТО извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

11.11.2015

 

Свечено отворање на реновираната филијала во Дебар

 

Стопанска банка АД - Скопје продолжува да инвестира во подобрување на условите за работа во најголемата мрежа на филијали во Македонија. На задоволство на локалното население и компаниите со кои соработува Стопанска банка АД - Скопје една од постарите филијали на Банката беше реновирана и претворена во модерен банкарски простор каде клиентите ќе може да продолжат да ги користат производите и услугите на Банката. Вработените и директорот на филијалата придружени од Претседателот и членовите на Управниот одбор ги поканија локалните клиенти на средба и дружење каде уште еднаш ја искористија приликата да изразат благодарност за довербата и надеж за продлабочена соработка.

За учениците од Дебар посебен настан беше дружењето со Калиопи која за секое дете издвои момент за разговор, им подарди CD со автограм и секако направи многу насмеани фотографии со децата. 

 

 

 

 

12.11.2015

 

Донација на вработените од Стопанска банка за Црвен Крст

 

 

Почитувани,

Општинската организација на Црвен Крст од Скопје, традиционално и оваа година, под мотото "Помислете и на нас" организира активности по повод "Денот на гладта" од 16ти октомври до 16ти ноември 2015 година.

 

11.11.2015

 

КОЈ Е ЗА ВРЕДНИ НАГРАДИ?
Стопанска банка АД – Скопје со потрошувачки кредит за 30 минути, со промотивни услови и вредни награди

 

За време на празничните месеци како и за претстојните зимски патувања, Стопанска банка АД – Скопје покрај промотивните услови за потрошувачкиот кредит:
•    6% гарантирана годишна каматна стапка за првата година
•    0 денари за административни трошоци
овојпат организира и наградна игра со бројни вредни награди:
o    3 х i-phone 6s
o    2 х Lenovo лаптоп компјутери
o    10 ваучери за Сетек и
o    10 ваучери за ТопШоп

 

 

30.10.2015

 

„Стопанска банка е во својата најдобра фаза досега“ - интервју со г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор

 

Интервјуто од неделникот Капитал можете во целост да го прочитате тука.

 

 

 

Печати