КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

01.10.2011

 

9 месечен орочен депозит со атрактивни и гарантирани каматни стапки!



Штедењето за население претставува постојано активна и променлива категорија на финансискиот пазар. Клиентите и нивните потреби се менуваат со динамичното време во кое живееме и затоа Стопанска банка секоја година развива и воведува нови и современи производи кои излегуваат во пресрет на барањата на клиентите.

Токму новиот орочен депозит со гарантирана каматна стапка е креиран на барање на клиентите кои сакаат зголемена сигурност за порастот на нивната заштеда, но на пократок рок. Со промотивната понуда, Банката го најавува новиот 9 месечен орочен депозит со годишни каматни стапки од 3.6% за депозити во евра и 6.6% за депозити во денари. Понудата трае од 1.10 – 1.12.2011 година а каматните стапки се гарантирани до крајот на периодот на орочување.

 

 

28.09.2011 година

 

Соопштение за промоција-телефонско банкарство во Ресен


Почитувани клиенти,

 

На 27.09.2011 (вторник), Стопанска банка го заокружи караванот на презентации на телефонското банкарство, со промоцијата во Ресен. Оваа уникатна услуга, достапна за сите генерации, Стопанска банка ја промовираше на најзначајниот ден за Ресен - почетокот на традиционалниот јаболкобер. Менаџментот присутен на презентацијата им посака на присутните гости и пријатели на Банката, успешна и плодна берба со ветување дека Стопанска банка и понатаму ќе остане на страна на своите клиенти преку воведување на супериорни производи и услуги креирани по нивно барање.

 

Воедно, на оваа презентација и заедничко дружење на Банката со своите најлојални клиенти, беше назначен и новиот директор на филијалата Ресен, Г-динот Антонио Гавриловски, кој на позицијата доаѓа по долгата и успешна кариера на претходната директорка Билјана Стојчевска.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

Скопје, 20.09.2011 година

 
Соопштение за промотивна понуда за мали и микро компании


Почитувани клиенти,

На ваше барање промотивниот период со намалени каматни стапки кај производите за кредитирање на мали и микро компании, продолжува. Стопанска банка АД – Скопје продолжува да нуди промотивни каматни стапки од 7.45% до 12.50% годишно, во зависност од производот и од приходите на правното лице, со што овие кредити стануваат достапни за сите компании фокусирани на развој и унапредување на својот бизнис.
Промотивните каматни стапки ќе бидат валидни за кредитни барања доставени во периодот од 26.09.2011 до 25.11.2011 година.

 

 

14.09.2011 Скопје

 

ПЛАЌАЊЕ НА  ВИП ПОСТПЕИД СМЕТКИ НА БАНКОМАТИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Вип оператор на своите заеднички клиенти им нудат нова, едноставна и безбедна услуга која е достапна 24 часа. Имено, отсега постпејд корисниците на Вип оператор можат своите месечни фактури да ги плаќаат на сите банкомати на Стопанска банка - едноставно, без провизии и без дополнителни трошоци.
Во само неколку чекори, користејќи која било платежна картичка издадена од Стопанска банка клиентите можат на еден од 111те банкомати да реализираат плаќање на издадена сметка од Вип оператор. Се што треба клиентот да знае е бројот на сметката (фактурата) по што се реализира плаќањето и банкоматот продуцира слип - потврда за успешна трансакција. На овој начин клиентите на Вип оператор добиваат уште 100тина нови платежни локации достапни 24 часа.


 

Skopje, 14.09.2011


PAYMENT OF VIP POST-PAID BILLS ON ATMs OF STOPANSKA BANKA


Dear clients,

Stopanska banka AD - Skopje in cooperation with VIP operator are offering the new, unique and safe service for their mutual clients, which will be available 24 hours a day. Namely, from now on, the post paid clients of VIP operator will be able to pay their monthly bills on all ATMs of Stopanska banka – very simply, without any fees and additional costs.
In only couple steps, by using any payment card issued by Stopanska banka, the clients can realize payment of an issued bill by VIP operator on one of 111 ATMs. The clients should only know the bill number (invoice no.) and the payment will be realized, and in few seconds, the ATM device will produce a slip – confirmation for successful transaction. In such a way, the clients of VIP operator have 100 more new locations for payment, available 24 hours.

Both companies have already realized an attractive project in 2009, by which the TOP-UP service for prepaid clients was available on SB ATM.

Under the i-bank brand, Stopanska banka has introduced many alternative channels for using the banking services. Evidently, the partnership with the leading companies in Macedonia provides the opportunity for more clients to use the privileges of the new technology.

Stopanska banka AD – Skopje has the largest family of approximately 300.000 clients – payment cardholders who can use the i-bank services available on the ATMs.

VIP operator remains consistent to its mission for higher availability of the products and expanding the cooperation with its clients, always opening new horizons alleviating the clients communication. VIP operator has over 500.000 clients, 17 own selling points, over 80 partner stores and approximately 650 selling points. Introducing this method of paying the bills on ATMs of Stopanska banka is one more addition to the possibilities for electronic payments, as paying the bills on the VIP operator web site. 

Stopanska banka AD - Skopje
On your side

Vip operator
More for you

 

 

 

Соопштение за неработен ден - 08.09.2011г.

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Ден на независноста, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во четврток, на 08.09.2011.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

26.08.2011

 

Соопштение за неработен ден 30.08.2011 (вторник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во вторник, на 30.08.2011.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

 

15.08.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2011

 

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година обезбеди поддршка за реализацијата на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот. Во рамките на двете фестивалски вечери во Охрид гостите имаа прилика да уживаат во изведбите од Имам Баилди (Грција), Бесидос (Германија), Дамјан Пејчиновски и македонската ѕвезда Елена Ристевска во придружба на оркестарот Гезме.

 

 

 

05.08.2011 година

Летен бран доживувања со Стопанска банка АД - Скопје

Почитувани клиенти,

Месец Август е месецот кога Стопанска банка АД – Скопје ви нуди летни незаборавни доживувања, во кои заедно со вас и вашите најблиски ќе поминеме прекрасни летни мигови.
Имено, Стопанска банка АД – Скопје, ова лето за своите клиенти обезбеди билети за следниве летни локации:
•    Жичарница Водно
•    Базен Карпош
•    Музеј на вода – Охрид и
•    Многу други освежувања.

 

 

Работно време - Илинден 2011г.

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Илинден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во вторник, на 02.08.2011година.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 


 

 

12.07.2011


Нова локација за подигнување на вашите картички, сертификати и ПИН кодови - Филијала Анекс

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека со почеток од 12.07.2011г можете да ги подигнувате вашите:

 

  • картички
  • ПИН кодови
  • Дигитални сертификати за e-banking сервисот

 

изработени за регионот Скопје исклучиво во филијалата Анекс на 1 кат во ГТЦ. За другите градови остануваат претходно утврдените локации.

Работното време на филијалата е:

 

  • Понеделник до петок од 8:30 до 18 часот
  • Сабота од 8:30 до 14 часот

 

Контакт телефон од филијалата е (02) 3295 178

 

 

12.07.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје, спонзор на Охридско лето 2011

 

Почитувани,

Како голем поддржувач на уметноста и културата, Стопанска банка АД - Скопје секогаш се залага и продолжува да делува во тој правец, што уште еднаш го потврди со спонзорството кое и оваа година, традиционално Банката го обезбеди за фестивалот Охридско лето. Свеченото отворање на Охридско лето на 12 јуни 2011 година од посетителите беше прогласено за огромен успех за најстариот и најдобриот фестивал во земјата.
Ги повикуваме граѓаните и клиентите на Банката да го посетат фестивалот Охридско лето кој и во 2011 година нуди богата и разновидна програма.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

 

 

24.06.2011

Интервју со г. Глигор Бишев, Генерален извршен директор и Претседател на Управен Одбор на Стопанска банка

Капитал, 24.06.2011

 

 

Караван презентации на телефонско банкарство

 

Со цел да ја промовира најновата услуга, достапна за сите генерации на клиенти, Стопанска банка започна со караван презентации во дел од филијалите и градовите каде што е присутна. Покрај пример плаќања преку телефонско банкарство клиентите имаат можност да се запознаат со менаџментот на Банката и да ги пренесат своите мислења, потреби и барања до нив. На овој начин Банката успева подобро да ги запознае своите клиенти во регионите во Македонија и останува комплетно посветена на своето мото „на ваша страна“.

 

 

15.06.2011

 

4 месеци БЕЗ ПРОВИЗИЈА за новоотворени денарски сметки


Почитувани клиенти,

Како најголема банка во Македонија, Стопанска банка се стреми да остане на страна на своите клиенти и да биде катализатор во остварувањето на нивните планови и аспирации. Со процесот на реорганизација кој Банката го спроведуваше изминатите години фокусот на правните лица е зголемен и се нудат современи банкарски услуги и производи достапни не само во сите филијали на Банката туку и во Регионалните бизнис центри отворени во Битола. Струмица и Скопје.

Искористете го промотивниот период од 15.06. до 15.10.2011 и намалете ги трошоците во работењето:
•    сите ново отворени денарски сметки ќе ги користат сите готовински и безготовински трансакции на шалтер или преку e-banking БЕЗ ПРОВИЗИЈА
•    сите денарски сметки кои се ре-активираат после минимум 1 година неактивност ќе ги користат сите готовински и безготовински трансакции на шалтер или преку e-banking БЕЗ ПРОВИЗИЈА

Побрзајте, информирајте се во најблиската филијала или бизнис центар кои се чекорите потребни за отворање на денарска сметка во Стопанска банка.

По истекот на промотивниот период во примена ќе бидат редовните тарифи за реализација на трансакции во домашниот платен промет.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 


 


 

 

15.06.2011

 

Соопштение од промоцијата на телефонското банкарство

 

Пред 5 години Стопанска банка АД – Скопје како мото на своето работење го одбра „на ваша страна“ а пред една година го дополнивме со слоганот „секогаш први до услуга“. Тоа создаде голема обврска за Банката во своето секојдневно работење перманентно да ги исполнува своите заложби. Денеска ни претставува особено чест и задоволство да објавиме дека продолжуваме да бидеме на ваша страна и секогаш први да ви овозможиме квалитетни услуги, овој пат преку новитетот Телефонско банкарство.
Телефонското банкарство е сервис кој можат да го користат сите физички лица клиенти на Банката кои сакаат да плаќаат сметки за комуналии, да плаќаат рати за кредити или кредитни картички, да прават секакви денарски плаќања, да добијат увид во состојбата на нивните сметки и производи и бројни други услуги едноставно, брзо и безбедно преку телефон. Повеќе информации достапни тука.

На овој начин Банката останува пионер во воведување на банкарски услуги, базирани на врвни технологии кои ја гарантираат безбедноста, стабилноста и сигурноста во работењето. Брендот i-bank, под кој се воведува телефонското банкарство, ја симболизира зголемената слобода и изборот на нашите клиенти 24 часа да реализираат банкарски трансакции преку телефон, интернет или на банкомат.

Секако, развојот на новите услуги и производи е дел од мисијата на Банката, која посветено работи да ги задоволи потребите на своите клиенти, во постојано променливата околината во која живееме и работиме.
Затоа, ја користиме приликата да ги промовираме и новите депозитни и кредитни производи со кои се збогати портфолиото на Банката и изборот на граѓаните:
•    Штеден план наречен „мој план“ е производ наменет за клиентите кои сакаат редовно да издвојуваат средства од своите редовни и вонредни примања за своите идни планови. Со разните периоди на орочување, атрактивните каматни стапки и можноста за избор на валута депозитот ќе биде прифатен од клиентите кои побараа истиот да биде развиен од Банката.
•    Потрошувачкиот кредит без обезбедување, како најстара форма за кредитирање е проширен и по рок на отплата (до 8 години) и по износ (до 10.000евра) и промотивно е достапен со девизна клаузула, каматна стапка од само 8% годишно и 50% попуст на административните трошоци.

Стопанска банка АД – Скопје во своите 66 години од постоење е на ваша страна и ќе останеме верни на таа заложба во иднина кога благодарение на врвните иновации секогаш ќе бидете први на ред и слободното време ќе го користите за себе.

 

 

09.06.2011

 

Соопштение за неработен ден, петок 10.06.2011

 

Почитувани клиенти,

По повод православниот празник Духовден, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат во петок на 10.06.2011. На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку банкоматите. e-banking и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


четврток, 26 мај 2011


Награда за најдобар истражувачки труд од Македонска берза 

На 12-та годишна конференција на Македонската берза беше доделена наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

 

 

31.05.2011

Известување до имателите на приоритетни акции на Стопанска банка АД - Скопје

Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД - Скопје (С.О.бр.200/27.05.2011 година, пречистен текст), Собранието на  акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 26-та седница одржана на 27.05.2011 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2010 година  (С.О. бр. 202/27.05.2011 година) и Одлуката за распоредување на добивката согласно Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2010 година  (С.О. бр. 205/27.05.2011 година), донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје  за 2010 година (С.О. бр. 206/27.05.2011 година).

Стопанска банка АД - Скопје (СБ) ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за 2010 година во бруто износ од МКД 36,00 по акција.


 

Скопје, 25.05.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Trash Fashion 2011

 

Стопанска банка АД – Скопје како значаен корпоративен субјект интензивно работи и на едукацијата за градење на еколошката свест особено кај помладите генерации кои ќе мораат да посветуваат уште поголемо внимание на животната околина во годините што доаѓаат. Пример за ваквата активност е и спонзорството на настанот Trash Fashion кој по повод денот на животната средина се реализира во МКЦ на 26.05.2011 година во организација на НВО - ОХО како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. 

Банката ги повикува клиентите при ажурирање на своите податоци (активност која е во тек за сите клиенти) да го додадат и својот e-mail преку кој во иднина ќе добиваат бројни корисни информации и податоци. Така на пример, наскоро клиентите ќе имаат можност за добивање на месечен извештај по електронска пошта уште на денот на негово формирање што комуникацијата ја прави современа и непосредна. Благодарение на овие новитети, Банката докажува дека ги следи модерните светски трендови и очекува значително да го намали користењето на хартија, загадувањето кое произлегува од транспортот на поштата како и значајно да го подобри сервисот кон своите клиенти

25.05.2011

 

Продолжува понудата за станбен кредит без административни и трошоци за проценка

 

По големиот успех на кампањата за станбен кредит која завршува на 25.05.2011 и на барање на клиентите Стопанска банка АД – Скопје одлучи да ја продолжи понудата до крајот на јуни со цел да им излезе во пресрет на клиентите кои  имаат потреба од купување на нов дом за своето семејство.

Согласно ова, сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит до 30.06.2011 ќе бидат ослободени од административни и трошоци за проценка. Оваа заштеда е особено значајна за клиентите на почетокот на користење на кредитот и претставува еден вид награда од Стопанска банка за направениот избор од страна на клиентот.

 

23.05.2011

Соопштение за неработен ден 24.05.2011, вторник

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Св. Кирил и Методиј, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во вторник, на 24.05.2011година.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку банкоматите, e-banking и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник 1ви Мај, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во понеделник, на 02.05.2011година.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку банкоматите, e-banking и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

21.04.2011

Велигден

 

Почитувани клиенти,

По повод Велигденските празници филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во периодот од 22 до 25 април 2011.

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку банкоматите, e-banking и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!


18.04.2011 година

Стопанска банка додели две вредни награди на традиционалниот Нова Базар


Во саботата на 16.04.2011 година, Стопанска банка АД – Скопје зeде активно учество на Фамилијарниот Базар во Интернационалното училиште „Нова“. Оваа традиција на Нова е целосно организирана со хуманитарни цели. Оваа година, сите собрани финансиски средства, ќе се донираат на Детската клиника во Скопје. Преку продажба на детски книги, забава, продажба на уникатни занаетчиски предмети, концерти, дегустација на интернационална кујна и преку лотарија се добиваа многу вредни награди, наменети за секого.

 

05.04.2011

Станбен кредит од Стопанска банка
БЕЗ административни и трошоци за проценка

 

Веќе подолг период македонските граѓани при изборот на финансиски партнер за купување на сопствен дом ја избираат Стопанска банка АД – Скопје. Ваквата доверба секако потекнува од долгогодишната традиција на стабилност, сигурност и најповолни услови кои Банката ги нуди, развива и прилагодува токму за своите клиенти.

 

 

04.04.2011

Весел 1 април со ПЧЕЛКА детското штедење

Оваа година го збогативме традиционалниот скопски маскенбал на Плоштад Македонија со нашата Пчелка, пријател на сите деца во Македонија. Сите деца присутни на Плоштадот имаа можност да се сликаат со Пчелка, да поиграат со неа и да добијат мал подарок.


 

31.03.2011

Денот на дрвото

 

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, на 31.03.2011г. (четврток) филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат.


Печати